interesna vest od kaj sosedite
Расцеп во партијата на Каракачанов
Раскол се случи на конгресот на бугарската партија ВМРО, чиј лидер е ултранационалистот и негатор на македонската самобитност, Красимир Каракачанов. Околу 300 делегати, речиси половина од присутните, го напуштија конгресот на кој се избираше нов лидер на партијата, незадоволни од начинот на кој Каракачанов ја водеше партијата. Приврзаниците на градоначалникот на Пловдив, Славчо Атанасов, кандидат за лидер, заминаа од собирот критикувајќи го управувањето со партијата. Тие нагласија дека партијата станала безначаен фактор во политичкиот живот во Бугарија.
Останатите делегатите сепак го избрале Каракачанов за лидер и тој изјави дека расцепот нема да значи крај на партијата.
utrinski