Блиц вести

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Како се калеше ЧЕЛИКОТ ? - МИТАРЕЊЕ како поддтема

Читајте го почетокот на оваа лебедова песна...

СЕ СИТНИ ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ
Тито му украде тројца пратеници на Бучковски

Пратениците Славица Станковска, Иван Анастасовски и Јордан Михајловски ќе го напуштат СДСМ и ќе преминат во Нова социјалдемократска партија на Тито Петковски. Ова вчера го соопшти Петковски, кој најави дека во неговата партија ќе преминат и други пратеници. Преминот во НСДП вчера го потврдија Анастасовски и Станковска, а Михајловски беше недостапен.

- Не планирав нивните имиња да ги обелоденам сега, но за инает на Радмила Шекеринска, која изјави дека во НСДП нема да преминат пратеници, решив да кажам кои пратеници ќе преминат во мојата партија. Ако изборите се одржат во јуни, нема да правиме нова пратеничка група, но ако бидат во септември, ќе го официјализираме нашиот статус во Собранието како пратеничка група - изјави Петковски.

Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко вчера изјави дека немаат информации за новиот трансфер на пратениците и најави дека в недела лидерот на партијата Владо Бучковски ќе разговара со пратениците, по што работите ќе се разјаснеле.

Анастасовски најави дека утре ќе испрати писмено известување до Бучковски во кое ќе го извести зошто заминува во НСДП.

- Од неговиот избор за лидер меѓу нас имаше постојан конфликт, бидејќи отворено реков дека не го поддржав за лидер на партијата. По конгресот очекував дека работите ќе се нормализираат, но тоа не се случи, а тој продолжи со игнорантскиот однос кон мене - изјави Анастасовски.

Петковски најави дека во изборната кампања ќе се концентрира на аргументираната програма и како што рече "нема да се занимава со тендерите на Бучковски и становите на Груевски".

- Бучковски е исплашен, во паника е. Затоа постојано ги менува изјавите за датумот на изборите. Му порачувам да биде посмирен, да се спушти на земја. Во секоја нормална држава датумот на изборите е прецизиран со закон, а изборното законодавство не се менува најмалку една година пред гласањето. Кај нас така е дизајниран новиот изборен законик, за на изборите да има што помал одѕив - додаде Петковски.

Неофицијално дознаваме дека Бучковски в недела ќе побара поголемо единство од пратениците иако веќе им заминаа четворица. Во пратеничката група има големо незадоволство бидејќи голем дел од нив нема да се најдат на добитни места на кандидатските листи. (Т.П.)

:ija: :sekss: :kez: :star: :je:
 
B

BushMan

Гостин
15 Години УМС на ВМРО-ДПМНЕ

15 Години УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата на Млади Сили денеска славеше 15 години. Во универзална сала во Скопје се одржа конференција на која присустуваа над 2000 млади луѓе, членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери.
На конференцијата имаше збор Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Г-н Никола Груевски, Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ г-н Александар Николоски, Потпретседателката на DEMYC, Миа Магазин и Потпретседателката на EDS, Андис Кудос.
Никола Груевски ги презентираше првите 5 најглавни точки од изборната програма „Преродба во 100 чекори„.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нека им е честито.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Од причина што за секоја мала новост се отвараат нови теми што на крај завршуваат со еден коментар, оваа тема нека биде наменета за кракти вести од политиката и политичките партии.
 
B

BushMan

Гостин
humanoid напиша:
Од причина што за секоја мала новост се отвараат нови теми што на крај завршуваат со еден коментар, оваа тема нека биде наменета за кракти вести од политиката и политичките партии.
Можеби немаше да биде со еден коментар ако не ја префрлаше во Блиц вести каде што не ни погледнуваат форумџиите.
Ама ако нека е, кој незнае ке прочита.
 
B

BushMan

Гостин
СОБРАНИЕТО СЕ ОТВОРИ ЗА НАРОДОТ

СОБРАНИЕТО СЕ ОТВОРИ ЗА НАРОДОТ
Јордановски побара прошка од граѓаните
Не ставивме ограда изминатава година, но не знам дали го исполнивме нашето ветување и дали бевме добри пратеници, им се обрати Јордановски на граѓаните

Од мое и од името на пратениците барам прошка од вас ако не бевме добри пратеници и не го исполнивме ветувањето. Вака, како во црква, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски вчера побара прошка од граѓаните на отворањето на манифестацијата Денови на Собранието, која се одржува вторпат.

