Бучко заработи кривична пријава

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Бучковски првообвинет за набавката на делови за тенковите

Кривична пријава за екс премиерот Бучковски. Финансиската полиција го товари дека ја оштетил касата на Министерството за одбрана за три милиони евра.
Ја злоупотребил службената должност кога бил министер за одбрана, затоа што во октомври 2001-ва склучил договор меѓу Министерството и „МЗТ ФОП“ за набавка на резервни делови за бугарските тенкови. Со тоа одбраната и должела на „МЗТ ФОП“. Но наместо таму, парите завршиле на друга сметка.
„Пријавените незаконски извршиле префрлање на паричните средства на жиро сметка на друга фирма со која Министерството за одбрана немало никакви должничко-доверителски односи, немала склучено договор за цесија, ниту пак, таа учествувала во судскиот спор како тужител“, рече Мартин Мартиновски, портпарол на Министерство за финансии.
„Значи, пријавените лица за себе прибавиле имотна корист од околу три милиони евра, со што го оштетиле буџетот на РМ“, додаде Мартиновски.
Според пријавата на финансиската полиција, Бучковски и директорот на „ФОП“ Петковски имале намера префрлените три милиони евра да ги присвојат.
Инспекторите на Министерството за финансии утврдиле дека директорот на „МЗТ ФОП“ фиктивно ги подигал парите наместо од сметката на својата фирма, од сметката на фирма со слично име „МЗТ преносници“. Обвинителството ја прифати оваа кривична пријава, а судот отвори истрага.
Синоќа за ова дело на директорот на „ФОП“ му беше изречен притвор од 30 дена, а исто толку доби и генералот Стамболиски, кој се сомничи дека ја оштетил државната каса за 1,8 милиони евра со штетниот договор за набавка на резервните делови за бугарските тенкови со „МЗТ ФОП“.
Бучковски е на одмор во Грција, но вели дека не бега од соработка со истражните органи.
„Последните два дена имаше многу шпекулации. Веројатно некој го искористи моето отсуство што заминав на одмор и ќе биде неопходно да го прекинам мојот одмор и да соработувам во оваа истрага, затоа што веќе за „МЗТ ФОП“ во периодот од септември 2002-ра до јули 2003-та се водеше постапка во обвинителството и обвинителството ја отфрли кривичната пријава од МВР за сторената злоупотреба на службената положба“, изјави Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана.
„Сега ова е нова кривична пријава за која говорите и ќе биде неопходно во моментот кога ќе ја добијам поканата пред истражниот судија да го дадам својот исказ, затоа што во меѓувреме треба да се знае дека по моето заминување од Министерството за одбрана во ноември 2002 година дојде до раскинување на договорот со „МЗТ ФОП“ додека министер беше Владо Поповски“, рече Бучковски.
„По моето повторно стапување на должност доаѓа до повторно актуелизирање на случајот, каде што се вклучува и Јавното правобранителство. Затоа ќе треба внимателно да се проследат сите документи, да се види од каде е сега овој основ и овие основани сомневања кои сега ги истакнува финансовата полиција и МВР“, вели Владо Бучковски.
„Во секој случај, како и досега, во интерес на пронаоѓање на вистината Владо Бучковски ќе биде кооперативен, и покрај бројните шпекулации за политичка ликвидација или за какво било негово отстранување. Како што денеска шпекулираат некои, од процесот што се води во Хаг против Љубе Бошкоски, каде што јас на крајот од месецот требаше да сведочам“, изјави Бучковски.
Во меѓувреме, обвинителството побара од судот да упати барање до Собранието за симнување на пратеничкиот имунитет на Бучковски. Во Собранието потврдија дека барањето е стигнато и дека ќе се разрешува во иднина.



