Пост за тие што сме на дополнителна /2014 и /2015.
- Од протоколите во кои се наоѓаат броеви со /2014 останаа да се стават на финална уште некои 250 броеви. ( од 8400 до 10000) Не може да се претпостави до кога ќе бидат ставени, има денови кога ставаат по 10-15 броја на финална, има денови кога ставаат и по 40, има денови и кога нема никакви промени. Немојте со муабетиве не одат по ред, буквално број по број ставаат од дополнителна на финална! Може да ги довршат до крај на Септември, може ќе ги влечат и до Нова Година...
- Од 10000/2014 па нагоре, и до 8000/2015 сигурно има ставено исто на дополнителна , но тие броеви ги нема во протоколи, така да не можеме да знаеме колку се точно. Но претпоставка е дека не се многу , протоколи се прават тогаш кога секој втор го ставаат на дополнителна...
- Е после овие сме ние од протоколот /2015. Од 8000 некаде почнува па се до скоро 13000 и неколку од /2016 броеви. Вкупно беа околу 2100 броја, но има многу броеви кои се со завршена постапка таму (околу 500 грубо). Јас сум скоро последен таму. За овие броеви не можеме да видеме на веб страната дали има промена на финална , сите се со пинови, така да би било убаво некој со тие првите бројчиња од 8000-9000 да се пофали кога ќе биде ставен на финална за сите други да знаеме дека скоро ќе биде и за нас.
- Многу се врти тој муабет и од посредници , и од вработени во Правосудие на шалтер што сте прашале дека до крај на година сите од протоколите ќе не стават на финална/ ќе не разгледат. Од искуство знаеме дека не може на ништо да се верува, така да останува да се надеваме дека ќе почнат забрзано да работат и дека нема да има избори барем уште година дена дур не не разгледат. Најреално е во текот на цела наредна година да не поминат сите што сме на дополнителна.