- Лани на отворањето на манифестацијата реков дека најсреќен ќе бидам ако годинава ја нема оградата пред Собранието, бидејќи би било многу непријатно да се браниме и штитиме од нашите граѓани, оти овој дом е ваш. Не ставивме ограда изминатава година, но не знам дали го исполнивме нашето ветување и дали бевме добри пратеници. Ако не сме ги исполниле вашите очекувања, барам прошка од вас. Никогаш не треба да бидеме задоволни од сработеното, а особено не самозадоволни, но сепак треба да ги одвоиме доброто од лошото и корисното од штетното - рече Јордановски.

Тој им порача на идните парламентарци да ја продолжат манифестацијата, за таа да стане традиционална. Јордановски изрази надеж дека Собранието за граѓаните нема да биде отворено само еден ден во годината, туку дека неговите порти ќе бидат отворени секој ден, како што е во европските и во светските парламенти.

Претседателот Јордановски им посака добредојде на граѓаните, бидејќи Собранието е нивен дом. Граѓаните до четврток ќе може во организирани групи да ја разгледаат внатрешноста, односно работните и свечените простории на претставничкиот дом.

Вчера повеќе групи од државата чекаа на ред за влез во Парламентот, а годинава на организираните тури најмногу ќе има средношколци.

На манифестацијата граѓаните ќе може да видат изложби на уметнички дела и на подароци што ги добивале претседателите и потпретседателите на Собранието, како и изложба на фотографии од позначајни настани и постојаната изложба од АСНОМ. Натпреварот по ораторство на кој учествуваат студенти од државните и приватните универзитети почна со песната од серискиот филм „Криминалистички приказни“. Во духот на Јордановски, кој побара прошка од граѓаните, и еден од студентите оратори, кој во својата тема ја критикуваше власта, побара „покајание“, а не да им се суди на функционерите што ги изневериле и им згрешиле на граѓаните.
 
B

BushMan

Гостин
СТРУМИЧКА ФУДБАЛСКА ПРЕДИГРА ЗА ИЗБОРИТЕ

Власта со спорни пенали ја победи опозицијата
Tимот на новинарите зајакнат со владиката Наум ја совлада екипата на градоначалниците со 9:4

Судиите се пристрасни, на власта и' досудија два пенала иако ги немаше, а против протекции не можеме да се бориме. Вака реагираа од тимот на опозицијата, откако прексиноќа во Струмица го загубија фудбалскиот дуел со власта. Благодарение на спорните пенали, кои ги досуди судијата Боро Николиќ, екипата на власта победи со 2:1 (1:1). Головите ги дадоа пратениците на ДУИ Јусуф Арифи и Рафиз Алити (пенал), а единствениот гол на опозицијата беше дело на Игор Гиевски.

В четврток, во скопската сала „Расадник“ тимот на власта во финалето ќе се сретне со екипата на новинарите. Избраниците на седмата сила во вториот полуфинален натпревар ја декласираа градоначалничката екипа на ЗЕЛС со 9:4. Во овој меч, струмичкиот владика Наум, кој ја зајакна екипата на новинарите, и струмичкиот градоначалник Зоран Заев беа најрасположени стрелци откако постигнаа по два хет-трика.

Според ждрепката, во првиот полуфинален натпревар во спортската сала „Парк“ во Струмица се сретнаа екипите на власта и на опозицијата. Власта ја предводеше премиерот Владо Бучковски, кој беше голман, министрите Владо Димов и Никола Поповски, пратениците Јани Макрадули, Тасим Сулејмановски, Јусуф Арифи, Рафиз Алити, Никола Апостолов и други. Селектор беше собранискиот спикер Љупчо Јордановски. Тој образложи дека лидерот на ДУИ Али Ахмети навреме го пријавил отсуството. Намалениот состав на опозицијата, кој го сочинуваа само играчите од ВМРО-НП и на ДПА, настапи без замени. Најистакнати беа голманот Блаже Стојановски, Ѓорѓи Трендафилов, Зуди Џелили, Игор Гиевски...

