Денеска ја слушнав изјавата на Борисов каде вели дека доколку нивниот кандидат на претстојните претседателски избори не успее да влезе во втор круг, владата ќе се распушти со цел да се распишат предвремени парламентарни избори.
Ако се земе предвид дека во време на избори посебно парламентарни се замрзнува постапката за државјанство ова е многу лоша вест за сите што се во постапка и процедура за државјанство. Ова дотолку повеќе што доколку се избере нова власт во БГ немаме никаква идеја каков курс на политика ќе завземе новата власт во однос на Македонија и издавањето на државјанства. Посебно имајќи ги предвид последните политички случувања (кршење плочи и сл.)
Што значи претседателските избори во БГ ќе станат многу поинтересни за пратање споредбено со оние во МК.
Барем за оние во процедура за државјанство.
Ова онака, информативно.