Бугарите стануваат малцинство во Бугарија

Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Ова сум го напишал пред 1година и 4 месеци (колку брзо одат деновите, како вчера да беше)

Овие денови излегоа резултатите од пописот во Бугарија , се случи тоа што јас велев , бугарите не се загрозени од турците и ромите.

Според резултатите , на 1 февруари 2011 , Бугарија имала 7.364.570 жители ( - 564.331 во споредба со 2001 година).
Од кои 84.8% се бугари , 8.8% , 4.9% роми ..... 1.654 (илјада шестотини педесет и четири) македонци.

77.5% од етничките бугари живеат во урбани средини.

55.4% од ромите

само 37.7% од турците.

Ако во Бугарија околностите се како во Македонија , тоа би значело дека турците не се добро интегрирани во Бугарија , пошто и во Македонија албанците немале што да бараат по градовите , не можеле да се вработат по државните фабрики и институции.

=

Бугарите се мнозинство во сите дистрикти , освен во Карџали и Разград , каде има мнозинство турци.

Турците освен во овие две дистрикти , живеат и во : Трговиште , Силистра , Шумен , Добрич , Русе , Бургас.

Дистрикти каде има најмногу бугари:

Софиа(град) : 96.4%
Перник : 96.4%
Ќустендил: 92.9%
Враца: 92.7%
Габрово: 92.2%
Над 90% уште и во : Велико Трново , Видин , Ловеч , Плевен , Смолјан.

Дистрикти каде има најмногу турци:

Карџали : 66.2%
Разград 50%
Силистра 36.2%
Трговиште 35.8%
Шумен 30%
Добрич 13.5%

Најмногу роми:

Монтана 12.7%

==

Структура на населението , возраст и етничка припадност:

0-9 (годишна возраст) учествуваат :

бугари: 72.9%
турци: 10.6%
роми: 12%

10-19

бугари 77.2%
турци 11.7%
роми 9.7%

20-29

бугари 81.5%
турци 10.3%
роми 6.8%

60-69

бугари 90.1%
турци 7%
роми 1.8%

Што значи дека бугарите се постари , а ромите најмлади , со големо учество кај младите и ниско кај старите.
Но секако дека далеку се бугарите од било каква опасност да станат малцинство во Бугарија (смешно).

Максимално што можат да паднат бугарите , со овој моментален ритам , е на 73% , но и тоа после 70 години , не во блиска иднина.
Сосема погрешни заклучоци правиш. Ромите и Турците се најмногу од 10 до 19 години, помалку од 20 до 29 и најмалку од 60 до 90 затоа зашто просечната продолжителност на животот меѓу нив е помал од колку на Бугарите. Односно просечно умират помлади.

Според статистиката само 5% од Ромите достигнуваат пензионирање, а најголема смртност имаат меѓу 40 и 49 годишна возраст.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom