Оваа објава е за сите кои имаат добиено указ и се прашуваат за следните чекори. Не ви е потребно воопшто да давате пари по посредници.
После добивање на статус "Вашата преписка е вклјучена в Указ XXX от XXXX год. Можете да резервирате час, за да получите удостоверението си лично. Можете да направите нова резервација само ако сте пропуснали п'рвата резервација.", закажувате време кога ви одговара за земање на указот.
Ова е чекор-по-чекор правилник за земање на указот и останатите документи, при одење во Софија.
Потребни документи за земање на указот се:
- 2 слики во пасошки формат
- Платена такса на BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01 во вредност од 50 лева. Најефтино ви е плаќањето кај местата што поддржуваат EasyPay плаќање. Дополнително од тие 50 лева, земаат 1.25 лева такса што ви уплаќаат за вас. Плаќањето мора да е во кеш. Листот со потврдата од плаќањето го земате како доказ за успешна уплата.
- 2 листа кои треба да се пополнат и ви ги даваат при земање на указот. За адреса пишувате Столична обштина – рајон „Средец“ – гр. Софија 1000, ул. „Леге“ № 6
- Ископиран лист од резервацијата за вашиот термин којшто сте го резервирале. Потврдата ја добивате на вашата емаил адреса.
Адресата за земање на указот е министерството за правосудие кое се наоѓа на:
- Ул."Славјанска"1, 1040 Софија
Откако ќе го земете указот, одите во општината која сте се пријавиле на адреса. Во горниот случај, пријавени сте на Леге 6, во општина Средец. Тука се пријавувате на адресата и аплицирате за бугарски матичен број (ЕГН).
Потребни документи за пријавување на адреса и аплицирање за бугарски матичен број (ЕГН):
- Извод од матична книга на раѓање од Македонија и превод на бугарски јазик. Ако го преведувате во Македонија, тогаш ќе треба во амбасада да се легализира. Ако го преведувате во Софија, агенциите за превод го носат на нотар за заверка. Најдете онлајн агенција за превод, за кога ќе одите во Софија, преводот да биде спремен. Ќе им го испратите по Вибер и таму во живо ќе го подигнете преводот. Обично е 15 лева за превод по страна. Од преводот ќе направите 3 копии во некоја продавница со копир. Копирните служби во Бугарија ги викаат Ксерокс. Во општината треба да ви го земат вашата копија од извод.
- Копија од указот, кој ви го даваат во министерството за правосудие
- Две копии од пасошот македонски (или пасошот кој го поседувате)
- Доколку сте во брак, оригинал венчаницата треба да биде преведена и 3 копии од преводот ископирани.
Адреса на општина Средец е:
- „Леге“ № 6, гр. Софија 1000
Таму ќе ви дадат 3 формулари кои треба да ги пополните. Трите формулари се: адресна карта за настојашт адрес, зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Во формуларот за настојашт адрес, ќе напишете Р. Македонија, како ваша адреса. Во формуларот за постојанен адрес, ќе ја запишете адресата која ја напишавте во Правосудие, во случајот, Столична обштина – рајон „Средец“ – гр. Софија 1000, ул. „Леге“ № 6.
Плаќате 30 лева на каса во кеш за услугата, без дополнителни трошоци, како трошокот спомнат погоре од EasyPay.
Потврдата за адреса и ЕГН излегува од пет од седум дена. Во случајот да имате некој познат во општината, можете да се договорите да ви биде излезен за еден ден.
Во случај да ви биде излезен за еден ден, треба да преноќите во Софија, и следниот ден да го подигнете. Во спротивно, се враќате и за пет до седум дена го подигнувате.
Следен чекор е сликање за лична карта и пасош. Сликањето можете да го направите во Софија или во било која амбасада или конзулат на Бугарија во светот.
Цените за вадење на лична карта и пасош, во конзулат или амбасадата чинат 71 евро и се чека од месец и пол до два месеци да бидат испратени и земени од вас.
Во случај да преспиете во Софија, одите директно во дирекцијата за вадење на лични документи на МВР во Софија, кое се наоѓа на адресата:
- бул. „кнјагинја Марија Луиза“ 91, 1202 Цент'р, Софија
Потребно е да ги имате следните документи за издавање на лична карта и пасош:
- Потврдата добиена од општината, која го има и вашиот ЕГН број (удостоверение за постојанен адрес)
- Копија од указот
- Копија од вашиот пасош (македонски или сл.)
- Извод од матична книга на родени оригинал со превод. Во општината давате една копија од оригиналниот превод, а тука го давате оригиналот и негов превод, заверен на нотар.
Таму ви даваат, зајавление кое треба да се пополни на лице место и треба да се плати на каса во полицијата, зависно по која постапка одите.
Цените за вадење на лична карта и пасош во Софија и брзината на нивното издавање се:
- 36 лева - Лична карта за 3 дена (за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
- 80 лева - Пасош за 3 дена (за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200 лева)
Вкупно 116 лева, ако го земете пасошот за 3 дена (за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева).
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса:
- 50 лева - За подигнување на указ
- 30 лева - За адреса и ЕГН во општина
- 30 лева - За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева.
Сите информации ви се напишани тука, не е потребно да фрлате пари по посредници.