Бременоста и негата

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Првото тримесечје од бременоста

1 НЕДЕЛА

Вие: Дали знаете дека за прв ден од вашата бременост се смета првиот ден од вашата последна менструација? Да, веќе тече првата недела од вашата бременост, а вие се уште не сте бремена. Звучи збунувачки нели? Да се обидеме да објасниме.

Вашиот доктор ја пресметува датата на која треба да се породите, врз основа на првиот ден од вашата последна менструација. Оваа дата се користи затоа што повеќето жени не знаат кога им била последната овулација.

Има и друга логика за употребата на точно таа дата: Секогаш кога имате менструација, вашето тело се подготвува за бременост, т.е. секоја менструација за телото значи подготовка за потенцијална бременост. Помеѓу 10 и 100 јајца почнуваат да созреваат и најчесто само едно од нив станува доволно зрело за да биде оплодено кога вие сте во овулација. Ако зачнете, таа јајце-клетка ќе ви го донесе вашето бебе.

Доколку се обидувате да зачнете, следете ја вашата базална температура. Мерете ја секое утро и запишувајте ја секоја промена. Во текот на овулацијата температурата се зголемува за 0,2 до 0,4 Целзиусови степени. Тогаш вашето тело е подготвено за оплодување.

Вашето бебе се уште не е зачнато и сега е време вие да му обезбедите здрави услови за развивање:

Консумирајте повеќе здрава храна богата со витамини.
Воздржувајте се од консумирање на алкохол, цигари и други наркотични средства.
Ако примате лекарства, консултирајте се со доктор за да ви каже дали да продолжите да ги пиете во текот на бременоста.
Продолжете да вежбате умерено. Ако досега не сте вежбале – започнете. Така вашето тело ќе добие повеќе енергија и ќе можете да ја одржувате вашата телесна тежина во бременоста.
Започнете да консумирате витамини кои се добри за бремени жени: со повеќе железо, фолна киселина и калциум.
Јадете разнообразна храна. Консумирајте повеќе зеленчуци и овошје.

2 НЕДЕЛА

Вие: Додека вие го подготвувате вашето тело за тоа да може да создаде услови за нормално развивање на фетусот, тоа се подготвува за овулација. Зачнувањето најчесто се случува на крајот на втората или во почетокот на третата недела, од првиот ден на вашата последна менструација. Менструалниот циклус варира од 28-36 дена, но најчесто трае 28 дена.

Околу 14-тиот ден настанува овулацијата. Од јајниците се ослободува созреана јајце-клетка која е подготвена за оплодување. Јајце-клетката се повлекува во јајцеводот и таму живее 24 часа. Во тој период ако сперматозоидот (машката полова клетка) успее да ја пробие обвивката на јајце-клетката настанува оплодување.

Некои мајки тврдат дека чувствуваат дека се бремени уште од првиот момент. Но, не е секогаш така. Вие најверојатно не знаете, но во вас веќе расте вашето идно бебе.

3 НЕДЕЛА


Најверојатно ќе дознаете дека сте бремена во 4-та или 5-та недела.
Вие: Ако чувствувате замор или сте убедени дека градите полека ви се зголемуваат во третата недела, можеби не е се само ваша фантазија и вие веќе станувате мајка. Овие симптоми се првите знаци за бременост. Исто така може да имате и промени во расположението и потреба за често мокрење.

Иако вие во овој момент не знаете со сигурност или воопшто не се сомневате, во вас се развива нов живот.

Вашето бебе: По зачнувањето оплодената клетка започнува да се дели и размножува и го започнува своето патување до матката. Во третата недела оплоденото јајце пристига и „се населува“ во задебелените ѕидови на матката.

Кон крајот на ова недела во вашето тело ќе започне да се создава HCG хормонот. Неговото присуство се детектира од тестовите за бременост и на тој начин вие за прв пат ќе добиете сигурен одговор на прашањето дали сум бремена.

4 НЕДЕЛА

Вие: Во текот на оваа недела ќе забележите дека ви доцни менструацијата. Ќе се чувствувате уморни, вашите гради ќе бидат почувствителни на допир и почесто ќе го менувате расположението. Можеби сето тоа ќе му го препишете на предменструалниот синдром, но ако направите тест за бременост ќе ја дознаете вистинската причина за појавата на тие симптоми.

