T
Tetro
Гостин
Босанските парламентарци го изгласаа новиот предлог буџет, во кој меѓу другото стои ставка со која парламентарците ќе земаат помала плата од досегашната. Буџетот на Босна и Херцеговина изнесува 1.349.928 конвертабилни марки, од нив околу 950 милиони се за домашни потреби, а околу 445 милиони за враќање на долговите кон странство.
Предлогот повлече лавина негодувања кај дел од пратениците, но босанците се воодушевени со веста дека конечно власта се сложила да почне со штедењето од себе. Законот беше изгласан со 26 гласа ЗА, 12 против и тројца воздржани.
„Ова е потребно бидејќи ние како парламентарци мораме потоа да изгласаме на некои други буџетски корисници да им биде исто така смалена платата“ - изјави Младен Бошиќ, член на Српската демократска партија.
Платите на пратениците ќе биде смалена за 4,5%, но интересен е деталот кој вели дека оние работници во институциите кои земаат плата од буџетот, а таа изнесува помалку од 500 конвертабилни марки, нема да подлежат на законот, односно платата ќе им биде намалена само на оние кои земаат огромни плати.
Којзнае дали се крие некој политички трик во оваа одлука на Босанците, но барем како наслов би сакале и ние да видиме дека нашите парламентарци исто така си ги намалуваат своите плати.
http://brkajrabota.mk/vesti/region/15493-bosanskite-parlamentarci-si-ja-namalija-platata