Се надевам дека и до Хаг ќе стигне :pop:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A jas mislam deka si gi brcka nodzinjata vo nekoe toplo more so mladata si nevesta i muva ne go lazi...:):)!!!
Macedalien...tenkovite se veter i magla...samiot fakt sto nikoj ne gi postavuva vistinskite prasanja , pokazuva deka ili neznaat kako ili NESMEJAT...NEZNAM OD KOI PRICINI:):)!!
Tri miliona evra se samo tri zetoni na masata na koj se igra poker partijata.....
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Во Собранието заседава Мандатно-имунитетната комисија, која треба да одлучи дали ќе му го одземе имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, екс премиер, некогашен министер за одбрана и поранешен лидер на СДСМ.
Ова уследи по кривичната пријава која денеска беше соопштена, во која тој се товари за злоупотреба на службената должност заедно со директорот на „МЗТ ФОП“ Митре Петковски, кој синоќа доби 30-дневен притвор за ова дело, а заедно со него и поранешниот началник на Генералштабот, генерал Методи Стамболиски, кој исто така заврши со 30-дневен притвор за слично дело и штета на буџетот од 1,8 милиони евра.
Јавното обвинителство попладнево побара од судот, а судот пак, од Собранието да се состане оваа комисија за да одлучува по имунитетот на Бучковски, по што следеше итно заседание кај претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.
„Во случајот ние сега се договаравме со членовите од комисијата, со оглед дека Собранието нема да одржи седница пред 21 август, со она што и претходно добивме писмено известување, останува задачата на комисијата“, рече Светлана Јакимова, претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.
„Комисијата ќе го разгледа барањето и носи одлука, во смисла ќе го одобри барањето за притвор, односно нема да го одобри. Со таа одлука што ќе ја донесе комисијата го известува судот. Понатаму дејствијата се на судот, комисијата ја завршува својата задача“, додаде Јакимова.
Какво ќе биде решението на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, се уште не се знае. Колку ќе трае седницата, исто така не се знае.
Да потсетиме, на пратеникот Љубе Бошкоски му беше одземен имунитетот за време на претходната Влада на СДСМ. Во тој случај, иако во тоа време имаше реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој беше уапсен.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Одземен пратеничкиот имунитет на Бучковски

Одземен е пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски, потврди за А1 претседателката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Светлана Јакимовска.

Доцна синоќа власта и опозицијата имаа различни мислења околу завршетокот на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, откако претседателката на комисијата Светлана Јакимова го стави на гласање предлогот на една од своите колешки од ВМРО-ДПМНЕ да се одобри изрекување мерка притвор за Владо Бучковски, со што всушност му се одзема имунитетот.
Пратениците на СДСМ реагираа остро и бурно.
Претседателката Јакимова сметаше дека со 6 гласа за предлогот, комисијата му го одзеде имунитетот на Бучковски. Гласаа пратениците од владејачката коалиција. Пратениците од опозицијата ова не го прифатија, нарекувајќи дека тоа е грубо кршење и на деловникот и на човековите права.
По ова следеше жестока расправија. Потоа комисијата побара од собраниските служби да ги преслуша аудио записите од седницата, по што пратеничката група на СДСМ собра 20 потписи за свикување итна собраниска седница на која ќе се расправа околу имунитетот на Бучковски.
„Ова е веројатно најголемото грубо кршење на демократијата во Република Македонија, кадешто и покрај неисцрпена расправа и покрај пријавени десетина дискутанти, претседателот на комисијата се дрзна да на еден предлог од ВМРО-ДПМНЕ само се гласа. Ние доколку тоа не се почитува ќе бидеме приморани да ги преземеме сите правни механизми и инструменти кои стојат на располагање. Ќе поднесеме кривични пријави против коишто учествуваа во овој груб фалсификат и во ова кршење на демократијата во Република Македонија“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.
„Всушност целиот овој заговор е една голема пресметка која се случува внатре во ВМРО-ДПМНЕ, а за жал страда Република Македонија и конкретно Владо Бучковски. Не бегам од распит, јас се обидов и без овој циркус, уште во текот на вчерашниот ден и денеска да дојдам на распит и врз основа на тој исказ што ќе го дадам да се проценува дали има потреба да се свикува комисијата. Овде е направена серија на преседани и серија на погрешни потези. Не може, условно речено, другите осомничени да бидат привилегирани“, изјави Бучковски.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Pa Bucko ke treba ili sto poskoro da go zgazi sleper ( so site rizici po soferot..i sopstvenikot )....ili ke vlezat ova diletantive vo proces od koj ke se ispili sleperot sto ke gi zgazi .....
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
148
Поени од реакции
0
Izvinete ama ako dobro ste go slusnale baranjeto od istrazniot sudija koe glasese vaka: Se bara odzemanje na imunitetot na pratenikot poradi osnaovano somnenie deka obvinetiot izvrsil zloupotreba na sluzbenata dolznost. Prvo istrazniot sudija nema takvo ovlastuvanje da dostavuva baranje do sobraniskata komisija(takvo ovlastuvanje ima sudot-procitajte go zakonot na RM). Vtoro, paradoks - kako moze vo ista recenica da se kaze deka nekoj e obvinet poradi osnovani somnenia za izvrsuvanje na krivicno delo(toa se kazuva samo so cvrsti dokazi) i treto vakvi baranja nikoj nema pravo da objavuva javno(procitajte go Ustavot)
 
T

tino097

Гостин
Или овие стварно почнаа да работат или нешто друго се мати и ни го одземаат вниманието.
Од толку многу неспособни функционери досега сепак морам сеуште да бидам скептичен во однос апсење на колеги по функција
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бучко напиша:
Не може, условно речено, другите осомничени да бидат привилегирани
А кои се други осомничени кои се привилегирани?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Гаргамел ќе лежи кај Душкало! :)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Па тоа на сликата Бучко од село Волковија пуштил брадиче?!?
Некоја летна шема за во затвор:) да не го препознаат оние кои многу многу го "сакаат".
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Vladata prolupa.

Vakva glupost mozat samo Hari(za Ljube) i Carli(za Bucko).
Iako znaat deka nemaat dokazi uporno si terale po svoe,pa ne go pustale na sednica,pa taa nedovrsena,si izglasale to sto im bilo naredeno...
Najnovo sudikata si zela odmor...
Steta za Vmro na koe nivo dojde...

No ima i nesto dobro.Vo nedostatok na reformi i rezultati,apsenje na bivs premier e dobra poraka i za Nato i za EU.
 

Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
Па тоа на сликата Бучко од село Волковија пуштил брадиче?!?
Некоја летна шема за во затвор:) да не го препознаат оние кои многу многу го "сакаат".
Нова жена - но имиџ:baeh:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vladata prolupa.


..............Steta za Vmro na koe nivo dojde...

......................No ima i nesto dobro.Vo nedostatok na reformi i rezultati,apsenje na bivs premier e dobra poraka i za Nato i za EU.
Mislis za da ima odgovor ZOSTO NEMA DA IMA NI NATO NI EU ??.....Duri koga ke razmislam dobro pa ova mora da go smislil gazdata na Fuere, a ovie se fatile ko pijani za plot...ili posoodvetno e : DAVENIK ZA SLAMKA....ili navistina tolku im e kapacitetot? :):)!!!
Koj ti go znae : bomo videli...:)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
148
Поени од реакции
0
Se e dobro isplanirano. Sobranieto e na odmor pa komisija odlucuva. Zasto bas sega e ova napraveno zasto ako imaat cvrsti dokazi tie dokazi ke postojat i koga sobranieto povtorno ke zasedava pa toa da odlucuva
 
Член од
4 јануари 2006
Мислења
129
Поени од реакции
0
Vo nedostatok na reformi i rezultati,apsenje na bivs premier e dobra poraka i za Nato i za EU.
Точно. Европа и НАТО налагаат справување со криминал и мафија. Воспоставување на правна држава и општоважечки закони. Еве им, нека гледаат, а ако сакаат имаме уште, за извоз...

Него со тоа офците на Бучко што направија? Ќе има ли нешто и за таа работа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom