Македонеро
Домаќин
- Член од
- 15 декември 2008
- Мислења
- 3.491
- Поени од реакции
- 1.872
Бугарското негирање на Македонците во најдосадните на „Економист“
02.04.2010 - 20:04 |
Лондонскиот магазин „Економист“ го вброи бугарското негирање на македонската нација во „водичот за најдосадните спорови“ во поранешните комунистички држави.
Статијата е своевидно продолжение текстот во „Економист“ за грчкиот проблем со името на Македонија, кој магазинот го опиша во ироничен тон и побара ставање крај на „најздодевниот спор на Балканот“.
Статијата за Македонија, која беше наречена „земјата која не може да биде именувана“ и Грција, која поради долговите и кризата доби име „земјата на која и треба помош“, стана најкоментираната информација на вебсајтот на магазинот.
-Това не се должи на брилијантноста на исказите или на луцидноста на аргументите. Темата беше едно од оние прашања, кои предизвикуваат слепи приврзаници, паничари или полемичари, кои ја губат допирната точка со вистината, логиката и учтивоста, пишува влијателниот британски магазин.
Бившиот комунистички регион постави висок стандарт за вакви прашања, така што епитетот не треба се разгледува лесно.
„Економист“ нуди водич кон споровите за аутсајдери. Сите аргументи подоле се а) историски се навидум вистинити и б) ги многу ги лутат најголем дел од странците, пишува весникот. Меѓу нив е и бугарското негирање на македонската нација, кое накусо е опишано вака:
„Бугарија/Македонија - Од определена бугарска националистичка гледна точка, идејата за дискретен македонска идентитет или јазик е нонсенс – како да дефинирате ‘тексашанец’ за етничка категорија во Америка. Југословенска Македонија беше историски инцидент и колку побрзо се присоедини кон Бугарија, толку подобро. Потоа ќе дојде време за ослободување на браќата Словени од северна Грција“.
Следат слични примери: дека голем број Романци ја сметаат Молдавија за „загубена провинција“, дека за словачките националисти идејата за унгарско етничко малцинство е „апсурдна“, па споровите меѓу Литванија и Полска и Украина и Полска.