Во почетокот власта поведе со гол со глава на Јусуф Арифи, а пред крајот на првото полувреме израмни опозицијата со голот на Гиевски. Во второто полувреме возбудувањата се редеа како на филмска лента. Судијата Боро Николиќ и неговиот струмички колега Ристо Сејменов со досудувањето на двата пенала за власта го собра гневот на опозицијата, особено на пратеникот Горѓи Трендафилов, кој беше најупорен во истерувањето на правдата. Првиот пенал за власта го промаши пратеникот Никола Апостолов, а во вториот обид од линијата од седум метри прецизен беше Рафис Алити.


- Задоволен сум од прикажаното на мојот тим. Опозицијата сега беше посилна отколку на минатиот натпревар. Посакувам идната година екипите да имаат време и за неколкудневни подготовки за да можат да ги издржат напорите - рече Јордановски.

Голманот Владо Бучковски кусо изјави дека натпреварот бил фер и коректен, а победата на неговиот тим е заслужена.

Капитенот на опозицијата Игор Гиевски беше разочаран:

- Имавме хендикеп што немавме резервни играчи. Меѓутоа, судиите се главни виновници за нашиот пораз. Пеналите што ги досудија не постоеја воопшто, тие се измислени.

Во вториот натпревар настапија градоначалниците на Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Куманово, Дебар, Карпош и други општини. Во тимот на спортските новинари, најголемо изненадување беше настапот на струмичкиот владика Наум. Тој вети дека и в четврток ќе настапи за новинарскиот тим и ќе им помогне да забележат победа против екипата на власта.

- Новинарите имаа „божја помош“ во владиката. Можеби како градоначалници сме повешти од новинарите во давањето изјави, но со фудбалската топка не умееме баш најдобро - призна Андреј Петров, градоначалник на скопската општина Карпош.
 
B

BushMan

Гостин
СУДЕЊЕ ВО ПРИЛЕП
Пратеникот Караџоски се брани од обвинување за клевета
Не сум наклеветил никого, само сум поставил пратеничко прашање во Собранието, вака вчера пратеникот на ВМРО-Народна партија Жарко Караџоски се бранеше од обвинувањето за клевета.

Полицискиот инспектор Емил Јаневски, член на поранешното координативно тело на МВР за справување со бомбашките инциденти, го тужи пратеникот Караџоски зашто на собраниска седница во јануари годинава го нарекол „рекетар и човек што прави нереди“.

Караџоски, кој се брани без адвокат, побара тужбата да биде одбиена.

- Според членот 64 од Уставот со императивна норма е предвидено дека пратениците не можат да бидат повикани на кривична одговорност или притворени да искажуваат мислење на собраниска седница. Само го пренесов мислењето на граѓаните чии интереси ги застапувам како пратеник - рече Караџоски.

За одбраната на Јаневски, изјавите на Караџоски се клевета и тие немаат врска со пратеничките прашања.

- Караџоски не изнесол мислење, туку тврдење. Треба да се погледне видеозаписот и може да се види се' што кажал - изјави адвокатот Марјан Николовски.
 
B

BushMan

Гостин
ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК
ВМРО-ДПМНЕ открил 2.000 фантомски гласачи во Велес
Велешкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека на избирачкиот список за таа општина нашол 2.000 фантомски гласачи

Велешкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека избирачкиот список за таа општина нашол 2.000 фантомски гласачи и предупреди на можни изборни малверзации. Во Министерството за правда велат дека избирачкиот список е понуден на јавен увид, кој се' уште трае, и дека целта е да се провери дали во него има грешки, за да може да бидат поправени.

- Прочешлавме 70 отсто од списокот, кој брои 47 илјади гласачи. Констатиравме дека во него се запишани голем број луѓе што не постојат, се починати, ја смениле адресата или се во странство. Досега најдовме 2.045 вакви фантомски гласачи. Од друга страна, во списокот не се внесени лица што станале полнолетни, а некои гласачи воопшто ги нема. Ова создава терен за изборни нерегуларности.

