Брат/Сестра

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Два браќа близнаци. Седум години помлади од мене.... Јаз на поколенија, што ви кажувам...
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
Животот со брат или сестра е полесен. Мојот брат е моето најголемо богатство, го сакам најмногу на цел свет!!!!
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Имам сестра,постара 3,5 год.Мажена е и ретко се глеаме у живо.
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Брат поголем 4 години, ама сме тотално различни карактери (мама се прашува дали некој од нас е можда сменет во болница како бебе:icon_eek:). Ама сепак си го сакам, братче ми е:pipi:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Си имам помала сестра, 3 години и 2 месеци и 15 дена. Во ред е, се сложуваме, ама некогаш толку ми оди на живци.... :vozbud: :violent1:
 
Член од
9 септември 2010
Мислења
36
Поени од реакции
1
Имам брат, 13 години. Иако премногу го сакам морам да признаам дека е многу разгален, и скоро секогаш се караме. :toe:
 
Z

Zoza

Гостин
ех ама се изначитав од мојот последен пост до овој....значи реков имам сестра 4 ипол год.помала...кажав дека си ја сакам најмногу на свет и живот би дала за неа....:back:
сакав да ви кажам дека сите што зборите како ве нервира како си ги мразите браката-сестрите еден ден ке се каете за тоа...пред година дена сестра ми се мажи-пред пола год со зетот се преселија во друга држава....знаете ли дека 60% намалив со излевање а 600% зголемив седење на компјутер ради неа? Абе само што ке видам сигнал од неа одма скупе се оклучува....децаааа ке се каете за тие ваши изјави го мразам ја мразам неможам да ја-то поднесам...брат СЕСТРА е најголемо богатство и најголем благослов на светот


сестро знам дека ке читаш----сакам те најмногу на свет :love3::back:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Имам брат и е поголем 6 год. од мене...двајцата сме сосема различни карактери. Како помали се тепавме 24/7 и да ви кажам право ми фалат тие денови иако јас секогаш го извлекував подебелиот крај, а сега остана само на карање...ретко разговараме зошто со него муабет неможи да се направи,така да јас си кулирам на моја страна, тој на своја и нема проблеми. Искрено, не го ни сакам,а не го ни мразам.:smir:
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Имам брат поголем од мене 5 год.и многу се караме. Два различни света сме. Иако сум помала не попуштам или ќе биде по мое или никако :icon_lol:
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Брат помал од мене 3 години.
Го викам џуџенце и покрај тоа што е +190цм.:icon_lol::icon_lol:
Порано многу се каравме а сега доста добро се согласуваме освен кога играат Челзи против Манчестер :icon_lol:
Спортско типче е брат ми тренира ракомет, но не е реткост да го видиш кај што игра кошарка, фудбал, тенис.
Со книгата ретко другарува.
Доста смирен човек голема реткост е тој да биде изнервиран.
Сега го гледам еднаш месечно кога тој нема утакмици.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Имам брат 3.5 години помал од мене. Џомба е. Нема човек што го запознал, а што не го засакал. Такво е детето, од оние типови на луѓе кои не може да не ги сакаш, зашто е пријатен и фер. Ради него го имам развиено заштитничкиот однос кон него и кон се останато. Кога бевме помали, јас имав 7-8 години, значи он имал 4-5, моите работеа доста и не оставаа сами. Јас клучот околу врат со брат ми под рака (нормално имаше лутење, зашто мора секогаш да иде по мене, а што да прави сирото колку беше мал) и пичиме на улица. Заедно јадевме, заедно игравме, буквално се сме правеле заедно, макар што имало триста кавги меѓу нас. Не дај Боже да ме чепнел некој, ко што си ја има импулсивноста во него, тепаше се живо...:icon_lol:
За чудо од мали сме биле совесни (иначе тешко дека моиве ќе не оставале сами). Живееме на главна улица, а моиве имале до толку сигурност дека додека се вратат ќе бидеме Океј, што и се потврди. Немаме ниту еден пех, ниту една глупост направено сами. Сега кога ги гледам маливе ми пријателчиња од маало, се чудам дали нивните ќе ја најдат куќата во еден дел ако ги остават сами.

Брат ми ми е најслабата точка во животот. Ако него му е тешко, мене ми е двојно потешко. Морав да му влијаам од мал, ама и тој има доста влијаено на мене. Спортот заради него го имам засакано, покрај него загледав и фудбал, па он ради мене баскет, двајцата сакаме тенис...:tv: Кога има некој спортски настан се знае, пред ТВ сме двајцата и навиваме. Плеј-Оф се знае со кого се гледа. Цела среќа што делиме исти интереси, зашто инаку ќе немаше муабет со кога да си направам за многу теми, пошто другаркиве спорт баш и не ги занима ич..:) Како раснеме се повеќе и повеќе стануваме исти. Ни се случува уште пред да ја докаже реченицата некој од нас, другиот да ја заврши. И тука имаш коментар од типот : "Па добро бе, дали е могуче? У главата да не си ми?" Ем јаз во години, ем различен пол, а речиси исто размислуваме. Не сме ни двајцата емоционални типови, ние сме од оние "плачам еднаш годишно, а некогаш и поретко". У денот три пати се караме и три пати се смееме. Некако глатко минуваме низ тоа расправиите од типот: "Шо ми мењаш канали, баш сега најде кога гледам филм?" И иде одговор: "Ај не лажи сега го загледа" :pos:

Најбитно е што ми верува и гледам дека со мене споделува тајни. Земам предвид дека е машко и емотивно е затворен (ко мене) така да тие моменти ги ценам доста.
И за крај. Како брат ми што знае да ме насмее, никој не може. Уште не сум наишла на човек кој има толку добра смисла за хумор. Изгледа дека е слична на мојата..:)
 
П

Пепси_

Гостин
Сестра поголема од мене 3 години....различни сме на карактер и повеќе пати знаеме да се закараме ама онака рандом карање....понекогаш знае да даде совет а понекогаш ептен да ме искара и тоа е си а сакам и мислам дека не би било исто со неа и без неа !
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Имам брат, 2 години помал. Ептен се разликуваме-од изглед до карактер, тој е по науката јас по уметноста, тој математичар јас музичар, тој смирен и рационален јас си немам врска со тие два збора. Баш поради овие разлики се сложуваме многу и учиме еден од друг. Многу си го сакам и сум среќна што го имам.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Имам брат, 2 години помал од мене. И да, разликата е како да не сме браќа :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom