Вака Лондон се подготвуваше за Олимпијадата

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.181
Поени од реакции
34.395
За два месеци, Олимпискиот оган ќе го започне своето патување од Лендс Енд - најзападната точка во Англија до новиот Олимписки стадион во Лондон. Свечената церемонија на отворањето на Олимпијадата која ќе се случи на 27-ми јули ќе го означи крајот на речиси десетгодишниот процес на подготовки - градење на нови спортски објекти, вежби за безбедност, организирање групи на волонтери и тестирање со цел се да биде како што треба.


Олимписките кругови на платформа под Тауер Бриџ


70.000 доброволци вежбаат на стадионот Вембли


Вака изгледаше Олимпискиот стадион во април 2009-та година


Во декември 2011 стадионот беше речиси завршен


На 5-ти март 2012-та стадионот и кулата „Орбита“ беа подготвени за спортистите


Трикратниот освојувач на златен медал Џонатан Едвардс позира со златниот медал изработен за претстојната Олимпијада


Базенот во Aquatics Center е речиси завршен и наполнет со вода за тестирање


Олимписките маскоти на игралиштето во училиштето Св. Павле во Лондон


Олимпискиот центар за водени спортови во Лондон


Кану центарот во северен Лондон


Лаборантите во новата антидопинг лабораторија, каде спортистите ќе бидат тестирани за допинг. 150 специјалисти во неа ќе работат 24 часа дневно


Поглед од воздух на арената Норт Гринвич


Олимпискиот стадион има капацитет од 80.000 гледачи
via Кајгана
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Лондон има одлична инфраструктура, но и тоа што требаше да се изгради го изградија релативно брзо, ама што е најбитно во никој случај не потрошија толку средства како што тоа го направи Кина во 2008., односно и самите признаа дека оваа Олимпијада не може да парира во однос на средствата на минатата... Сепак во Пекинг покрај лошата инфрастуктура им беа потребни години за изградба на објекти, изградба на метро станици, до олимписко село, нешто што на Лондон не му недостасуваше... Како и да е ќе биде ова мега настан, како одат годините на секој настан има по нешто ново.
А уште поинтересно е што на овие игри се забранети било какви ракувања на спортисти, пред и за време на одржување но и на церемонии за да се избегнат вирусни инфекции...
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Ќе биде интересно летоска да се гледа:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: едвај чекам да почне,па у двор,па пивце ладно...мераци:love:
Уште и кошаркарите и ракометарите да влезат, абе милина :)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209

Олимписките маскоти на игралиштето во училиштето Св. Павле во Лондон
Леле колку се грди само изгледаат како вонбрачно дете на ванземањец и Нокиа 3310.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.641
Поени од реакции
3.535
Стдаионот е далеку од завршен, го нема тоа најглавното на фасадата.Требаше најпрво да бидат лед-екрани ама најверојатно поради буџетот сеа ќе бидат само обични ленти во разни бои.Не ми е јасно, немаат пари за стадионот а имаат за да го изградат тоа чудовиштето до него.
hokstadium243.jpg
olympic-stadium.jpg


И само на мене повеќе ми се допаѓа изгледот на Водениот центар после Игрите одколку овој сега со глупаво насадените „крилја“ ?
_44838977_aq6.jpg
1604workbeginson2012olympicpool_pic1_IBVPC_17649.jpg
the-aquatic-center-is-almost-complete-with-the-last-tile-in-place-as-of-april.jpg
vs
aquatics-centre-one-year-to-go.jpg
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никогаш не сум била ептен загреана за Олимпијада. Гледам, ама никогаш не сум била нешто посебно возбудена. Оваа година друга песна ќе пејам. :icon_lol: Прво - Нашиве ако се квалификуваат - :vozbud:; Второ - Лондон е моја љубов прва :love: и многу ми е драго што годинава таму ќе се оддржуваат.:pipi:Поголем ќе ми е меракот да гледам.
 
S

Stivie G

Гостин
Ќе биде интересно во секој случај, уште поинтересно ќе биде кошаркарите и ракометарите да се пласираат а најинтересно ќе биде барем едно медалче(по можност злато) да се освои :vozbud: . Во поглед на организација најверојатно ќе биде послабо организирано, а исто така и во поставување на рекорди.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не, не одлично ќе е организирано, уште од сега волонтерите одат на пракси и обезбедувањето изведува проби по стадионите низ земјата и аеродромите по градовите. :)

This should be fun, спорт од 8 сабајле до 10 вечер :vozbud:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
London calling to the underworld
Come out of the cupboard, you boys and girls
Ова е дел од песната на легендарните The Clash;) подобро место за олимпијада(многу субјективно е ова:D ) и ваква фантастична инфраструктура немам видено. Секоја им чест:cuc:
Ќе може некој да сподели инфо за гимнастика, пробувам да најдам нешто ама слабо ми оди, ја сум голем фан на Романците во гимнастика :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Никој не го спомна главното бе... времето. Европска сатница и цел ден спорт.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom