Блокирање на нова Nokia N73

Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Голем поздрав до сите и молба за помош.
Вчера зедов нов N73 - но до сега се случи два пати да блокира!
Пробав со сите дугмиња некако да го одблокирам, но ништо не реагира, дури ниту горното дугме за исклучување на телефонот!
Морав да ја вадам батеријата и двата пати, а во упатството прочитав дека ова не треба да се работи додека телефонот е вклучен!
А на ниту еден друг начин не можев да направам ништо!
Да ли треба телефонот да се враќа и рекламира или има некое решение?
Поздрав до сите.
 
Член од
7 април 2006
Мислења
381
Поени од реакции
5
od kaj so si go zemal odi reklamiraj...ne smee toa da se slucuva...barem ne na nov telefon...odi i zali se...ja imam drugar so ima nokia n73 i nema problemi so nea,a ja koriste vekje 4-5 meseca
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Поздрав и фала ти за одговорот.
Јас веднаш и помислив дека такво ке биде крајното решение, ама дека прв пат имам ваков тип на мобилен, велам - ај пак да прашам веќе поискусни корисници!
Најголем проблем ми е кога ке заблокира - што не постои начин како да се одблокира!
Сем споменатово - со вадење батерија!!!
Уште утре ке си ја добијат назад.
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Muzicar напиша:
Поздрав и фала ти за одговорот.
Јас веднаш и помислив дека такво ке биде крајното решение, ама дека прв пат имам ваков тип на мобилен, велам - ај пак да прашам веќе поискусни корисници!
Најголем проблем ми е кога ке заблокира - што не постои начин како да се одблокира!
Сем споменатово - со вадење батерија!!!
Уште утре ке си ја добијат назад.
пред да ја рекламираш, и ако некеш да се малтретираш по мобилари а и да им напраам услуга на некои колеги.
Телефонот најверојатно му напраиле репарејшн парти, али сервисерот изглеа не поминал на моја школа и ете сјебал работа - за жалење.

пробај со хард формат ако не помине така тогаш апдејтирај го преку порталот на нокиа, најновиот софтвер.

поздрав.:pos2:

п.п.с. До Авторот на темава.

Може да го сменам насловот од Блокирање на нова Nokia N73 во Блокирање на репарирана Nokia N73?
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Necrophilia, фала ти ѕа советиве, ама мора уште малку да дообјаснам некои работи, бидејки најискрено - и ме збуни малку...

Телефонот е купен како нов во Т-Мобиле, односно поранешниот Мобимак, а не по приватни продавници и сл.
Со целосниот пакет како го нудат и продаваат!!!
Моја грешка е што тоа не го наведов веднаш!!!

Затоа сега не ми е јасно ова што велиш дека телефонот е РЕПАРИРАН!!!
Па зар и во Мобимак тоа го работат и уште потоа ги продаваат како нови телефони?
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Muzicar напиша:
Necrophilia, фала ти ѕа советиве, ама мора уште малку да дообјаснам некои работи, бидејки најискрено - и ме збуни малку...

Телефонот е купен како нов во Т-Мобиле, односно поранешниот Мобимак, а не по приватни продавници и сл.
Со целосниот пакет како го нудат и продаваат!!!
Моја грешка е што тоа не го наведов веднаш!!!

Затоа сега не ми е јасно ова што велиш дека телефонот е РЕПАРИРАН!!!
Па зар и во Мобимак тоа го работат и уште потоа ги продаваат како нови телефони?