Вашето бебе: Ако досега не сте се подготвувале за бременоста и сето ова не сте го планирале, време е да започнете. Вашето бебе сега е неразделно поврзано со вас. Вашето здравје и храната која ја внесувате влијаат врз него.

5 НЕДЕЛА

Вие: Иако сте бремена веќе 4 недели, најверојатно ќе разберете за тоа во петтата недела. Честито! Можеби ќе ви изгледа нереално, но вие ќе станете мајка, затоа започнете да се грижите повеќе за себе. Само така ќе му помогнете на вашето бебе да се развива нормално. На секоја просечна бремена жена потребни ѝ се дополнителни 300 калории во дневното мени. Обидете се да ги внесете преку здрава и разновидна храна.

Вашето бебе: Во меѓувреме додека вие го подготвувате вашиот оброк со здава храна, во вас се формираат виталните органи на вашето бебе – срцето, белите дробови, црниот дроб, бубрезите, тироидната жлезда и панкреасот. Нема да верувате, но и покрај целиот овој процес на развивање, вашето најмило е големо од 1,5 до 2,5mm.

6 НЕДЕЛА

Вие: Во текот на шестата недела значително повеќе ќе чувствувате гадење, затоа што нивото на хормоните во телото расте. Иако се нарекуваат утрински мачнини, тие можат да продолжуваат во текот на целиот ден. Овој симптом на бременоста ги измачува скоро половината бремени жени и најчесто трае до почетокот на второто тримесечје. Вашите гради ќе растат се повеќе, за да бидат подготвени за идното доење. Ареолите на брадавиците може да станат потемни и да се зголемат.

Вашето бебе: Во текот на оваа недела фетусот почнува да се оформува. Главата е повидлива, а се познаваат и мали точки каде што ќе се развијат очите и ушите. Вашето бебе е долго 3-5mm. Во текот на оваа недела се формира невралната туба, од која се развиваат мозокот и рбетот. Црниот џигер и бубрезите се развиваат забрзано, а циркулацијата на крвта веќе е видлива.

7 НЕДЕЛА

Вие: Промените на нивоата на хормоните може да се одразат на вашето лице. Одржувајте добра хигиена на лицето, за да не се почувствувате повторно како адолесцентка. Ако консумирате витамин B6 за да ви помогне со утринските мачнини, ќе забележите дека ќе ви помогне и да си ја подобрите состојбата на лицето. Вашиот струк полека започнува да се шири, па затоа можеби ќе ви биде неудобно во тесна облека. Некои жени чувствуваат и вртоглавица. Ако некој симптом ве загрижува, веднаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

Вашето бебе: Во следната недела вашето најмило е со големина на едно гравче (11-13mm). Црни точки го обележуваат раното оформување на очите. Се формираат и ноздрите и ушите. Мозокот постојано се развива. Се оформува дигестивниот систем и стомакот. Малиот фетус веќе има развиени раце и нозе, но не и прсти.

8 НЕДЕЛА


Внесувајте доволно витамини и хранете се здраво.
Вие: Најверојатно се чувствувате подуена и изморена. Можено е се уште да имате утрински мачнини. Продолжете да внесувате доволно витамини и јадете здрава храна. Подобро ќе се чувствувате ако јадете почесто и помали оброци. Наутро пред да станете од кревет, каснете неколку крекери и полежете уште малку. Тоа ќе ви помогне да не се чувствувате лошо.

Вашето бебе: Вашето најмило во текот на оваа недела започнува да личи на минијатурно бебенце. Тоа веќе има оформени очни капаци, горна усна и може да му се види врвот на малото идно носе. Срцето му чука со голема брзина од 150 пати во минута (двојно поголема од брзината со која чука вашето срце). Во овој период започнуваат да се формираат малите прсти на рацете и нозете.

9 НЕДЕЛА

Вие: Вие веќе сте бремена 9 недели. Вашите гради ќе се зголемат значително и ќе станат осетливи на допир. Ако имате светол тен, вените на градите ќе станат повидливи. Можно е веќе да не чувствувате гадење и замор и вашето либидо да се покачи. Одмарајте се повеќе и заголемете си го времето потребно за да се наспиете. Правете лесни вежби за да го одржувате вашето тело. Може да се запишете на часови за јога за бремени.

Вашето бебе: Во текот на оваа недела кај вашето идно бебе се формираат репродуктивните органи. Вие треба да почекате уште неколку недели за да го дознаете неговиот пол. Веќе можете да го слушнете малото срце како бие. Многу е рано и вие не можете да го почувствувате, но вашето најмило активно ги движи мускулите. Фетусот на оваа етапа ги има формирани сите витални органи и е со големина од 20-28mm.

10 НЕДЕЛА

Вие: Вашето расположение постојано ќе се менува. Не се изненадувајте ако плачете за нешта кои нормално не би ве расплакале. Пазете на вашата орална хигиена. Во текот на оваа недела непцата може да ви омекнат и да започнат да крвават. Често мијте ги забите, затоа што утринските мачнини носат стомачни киселини во вашата уста и тие киселини можат да ги оштетат забите. Закажете си термин на стоматолог и задолжително кажете му дека сте бремена, бидејќи тоа влијае на начинот на кој би ве лекувал. Поради зголемениот волумен на крв, вените на нозете, градите и рацете ќе ви бидат повидливи.

Вашето бебе: Во текот на десеттата недела мозокот на вашето бебче расте многу брзо и произведува 250 000 неурони секоја минута. Очните капци веќе не се проѕирни и ушите добиваат финална форма. Коските на скелетот и мускулите на вратот започнуваат да се формираат. Се создава дијафрагмата која ги разделува стомакот и срцето.

11 НЕДЕЛА

Вие: Поради промените во нивоата на хормоните, многу е веројатно дека ќе страдате од честа главоболка. Жените кои што страдаат од мигрена, сега ќе ја чувствуваат почесто. Внимавајте, не можете да употребувате секакви лекарства за да ја намалите главоболката. Консултирајте се со доктор. Пијте доволно течности, не бидете под стрес и спијте повеќе за да ја избегнете главоболката.

Вашето бебе: Главата на вашето идно бебе е голема скоро колку останатото негово тело. Во овој период главата расте со забавено темпо. Сите органи се формирани и сега започнуваат да растат.

12 НЕДЕЛА


Кон крајот на првото тримесечје ќе ви се врати енергијата, но важно е да продолжите да се одмарате.
Вие: Скоро завршува првото тримесечје и луѓето може да го забележат блесокот на вашето лице. Многу жени чекаат до овој момент за да им ја соопштат радосната вест на своите најблиски, затоа што се намалуваат шансите за пометнување. Сега ќе имате повеќе енергија и ќе бидете поопуштени. Сепак, продолжете да се одмарате.

Вашето бебе: Вашето бебе е долго околу 6cm. Можеби за вас тоа е се уште многу малку, но тоа веќе двојно си ја зголеми должината во текот на 3 недели. Кога ќе размислите на тој начин, сепак 6cm изгледаат зачудувачки многу. Врз прстите на бебето веќе започнуваат да растат нокти. Тоа е способно да ја отвора устата и да голта.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Ги споив темите вака ќе се има подобра прегледност.
Продолжете :)
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Второто тримесечје од бременоста

13 НЕДЕЛА

Вие: Вашето стомаче ќе започне да ја издава бременоста. Ако се уште не сте ја споделиле вашата тајна со другите, сега е време да го направите тоа. Имате повеќе енергија и можете да смислите креативен начин да ја соопштите радосната вест. Апетитот ви се зголемува и ќе продолжи да се зголемува како што ќе напреднува бременоста.

Вашето бебе: Вашето бебе досега се оформуваше и развиваше, а сега ќе започне да расте. Вратот се издолжува и се повеќе малиот фетус ќе добива човечки лик. Очите се поместуваат кон средината на главата, а ушите ги заземаат своите места од двете страни на главата.

14 НЕДЕЛА


Во 14-та недела вашето најмило може да го става палецот во уста.
Вие: Вие може да почувствувате болки во грбот. Болки може да се јават и во долниот дел на стомакот, бидејќи бебето постојано расте и му е потребен простор. И покрај тоа, вие треба да се чувствувате добро, затоа што веќе ги нема непријатните мачнини и големиот замор кој ве мачеше во првото тримесечје.

Вашето бебе: На прстите на бебето се создаваат уникатни отпечатоци. Телото на вашето најмило сега е покриено со нежни влакненца наречени лунаго, кои ја заштитуваат кожата. Брадата веќе не се потпира на градите, затоа што вратот е издолжен. Во текот на оваа недела бебето ќе започне да вдишува и издишува. Се формираат и вокалните способности кои ќе ги практикува кога ќе се роди. Рацете на бебето функционираат нормално и тоа може да го става палецот во устата.

15 НЕДЕЛА

Вие: Ако сте бремена со второто дете, вашиот стомак побрзо ќе започне да се познава. Тоа е така затоа што мускулите на стомакот најверојатно ви се поопуштени. Но, ако досега не ви се „познава“ стомачето – не се разочарувајте. Бременоста станува видлива во периодот од 14-тата до 20-тата недела.

Вашето бебе: Вашето бебе веќе е долго 9 до 10cm. Тоа започнува да добива трепки на очите и веѓи. Крвните садови можат да се видат преку неговата тенка кожа. Малото бебенце сега може да ги витка зглобовите на рацете и колената. Додека се обидува да го цица палецот, може да започне да ика.

16 НЕДЕЛА

Во текот на 16-та недела може да го почувствувате движењето на вашето малечко.
Вие: Ако го имате чувството наречено „пеперутки во стомакот“, вие најверојатно сте го почувствувале вашето бебе. Во текот на оваа недела може да ви се појави крвавење на носот или на непцата. Може да почувствувате и болка во стомакот, затоа што се тегнат лигаментите. Стапалата може да ви потечат, но не се плашете, тоа се нормални симптоми. Сепак, ако нешто ве загрижува, консултирајте се со вашиот гинеколог.

Вашето бебе: Должината на вашето бебенце е веќе околу 11cm. Срцето му работи забрзано со 117 до 157 отчукувања во минута. Нозете му се подолги од рацете и може да го цица палецот. Можат да се забележат различни изрази на лицето на вашето бебче. Кај женските, милиони јајце-клетки се формираат во јајниците.

17 НЕДЕЛА

Вие: Вие ќе чувствувате постојано глад и логично вашата телесна тежина ќе се зголемува. Вашата матка е на средината меѓу папокот и срамната коска. Ако потите повеќе од обично или имате повеќе вагинален секрет, не се грижете. Сето тоа ќе исчезне откако ќе се породите.

Вашето бебе: Во текот на оваа недела вашето бебе започнува да создава масно ткиво, кое ќе му помогне да ја одржува телесната температура кога ќе се роди. Тоа развива и свои рефлекси кои ќе му овозможат да цица, голта и трепка.

18 НЕДЕЛА

Вие: Ако до сега не сте почувствувале некое од движењата на бебето – не паничете. Секоја бременост е различна, бидете трпеливи. Може да чувствувате вртоглавица во текот на целата бременост. Ако тоа не се случува често и сериозно, не треба да се загрижувате. Тоа се нормални симптоми.

Вашето бебе: Вашето бебе започнува да слуша се однатре и однадвор. Не се чувствувајте глупаво ако разговарате со него или му пуштате релаксирачка музика. Коските започнуваат да се зацврстуваат. Не го пропуштајте внесувањето на калциум. Нежните влакненца (лунаго) го прекриваат целото тело на вашето бебенце.

19 НЕДЕЛА

Вие: Во овој период може да се појават непријатните киселини. Обидете се да не јадете точно пред спиење за да ги избегнете. По вашето лице може да се појават дамки, а кожата на вашиот стомак да стане црвена, сува и да ве чеша. Стриите се една од непријатните појави кои настануваат поради затегнувањето на кожата. За да ги избегнете, користете лосиони и млека против стрии уште пред нивното создавање.

Вашето бебе: Веќе сте бремена 19 недели и вашето бебе станува се поактивно. Тоа веќе е комплексна човечка личност. Иако во поголемиот дел од времето спие, има периоди кога е доста активно и може да клоца, да се врти, да мрда со рацете и да удира. Сега тоа може да прави свесни движења.

20 НЕДЕЛА

Вие: Најверојатно до сега веќе ви се има појавено темна линија по средината на стомакот (linea negra) која ќе исчезне по породувањето. Може да имате и потешкотии со дишењето и често мокрење.

Вашето бебе: Честито! Вие сте на половина од вашата бременост. Кожата на бебето е прекриена и заштитена со бела материја наречена верникс. Ако носите девојче, нејзината матка веќе е формирана и почнува да се развива вагината. Вашето бебе може да слуша звуци и ако има силни звуци околу вас, ќе си ги покрие ушите со помош на рацете.

21 НЕДЕЛА

За разлика од првото, во второто тримесечје ќе имате повеќе енергија и ќе бидете поопуштени.
Вие: За разлика од првото тримесечје сега вие се чувствувате поопуштена и имате повеќе енергија. Во овој период вашето либидо ќе се покачи. Ако имате нормална бременост можете да уживате во сексот.

Вашето бебе: Вашето бебе сега има должина од 18cm. Тоа е една минијатурна верзија на она што ќе биде кога ќе се роди, затоа што веќе е формирано неговото лице. Косата на главата започнува да расте. Срцето му станува се посилно и во некои случаи може да се слушне со помош на стетоскоп.

22 НЕДЕЛА

Вие: Како што расте вашето бебе, така вие добивате повеќе килограми. Тоа е дополнителен товар на вашиот 'рбет и може да чувствувате болка во долниот дел на грбот. Таа болка може да ја ублажите ако носите ниски обувки и ако избегнувате да стоите подолго време. Кога седите, обидувајте се да ги подигнете и потпрете нозете, така што колената да ви бидат повисоко од колковите.

Вашето бебе: Бебето станува се поактивно. Тоа има развиено чувство за допир и вкус. Може да чувствува силни вкусови од аминионската течност. За да го развива чувството за допир бебето постојано го допира своето лице, го цица палецот или допира делови од неговото тело. Неговите трепки, веѓи и нокти се скоро целосно развиени.

23 НЕДЕЛА

Вие: Како што се приближува датата за породување, така вие се повеќе ќе имате проблеми со спиењето. Возбудата, киселините, грчевите и вашата тежина ќе ви го скратат сонот. Но, многу е важно да се обидете да имате што повеќе одмор.

Вашето бебе: Вашето најмило започнува да личи на новороденче. Кожата се проѕира се помалку, а неговото тело станува повеќе пропорционално. Должината сега му е околу 20cm, а тежината 450-500g.

24 НЕДЕЛА

Вие: Веќе сте бремена 24 недели. Вашите гради се подготвуваат за доење и постојано растат. Можете да забележите дека со нив растат и ареолите на брадавиците. Во овој период се уште ги чувствувате непријатните киселини, грчевите во нозете и болката во долниот дел на грбот.

Вашето бебе: Вашето бебенце има контрола врз сите негови чувства – за вид, мирис, допир, слух и вкус. Во текот на оваа недела се развиваат крвните садови во белите дробови. Вашето бебе создава бели крвни клетки кои се борат против инфекциите и болестите. Неговата должина е 21cm. Тоа е мошне чувствително на звуци и подобро е да избегнувате да сте во околина каде што има силни звуци.

25 НЕДЕЛА

Вие: Вашето тело продолжува да се менува. Може да се појават и хемороиди. Затегнатата кожа на стомакот ви предизвикува чешање. За да го намалите чешањето мачкајте се со маслиново или кокосово масло. Може да имате и „живи“ соништа.

Вашето бебе: Во текот на оваа недела се менува кожата на бебето. Веќе нема да биде проѕирна и ќе добие боја слична како вашата. Структурата на грбниот столб се формира и ноздрите започнуваат да се отвораат. Неговото срце чука многу силно и ако некој го стави увото на вашиот стомак, може да го слушне.

26 НЕДЕЛА

Кон крајот на второто тромесечје намалете ги дневните обврски и одмарајте се повеќе.
Вие: Во текот на оваа недела може да почувствувате Бракстон–Хиксови контракции, кои траат околу 30 секунди и не се опасни. Тие го приготвуваат телото за денот на породувањето. Вообичаено е да имате и повеќе вагинален секрет, гасови и да испуштате мали количини урина кога кивате или кашлате. Сето ова е нормално и не треба да ве загрижува.

Вашето бебе: Во овој период бебето е многу активно. Може да го осетите како потскокнува кога сте во близина на силен звук или да осетите како се смирува кога ќе го слушне вашиот глас. Иако кожата на бебето се менува од проѕирна во розова, се уште можат преку неа да се видат вените. Очите му се веќе скоро целосно развиени и се подготвуваат да се отворат. Во овој момент очите му се сини, но вистинската боја ќе ја добијат дури неколку месеци по раѓањето. Мозокот му созрева брзо. Тежината на вашето најмило веќе е 910g, а должината 23cm.

27 НЕДЕЛА

Вие: Вие сте бремена веќе 2 тримесечја. Уште едно и ќе можете да го прегрнете вашето бебе. Може да имате потешкотии со дишењето. За да го избегнете тоа, одмарајте се почесто, намалете ги дневните активности и не бидете под стрес.

Вашето бебе: Белите дробови на бебето и имунолошкиот систем се развиваат и подобруваат, затоа што тоа се подготвува за доаѓање на овој свет. Ако се роди сега тоа има 85% шанса да преживее, поради тоа што неговите бели дробови се приспособени да дишат воздух. Бебето би изгледало исто како да би се родило во 40-тата недела, само што ќе биде помало и послабо
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Третото тримесечје од бременоста

28 НЕДЕЛА


Вашето бебенце може да слуша звуци, па затоа не се чувствувајте глупаво ако му зборувате или му пуштате музика.
Вие: Вие веќе знаете каде има тоалет насекаде каде што излегувате, затоа што вашето бебе сe повеќе притиска врз мочниот меур и вие почесто имате потреба да уринирате.

Вашето бебе: Вашето бебе ги отвора и затвора очите. Заедно со тоа започнува и да сонува. Мускулната маса секојдневно му се зголемува и веќе има 2-3% масти по телото.

29 НЕДЕЛА

Вие: Како што расте вашето бебе, така растете и вие. Имате чувство дека внатре во вас сe е пренатрупано. Всушност, во право сте. Најмногу ќе ви создаваат проблеми болките во грбот, грчевите во нозете и недостатокот на воздух. Бројте ги движењата што вашето бебенце ги прави во текот на еден час. Во овој период тоа треба да мрда околу 10 пати на час. Ако се движи помалку од тоа, направете консултација со вашиот гинеколог.

Вашето бебе: Бебето е зафатено со подготовки за неговиот роденден. Тоа тежи 1,2kg. Можно е да има таква навика да спие дење, кога вие со вашите движења го приспивате, а ноќе кога вие ќе се смирите тоа да започне со својата активност.

30 НЕДЕЛА

Вие: Вие можете да забележите подување околу зглобовите и стапалата на нозете. Околу 40-75% од бремените жени страдаат од мало подување, но ако рацете и лицето ви се подуваат консултирајте се со доктор.

Вашето бебе: Главата на вашето бебе се зголемува. Тоа испушта околу 1/2 литар урина во амнионската течност. Тенките влакненца (лануго) полека исчезнуваат. Повеќето од времето очите на бебето се отворени и тоа гледа наоколу. Коскената срж сега е задолжена за создавањето на црвени крвни клетки. Вашето најмило е долго 35-39cm.

31 НЕДЕЛА

Вие: Вашето тело се подготвува за важната задача – породувањето. Бракстон–Хиксовите контракции ве приготвуваат за процесот на раѓање. Тие не се вистински контракции, но ќе ве подготват за вистинските породилни контракции. Вашите нозе најверојатно ќе потечат, а ќе чувствувате и болка во грбот и потреба за често мокрење.

Вашето бебе: Белите дробови и дигестивниот систем се речиси целосно развиени. Вашето бебе е целосно долго околу 38cm, а тежи 1,6kg.

32 НЕДЕЛА

Вие: Во овој период тешко ќе можете да си најдете положба за спиење во која ќе се чувствувате удобно. Ако немате ризична бременост, можете да спиете во каква положба што ви е удобна, дури и на стомак. Може да имате и симптоми на запек. За да ги избегнете, пијте доволно вода и јадете храна богата со фибри.

Вашето бебе: Во текот на оваа недела вашето бебе најверојатно ќе тежи 1,8kg и ќе биде целосно долго 40cm. Движењата на бебето ќе се намалат, затоа што тоа расте и има помалку простор за движење. Ланугото (тенките влакненца по телото) продолжува да паѓа, а му расте косата на главата. Рацете и нозете му се пропорционални, во споредба со големината на главата.

33 НЕДЕЛА


Во третото тримесечје вие најверојатно ќе страдате од киселини, грчеви во нозете, болки во грбот и замор.
Вие: Вие сe уште страдате од киселини, грчеви во нозете, болки во грбот. Сега може и да се чувствувате премногу заморени. Вашето либидо значително ќе се покачи.

Вашето бебе: Во 33-тата недела вашето бебенце тежи веќе 2kg. Тоа го вежба процесот на дишење, со тоа што вдишува амнионска течност. Кај некои бебиња, на оваа етапа целата глава е покриена со коса, а кај некои има само малку. Додека спие бебето може да влезе во REM фазата (Rapid Eye Movement). Тоа е периодот во кој сонуваме. Сe повеќе масти се трупаат по неговото тело, за да може да ја одржува телесната температура. Вашето бебе може да детектира светлина, т.е. да разликува дали е ден или ноќ.

34 НЕДЕЛА

Вие: Вие го поминавте критичниот дел од бременоста. Заморот ве измачува. Тој се појавува поради болките, зголемената телесна тежина или поради стресот, затоа што се ближи датата на која ќе дојде на свет вашето најмило.

Вашето бебе: Ако бебето се роди во текот на 34-тата недела, најверојатно ќе биде добро. Ќе му биде потребна специјална грижа и ќе биде поставено во инкубатор поради неговите нецелосно развиени бели дробови, но ќе преживее. Вашето бебе во овој период развива имунитет кон некои мали инфекции. Ноктите на рацете му ги достигаат врвовите на прстите.

35 НЕДЕЛА

Вие: Во овој период вие имате проблеми со спиењето, возбудени сте во исчекување на големиот настан и станувате сe почувствителни (ве иритираат најобични нешта). Искористете го овој период да уживате со вашиот партнер во тишината и спокојството, затоа што ќе помине долго време пред повторно да го имате тој мир.

Вашето бебе: Веќе сте во 35-тата недела од бременоста. Бебињата родени во текот на оваа недела, во 99% од случаите се здрави. Тежината на бебето веќе е 2,5kg. Белите дробови се скоро целосно развиени. Најверојатно веќе е поставено со главата надолу и чека за да излезе.

36 НЕДЕЛА

Вие: Нема да се чувствувате удобно во својата кожа, но има уште малку пред да станете бескрајно среќна мајка. Одмарајте се колку што можете повеќе. Во овој период може да имате проблеми со хемороидите и честото мокрење.

Вашето бебе: Вашето бебе продолжува да трупа масти по телото. Тоа ќе му помогне да си ја одржува телесната температура, кога ќе ја напушти матката. Соодветно на тоа и неговата тежина се зголемува. Сега вашето малечко тежи 2,8-3kg.

37 НЕДЕЛА


Во 37-та недела кожата на вашето бебенце не е веќе збрчкана.
Вие: Цервиксот ќе започне да се отвора, за да се подготви за породувањто. Вашите гради се зголемуваат со цел да бидат подготвени за доењето. Тие ќе бидат и чувствителни на допир. Најдобро е да ги миете само со вода, а не со сапун. Сапунот ќе ја направи сува кожата на брадавиците и тие ќе напукаат и ќе се иритираат.

Вашето бебе: Кожата на вашето бебенце е розова и веќе не е збрчкана. Бебето продолжува да го вежба дишењето. Ако се роди во текот на оваа недела, тоа ќе се смета за созреано дораснато бебе. Сепак, тоа не значи дека бебето е целосно развиено. Во останатите недели тоа ќе продолжи да трупа масти по телото.

38 НЕДЕЛА

Вие: Во овој период може да испадне дел од слузавиот чеп, со кој е затворено грлото на матката во текот на бременоста. Тој чеп е густа колекција на слуз и го штити бебето од инфекции. Чепот може да падне недели, денови или часови пред породувањето.

Вашето бебе: Во секое време може да настапи долгоочекуваниот настан – породувањето. Ако се породите во текот на оваа недела, вашето бебе ќе се смета за целосно развиено.

39 НЕДЕЛА

Вие: Вие се чувствувате огромна и неудобно ви е да правите било што. Нестрплива сте и не можете да дочекате да го држите во раце она малечко што толку време расте во вас.

Вашето бебе: Во овој период вашето бебе ќе се движи помалку. Мускулите на неговите раце и нозе се силни. Тенките влакна (лунаго) паѓаат од неговото тело. Сите органи се подготвени за да функционираат надвор од матката. Тежината на бебето е околу 3,1kg.

40 НЕДЕЛА

Вие: Само 5% од бебињата се раѓаат на предвидената дата. Дури 95% од нив се раѓаат 2 недели пред или после предвидената дата. Затоа, ако веќе поминала вашата дата – не паничете. Можеби уште утре ќе станете мајка.

Вашето бебе: Вашето бебе е подготвено да излезе од матката и да добие нов дом.

41 НЕДЕЛА

Вие: Веројатно сте фрустрирана и уморна од бременоста. Не се грижете. Многу скоро сe ќе заврши. На оваа етапа постои можност породувањето да се предизвика вештачки. За да го забрзате процесот можете да јадете зачинета храна, да пешачите или да имате секс.

Вашето бебе: Бебињата кои се подолго носени се раѓаат со поголема телесна тежина и со повеќе коса од останатите.

Кога ќе се случи породувањето и не е толку важно, важно е дека вие ќе станете мајка.
Честито!
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Секс пози за зачнување

Зачнувањето може да биде забавен процес, но многу парови чувствуваат напнатост и стрес во тие моменти. Најдоброто нешто што може еден пар да го направи кога сака да создаде семејство е да се релаксира и да ужива во времето поминато под чаршафите.

КОИ СЕ НАЈДОБРИ ПОЗИ ЗА ЗАЧНУВАЊЕ?

И мажот и жената треба да бидат расположени за секс и да не ја прескокнуваат предиграта. Бакнувањето и еротските масажи ги стимулираат ерогените зони и предизвикуваат сексуална возбуда. Кога атмосферата е доволно жешка, практикувањето на следните пози може да придонесе за успешноста на процесот на правење на бебе:

Мисионерската поза. Родителите и експертите се согласуваат дека позата кога жената лежи, а мажот е одгоре ја зголемува веројатноста за зачнување. Таа поза овозможува длабока пенетрација и поголема блискост и интимност помеѓу партнерите, па затоа и е најпретпочитана.
Кучешката поза. Позите кои му овозможуваат на мажот длабока пенетрација одназад се одлични за зачнување. Без разлика дали жената е потпрена на рацете и нозете или пак е легната, со оваа поза спермата достигнува подлабоко. Оваа поза предизвикува и поинтензивен оргазам кај мажите.
Легнати настрана. Двајцата легнуваат настрана во иста насока, при што мажот е одназад. Оваа поза, освен длабоката пенетрација, им овозможува на партнерите да бидат релаксирани и со тоа да го потпомогнат зачнувањето.
Иако нема научни истражувања кои би ги „одобриле“ овие пози, научниците сепак имаат направено некои експерименти кои ја покажуваат полезноста на мисионерската и кучешката поза. Во рамките на еден експеримент, специјалисти снимале со апарат за магнетна резонанса пар кој што има секс. По направената анализа било заклучено дека и двете овие пози помагаат за подлабоко доставување на спермата и зголемување на шансите за зачнување.


КОИ СЕ НАЈЛОШИ ПОЗИ ЗА ЗАЧНУВАЊЕ?

Постојат пози кои влијаат негативно на зачнувањето, затоа што го спречуваат навлегувањето на спермата.

Жената одгоре. Сите пози во кои жената е одгоре, без разлика дали е седната или легната, не се полезни за зачнување, затоа што гравитацијата ѝ попречува на спремата во нејзиниот пат кон грлото на матката.
Во стоење или седење. Сите пози кои бараат седечка или стоечка положба на партнерите ѝ го отежнуваат патувањето на спермата.

КОЛКУ Е ВАЖЕН ОРГАЗМОТ НА ЖЕНАТА?

Очигледно е дека машкиот оргазам е неопходен за зачнувањето, но исто така и женскиот оргазам може да придонесе за подобрување на условите за спремата да стигне успешно до целта. Контракциите од оргазмот помагаат спермата да биде вовлечена подлабоко и побрзо да дојде до созреаната јајце-клетка. Жената е поопуштена и ужива во својата интимност со партнерот.

Сепак, иако женскиот оргазам може да придонесе за зачнувањето, тој не е неопходен.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

Иако е распространето верувањето дека големиот број на сексуални односи е битен фактор за зачнувањето, експертите советуваат практикување на секс секој втор ден за да има време спремата да се обнови. Исто така, многу е важно темпирањето. Деновите пред и за време на овулација се идеално време за секс ако сакате да станете родител.

Перниче под колковите. Многу експерти препорачуваат за време на сексот да се постави мало перниче под колковите на жената за да може спермата побрзо да патува до целта.

Лежење 20-30 минути. Многу експерти се согласуваат дека жената треба да остане да лежи на грб 20-30 минути по сексуалниот однос, по можност со перниче под колковите. Или пак да ги подигне нозете во воздух и да имитира возење на велосипед.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom