O
Orion.
Гостин
Ова е интересен и многу редок феномен за кој не ни бев свесен дека постои. Како информација верувам дека вреди да остане во соодветниов подфорум.
Свесноста за време на анестезијата или непосакувана интра-оперативна свесност, е исклучително ретка состојба која се појавува за време на општата (целосна) анестезија кај пациент поставен на оперативен стол. При вакви случаеви анестетиците кои се употребуваат за да пациентот се доведе во несвесна состојба на длабок сон, во која нема да чувствува болка, да слуша звуци итн, не се ефективни, додека оние кои го парализираат пациентот се ефективни. Тоа значи дека пациентот е неспособен да направи било какво движење, или да зборува, но е буден, т.е. свесен до некој степен, слушајќи ја и чувствувајќи ја целата процедура.
Исто така може да се јави и во единиците за нега на пациентите после анестезија или во единиците за интензивна нега, каде пациентите се чуваат седирани, транквилизирани или понекогаш парализирани (и интубирани) и се поврзани со систем за одржување во живот (респиратор), чекајќи ја нормализацијата на нивната моментална состојба.
Статистички податоци
Свесноста за време на општата анестезија се јавува кај 20.000-40.000 пациенти на 20.000.000 операции, изведени во Соединетите Американски Држави (помеѓу 0.1-0.2%) кога пациентите добиваат анестезија која не е доволна да ги држи во бесвесна состојба за време на операцијата. Во оваа ситуација, пациентот може да чувствува болка или притисок од операцијата, да ги слуша разговорите, иако неможе да дише.
Пациентот може да биде неспособен да го покаже физички овој стрес поради давањето на мускулни релаксанти (кои ги парализираат мускулите). Доколку свесноста за време на анестезијата сепак се случи, околу 42% од лицата кои ја доживеале оваа несреќа чувствувале болка за време на операцијата, 94% доживуваат панични напади/анксиозност, а 70% имаат долготрајни психолошки проблеми.
Во некои случаи, пострауматскиот стрес може да се јави после интраоперативната будност, што побарува психијатриска помош за одреден период.
Постојат две состојби на свесност:
Инциденцата на овие две состојби со различни степени е секако можна.
Доживување на свесност/будност за време на анестезија
Најтрауматските случаи на будност за време на анестезија е целосна свесност за време на операцијата со чувство на болка, и сеќавање на настаните после операцијата. Во помалку тешки случаи, пациентите може да имаат само сиромашна колекција на разговори, настани, болка, притисок или потешкотии со дишењето.
Доживувањата кај пациентите кои се свесни за време на анестезија варираат. Овие доживувања може да бидат екстремно трауматски за пациентот или воопшто да не претставуваат траума.
Ризик фактори/Причини
· Употреба на паралитички мускулни релаксанти
Мускулните релаксанти се употребуваат за време на општата анестезија со цел парализа на мускулите за да се овозможи трахеалната интубација, хируршка работа и механичка вентилација. Паралитичките релаксанти не предизвикуваат состојба на бесвест или анелгезија (обезболување).
Целосно парализираниот пациент е неспособен да мрда, зборува, или да трепка со очите, или на било кој друг начин да одговори на болката, освен преку физиолошките знаци – тахикардија (забрзување на срцевата работа), хипертензија, дилатација на зениците (мидријаза), потење (дијафореза), солзење од очите (лакримација) итн... Ова се случува поради тоа што паралитичните мускулни релаксанти не интерферираат со функцијата на автономниот нервен систем. Иако пациентот неможе директно да го сигнализира стресот кој го доживува поради болката, сепак може да покаже знаци кои се детектираат со помош на клинички мониторинг.
· Површна анестезија
Ова значи употреба на помала доза на лекови преку интравенска линија или инхалација, која понекогаш за некои хируршки операции е потребна и е корисна поради тоа што не води до екстремен пад на крвниот притисок, но за жал често е причина за будност/свесност кај анестезираното лице.
· Несоодветна опрема или анестезиолошка грешка
Анестезиолошките грешки потекнуваат од неадекватното дозирање, неадекватен мониторинг, или пак непознатост на техниките кои се користат, или пак неискусност на анестезиологот.
Со цел да се редуцира свесноста кај анестезираното лице, анестезиолозите треба да бидат адекватно тренирани или пак набљудувани додека се обучуваат. Опремата која ја мониторира длабочината на анестезијата, како биспектрален индекс мониторинг, не треба да се користи во изолација.
· Фактори кои потекнуваат од страна на пациентот
Можни причини за свесноста за време на анестезија вклучуваат толеранција кон лекови, или толеранција предизвикана од интеракција со други лекови. Некои пациенти може да бидат порезистентни на ефектите на анестетиците отколку останатите. Помлада возраст, гојазност, пушење, или долготрајно користење на лекови (алкохол, опијати или амфетамини) можат да го зголемат ризикот на анестетичките дози потребни да ја доведат индивидуата во бесвесна состојба.
Ова може да бидат генетички варијации кои предизвикуваат разлики во брзнината на метаболизирањето на анестетиците, а може да постојат и разлики во однос на реакцијата кон анестетиците помеѓу половите. Како интересен статистички заклучок е дека на црвенокосите им е потребна поголема доза на анестетици. Анксиозноста, доколку е поизразена кај пациентите пред операцијата може да биде потреба за поголемо дозирање на лековите со цел да се спречи предвемено будење од анестезија.
Превенција
Ризикот од свесноста се редуцира со едноставни чекори на добра клиничка пракса, добро обучен персонал, избегнување на паралитички релаксанти освен ако е неопходно, внимателно проверување на лековите, дозите и опремата, добар мониторинг, и внимателно испитување на секој случај посебно.
Автор:
Д-р Елена Јовановска
Специјализант по Анестезиологија, Реанимација и Интензивно лекување

- Свесност – пациентот знае дека чувствувал болка за време на операцијата, но постоперативно неможе да се сети на случувањата.
- Меморизација и сеќавање на непријатната ситуација. Пациентот мошне добро може да ги опише случувањата во постоперативниот период, но не е доволно свесен за да одговори на командите.