Имам спомнато во многу теми многу е тешко дури и сервисер да познае дали е репариран телефонот или не - ако го репарираат вистински раце.
Иначе ова со твојов случај или е некоја грешка од Нокиа - Ако би била грешка само на твојот тогаш таа грешка ке ја има уште на преку 100 комада... оти така искачаат во серија, или транспорт - знаеш кога се пренесуваат преку граница никој не е луд да пријави телефон од 300 и кусур евра и да плака 50 евра данок па мора да се шверца во тој случај телефонот се вади од кутија и се пакува со уште други 100/200 телефони во пакет и пакетот може секаде да падне... на татко ми колку пати му се случувало од 100 телефони преку 7-8 скршени да му дојдат или вакви случаеви како тебе...
затоа последниве година ипол не работиме многу-многу со нови телефони. - друг пат можеби ке ја објаснам целата ситуација.
И трето - да е репариран што на мене ми е највеке логички.
Оти ако не е софтвер, Т-Мобиле отидоа 350 евра во загуба. УЕМ-от сигурно никој не го прави, а и да се нафати да го прави ке фати преку 150/200 евра, поисплатливо би им било тој телефон потоа во делови да го растурат, само на дисплеј и маската ке извадат преку 100 евра.
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Necrophilia, убаво си објаснил се за оваа работа, ама пак да ти кажам најискрено - ме чуди тоа да се работи и во Космофон и во Т-Мобиле и некако - не ми е баш најприфатливо!!!

Види, да дообјаснам уште нешто, малку OFF, ама пак сме тука...

Јас, веројатно сме тука некаде и генерација со татко ти, оти видов на Вашиот сајт дека се занимавате професионално со мобилна технологија.
Со клавијатури - од Roland, Korg и Yamaha, па до Kurtzweil, Nord, EMU, па и Open Architecture - Oasys, Neko, Wersy......работам професионално преку 20 години!
За другата концертна и студијска опрема и да не зборувам, а поентата не е да се фалам, ни случајно, него дека овие работи ми се многу добро познати, а со оглед на тоа - дека поради карактерот на работата живеам истовремено во три Европски земји, уште по-познато ми е што се се работи „По питање„ шверцот, царините и се што е споменато во дискусииве!!!

И нормално, да не ме разбереш погрешно - сигурно и во ниеден случај не сакам да ти контрирам во се што имаш детално изнесено, ама пак ќе повторам - Чисто - не ми е верно Мобимак, односно Т-Мобиле да ги работи сите овие работи, а поготово да подметнува на купувачи РЕПАРИРАНИ и слично „Обработени и преработени„ апарати!!!

Да се вратам на почетнава дискусија - во меѓувреме со NSU On-Line - ја внесов најновата верзија на софтверот, бидејки оној беше „Два и кусур„ па ке видиме сега - што понатаму...

Поздрав...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
од Некрофилија: Со среќа.

Како и да е што порано им ги рекламираш помалку нервози за тебе...
Јас во принцип многу мразам да се маткам по сервиси, пример од 10 кингстон мемориски картички една мора да почне да зафркава после неколку недели користење. И сеа да не им ги вракам на анхоч сам си ги сервисирам. Но во секој случај најлесно би било да ја рекламирам, оти многу колеги ми велеле дека без проблем им ги менуваат картичките уште во моментот кога ке влезеш во сервисот.

п.с. Ако во случај заглавиш некаде при апдејтување на софтверот тука сум да ти помогнам.

поздрав.
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Анастазија, фала ти за советиве.

Најновиот software го внесов уште онаа вечер, кога го напишав претходниот пост и се помина добро, за некои десетина минути.
Само со NSU (NSS немаше потреба да го дирам за-сега) - тој веднаш си прочита дека треба Update.
Еве до сега, телефонот работи одлично и не е заблокирал ниту еднаш, ако е во тоа била грешката!!!

Мене многу чудно ми дојде сета таа работа со блокирање!!!
Како таква фирма може да не го „Предвити„ тоа, па и да најде соодветно решение, бидејки овој метод - со вадење и ставање на батерија, јас лично не го сметам за нормален, а за таков производ!!!

Јас споменав дека работам и со клавијатури.
Еве, чисто за пример и споредба - и некои Roland-ови аранжер клавијатури блокираат, на сред свирка, што воопшто не е пријатна ситуација, ама со едноставно исклучување и вклучување на клавијатурата, таа се одблокира!!!
Као некој вид (Нај)груб рестарт!

Меѓутоа, во овој случај, баш тоа ме и заинтригира - N73 не може воопшто ни да се исклучи во такви моменти на горното дугме, па мислев да нема некоја друга „Цака„....

Али, ако е ова решение со нов ОS, што до некаде и има некоја логика - времето ке покаже, а да им го однесам назад - тоа е најлесно, минут работа.
Меѓутоа, сега само по себе се наметнува ново прашање - А што ако и тој другиот заблокира?
Повторно решение со вадење на батерија?

A и ова малку ме збуни сега, што си напишал за Кингстон!
Па јас баш и тие картички ги гледав, од 1 гига, али - ај сега, шо праиме?
Која картичка сега да земам?
И тоа ке биде изгледа на ризик, па после ке мислиме....
Е, ова се чисто траги-комични ситуации - нови производи, КАО од чуени фирми, а XXX проблеми уште у старт!!!

Поздрав.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Muzicar напиша:
Анастазија, фала ти за советиве.
Анастазија напиша:
од Некрофилија: Со среќа.

Како и да е што порано им ги рекламираш помалку нервози за тебе...
Јас во принцип многу мразам да се маткам по сервиси, пример од 10 кингстон мемориски картички една мора да почне да зафркава после неколку недели користење. И сеа да не им ги вракам на анхоч сам си ги сервисирам. Но во секој случај најлесно би било да ја рекламирам, оти многу колеги ми велеле дека без проблем им ги менуваат картичките уште во моментот кога ке влезеш во сервисот.

п.с. Ако во случај заглавиш некаде при апдејтување на софтверот тука сум да ти помогнам.

поздрав.
за картички ти препорачувам pqi или kingmax.

Не мора да значи дека и кингстонот не се добри но не е секоја фирма за електроника совршенство... посебно кога се работи за масовен продукт каде што и не е возможно тестирањето на сите производи.

п.с. Јас сум Некрофилија, само од компјутерот на девојка ми Анастазија
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Поздрав и не е проблем :)
Само малку ме збунија никовите, но битно е дека се разбираме ;)

Велиш да не го чепкам Кингстон, у секој случај - много боље знаеш чим профи работите со тоа.

А од предложениве, ако сакаш да ми кажеш каде у Скопје има, на пример Kingmax, оти веќе ти споменав, од моите обврски буквално немам време ни за спиење, а да тргнам да барам...
И да ли N73 сепак може да „Подржи„ 2 гига,нормално ако ги има од споменатава фирма?

Пак ке кажам, вакво мислење како твоето и на татко ти сепак и у секој случај ми е некако најмеродавно, оти професионално се занимавате со оваа работа, а и искуството во истата многу значи.

И уште едно ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ што и се обратив на девојка ти, според никот, сигурно знаеш дека ниту е намерно, а уште помалку злонамерно, само со мои пар постови и фрка преку глава, најнормално е дека не ги познавам луќето на форумов.

Поздрав.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
kingmax работат во НикоКомпјутери. pqi скоро секоја мобилара.
Да Music Edition N73 фабрички иде со 2гига.
 
Член од
29 април 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Фала ти многу, штом уграбам време веднаш зимам.
Поздрав.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Muzicar напиша:
И да ли N73 сепак може да „Подржи„ 2 гига,нормално ако ги има од споменатава фирма?
Јас имам 2ГБ картичка Кингстон веќе 3 недели и имам некои забелешки.
Телефонот кога е без картичка го отвара Мени-то за 1секунда. Со 2ГБ картичка го отвара за 3секунди. Исто така се останато е поспоро со толкава картичка. Ама јас се навикнав.
Иначе имам ставно песни по 15-16МБ и си работат без проблем, а вчера снимав еден клип голем околу 6-7МБ и после тоа Images and Videos кога ќе го отворев се закочуваше телфонот и не реагираше. Пробав некоку пати и на тој начин не се отвараше Galeru -> Images and Videos, па морав преку фајл менаџер да го избришам клипот за да можам да отворам Images and Videos.
 

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
Stegni ALT+CTRL+Delete xD brat odi reklamiraj go i ak ti recet nesto vikni me mene ke ti svrsam rabota
 

Kajgana Shop

На врв Bottom