- Ќе реагираме до ДИК, до подрачната единица на министерството за правда, ОБСЕ и до невладините организации што ќе ги следат изборите - изјави на вчерашната прес-конференција Горан Петров, претседател на велешкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Како пример за неправилностите во избирачкиот список за Велес, тој го посочи случајот со улицата Белградска број 1, каде што според нивните сознанија живеат седум луѓе, а на списокот се водат 18. Во списокот е запишан гласач што живее на улицата Белградска број 15 стан 11, а таму нема згради и висококатници, туку само куќи.

- Целта на јавниот увид е граѓаните да проверат дали се внесени во списокот и дали има грешки во податоците. Ако видат дека во списокот има луѓе кои починале, ако има промена на адреса на живеење, ако не се внесени лица кои станале полнолетни, ако некој граѓанин не е запишан и слично, тоа треба да се пријави во Министерството за правда или во неговите подрачни единици за тоа да се поправи. Тоа треба да го направат не само граѓаните туку и партиите кои ќе воочат грешки. Јавниот увид е за да се направи уште една проверка на списокот заради можните грешки по неговото ажурирање - вели Убавка Матевска, портпаролка во Министерството за правда.

Јавниот увид во избирачкиот список почна на 5 мај, а завршува на 19 мај. Освен класичниот увид во подрачните единици на Министерството за правда, овој пат на граѓаните им е овозможено да проверат дали се запишани во него и дали има грешки во нивните податоци и преку Интернет и преку фиксен или мобилен телефон.

- Граѓаните и другите заинтересирани треба да извршат увид во списокот најдоцна до 24 часот на 19 мај. Потоа избирачкиот список се затвора, а законот забранува интервенции во него по затворањето - вели Матевска.

Велешкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираше и на петочниот инцидент кога експлодира бомба пред ресторанот Булетус. За нив ова е веќе видено сценарио за да се отргне вниманието на јавноста од изборите и тешката економска состојба и да се фокусира на стабилноста. Тие сметаат дека подметната бомба е дело на поединци и служби во функција на предизборието.

- Велес не е изолиран случај, туку дел од низата инциденти што се случуваат во земјава. Вака не се организираат скандинавски избори - изјави Петров.
 
B

BushMan

Гостин
ПАРТИИТЕ ПОТПИШАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ФЕР ИЗБОРИ

ПАРТИИТЕ ПОТПИШАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ФЕР ИЗБОРИ
Изборите се нашата матура за во НАТО и ЕУ
Ви посакувам изборите на 5 јули да ги направите за чиста петка, им рече на политичките лидери американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ

За овие избори имате две сценарија: да имате гневна кампања, ниска излезност и многу инциденти или да имате позитивна кампања и чисти, слободни и фер избори. Првото сценарио ќе ја разочара меѓународната заедница, а интеграциите ќе ви станат далечна перспектива, второто ќе ви го трасира патот кон НАТО и ЕУ. Ви посакувам изборите на 5 јули да ги направите за чиста петка.

Со овие зборови, обраќајќи им се како на матуранти, американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ им посака на македонските политичките лидери да го положат испитот на демократска зрелост. Слични пораки на лидерите им испратија и европретставникот Ерван Фуере и претставниците на ОБСЕ, кои присуствуваа на вчерашното потпишување на декларацијата за фер и демократски избори организирано од претседателот Бранко Црвенковски.

По потпишувањето, премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски оцени дека партиите веќе демонстрирале европска култура. Лидерите на опозицијата изразија надеж дека партиите ќе ги сфатат предупредувачките пораки.

- Средбата беше дел од напорите на меѓународната заедница за да ја стави Македонија во ред и да ни помогне на овие избори да не ги уништиме шансите да се квалификуваме за полноправно членство во ЕУ. Познато е дека фер и демократски избори се прв услов за интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Мора да го почитуваме она што странците со сите сили се обидуваат да ни го укажат и да ни помогнат да го направиме - рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Премиерот Бучковски во декларацијата не гледа гаранција за фер избори, но ја потпишал затоа што не гледа ниту зијан од неа.

- Ние не само декларативно, туку и практично покажавме европска култура пред изборите и тоа кога власта и опозицијата со консензус го донесоа изборниот законик, го договорија составот на ДИК и за изборниот датум. Тоа е повеќе од една декларација, па јас сум оптимист дека овие избори ќе бидат подобри од сите претходни. Дипломатите ги научија сите наши мани и сугерираа. Нивните излагања може да послужат да се подигне јавната свест за потребата од фер и демократски избори, која кај политичките елити веќе постои - смета Бучковски.

Најкритичен беше лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој рече дека штом странците ги седнале на маса, јасно е дека никој од присутните не е ангел и има свој бекграунд на изборните неправилности. Тој повика да се гледа напред и „овој пат сите да работиме на тоа да не ја оспориме иднината на Македонија и на граѓаните“.

Декларацијата вчера ја потпишаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, ЛДП, ЛП и НСДП, а завчера се потпиша и ВМРО-НП.
За Црвенковски, партиите се најодговорни
Одговорност за регуларноста на изборите носиме сите, секој наш граѓанин, но најголемата одговорност ја имаат партиите што ја потпишаа декларацијата. Немам илузија дека самата декларација ќе биде гаранција за изборите, но се надевам дека секој политички лидер го стави својот потпис наполно свесен за одговорноста што ја носи. Поважно е какви ќе бидат изборите отколку кој ќе победи. Не смееме да дозволиме заради победата на некоја политичка опција по секоја цена, поразени да бидат сите наши граѓани - изјави претседателот Бранко Црвенковски по средбата со лидерите.

На новинарско прашање дали има информации оти албанските партии се подготвуваат за меѓусебна жестока и не само вербална пресметка на изборите, Црвенковски рече дека чул такви шпекулации, но оти од државните служби што ги следат состојбите на теренот не добил загрижувачки информации.
 
B

BushMan

Гостин
ИЗБОРНИ КАМПАЊИ

ИЗБОРНИ КАМПАЊИ
Парите ќе се бројат според минутите за реклама
Советот за радиодифузија и антикорупциската комисија ќе се обидат да дознаат колку пари навистина трошат партиите во рекламирање на своите изборна програми

Советот за радиодифузија и антикорупциската комисија ќе се обидат да дознаат колку пари навистина трошат партиите во кампања за рекламирање на своите изборна програми во медиумите. Тоа се најавува како прв чекор за поголема отчетност, бидејќи веќе 15 години ниедна политичка гарнитура не собра сили да донесе закон за финансирање на изборните кампањи.

Двете институции ќе побараат од медиумите ценовник за една минута медиумски пристап за платена политичка програма, за по мониторингот да се пресмета колку партиите потрошиле за реклама.

На собраниската комисија за политички систем, Советот за радиодифузија предложи таквата проверка да биде дел од правилата за рамноправен пристап во медиумското претставување за изборите. Пратениците побараа поригорозни казни за прекршителите.

Претходно, пратениците од власта и опозицијата се обвинуваа кој повеќе ја злоупотребувал МРТВ во последните 15 години за време на изборните кампањи. За нерамномерното медиумско претставување на партиите, Драго Шајноски од ВМРО-НП ги обвини политичарите и новинарите. Тој рече дека новинарите известуваат „како што им наредиле газдите“ и дека „прилегаат на тегли мајонез“ бидејќи не им се разликуваат извештаите.

Јанакие Витановски од СДСМ, смета дека медиумите веќе тераат кампања бидејќи ги објавуваат рејтинзите на партиите.

За Кенан Хасипи од ДПТ проблемот не е во медиумите, туку во финансирањето на политичките кампањи.

- Нема рамноправен медиумски пристап без контрола и транспарентност на финансирањето на кампањите. Лесно е да се префрла вината, но партиите се креатори на хаосот - вели Хасипи

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека треба да се прецизира кој и како ќе утврдува дали носителите на функции за време на кампања при настап на емисии што не се поврзани со изборите, со своите изјави не се во кампања.

Илјаз Халими од ДПА и Рафиз Алити од ДУИ се обвинуваа во чие време имало поголем информативен мрак. За Кире Гештаковски од СДСМ, доказ дека сегашната власт не спроведува таков мрак е едната камера со која МТВ секојдневно го придружува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Според предлог-одлуката, јавниот сервис МРТВ не смее да емитува платена политичка реклама, а приватниците може да емитуваат по 12 минути платена политичка реклама на еден час програма. МРТВ треба да обезбеди избалансирано време за бесплатно политичко претставување на политичките програми.
 
B

BushMan

Гостин
Црна Гора е независна и суверена држава

Сафет Бишевац
21.05.2006 Црна Гора е независна и суверена држава. Така решија нејзините граѓани. За независност гласаа 56,3% од граѓаните на Црна Гора, покажуваат прелиминарните и неофицијални резултати соопштени околу 21 часот и 15 минути од Центарот за мониторинг.
Гласаа рекорден број граѓани, дури 85% од вкупно 484.000 гласачи на избирачкиот список.
Иако беше најавен голем одзив, овој речиси неверојатен процент на излезеност потврдува дека двата блока, суверенистите на премиерот Мило Ѓукановиќ, кои беа за независност, и унионистите, кои се залагаа за одржување на заедницата со Србија, ги мобилизираа сите свои приврзаници.
Иако првичните неофицијални резултати Референдумската комисија, според најавите, ќе ги соопшти утре во 10 часот, славјето на оние кои се залагаат за независност веќе почна.
На централниот плоштад и пред Владата во Подгорица веќе има неколку илјади граѓани.
Со денешниот референдум е ставен крај на распадот на некогашната Југославија, а Црна Гора повторно е независна и суверена држава, каква беше до 1918 година.
 
B

BushMan

Гостин
Собранието во динамично темпо пред избори

Елизабета Галевска
21.05.2006 На неполн месец пред официјалниот старт на изборната кампања, на Собранието не му останува уште многу простор за работа.
Во динамичното темпо што го диктираше Бриселската агенда овој пратенички состав во финишот на мандатот го заокружи изборното законодавство, реформскиот пакет на закони од судството, што ја добија поддршката и на опозицијата.
Останува сосема неизвесно дали ќе се исполни и обврската да се донесе последниот од овој пакет, законот за полиција, кој ги бранува страстите во редовите на владината коалиција.
Неофицијално, законот ќе се најдел пред пратениците на посебна седница наредната недела. Официјално, владини извори не потврдуваат ваква опција.
Сепак, извесно е дека по речиси две години по првиот неуспешен обид да го донесе, парламентарното мнозинство ќе се обиде да обезбеди двотретинско мнозинство за законот за следење на комуникациите, кој е уште еден од приоритетните закони.
Веќе в понеделник, експресно, дневниот ред на собраниската седница ќе се дополни со измените на кривичниот законик.
Откако Црвенковски стави вето, ова ќе биде втор обид народњаците да ја добијат поддршката на владеачките пратеници. Се лобирало и кај ДУИ.
СДСМ не го променил ставот, но консултациите со експертите, велат партиски извори, продолжуваат. Конечната одлука ќе се носи на координација пред самата седница.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
BushMan напиша:
Црна Гора е независна и суверена држава

Сафет Бишевац
21.05.2006 Црна Гора е независна и суверена држава. Така решија нејзините граѓани. За независност гласаа 56,3% од граѓаните на Црна Гора, покажуваат прелиминарните и неофицијални резултати соопштени околу 21 часот и 15 минути од Центарот за мониторинг.
Гласаа рекорден број граѓани, дури 85% од вкупно 484.000 гласачи на избирачкиот список.
Иако беше најавен голем одзив, овој речиси неверојатен процент на излезеност потврдува дека двата блока, суверенистите на премиерот Мило Ѓукановиќ, кои беа за независност, и унионистите, кои се залагаа за одржување на заедницата со Србија, ги мобилизираа сите свои приврзаници.
Иако првичните неофицијални резултати Референдумската комисија, според најавите, ќе ги соопшти утре во 10 часот, славјето на оние кои се залагаат за независност веќе почна.
На централниот плоштад и пред Владата во Подгорица веќе има неколку илјади граѓани.
Со денешниот референдум е ставен крај на распадот на некогашната Југославија, а Црна Гора повторно е независна и суверена држава, каква беше до 1918 година.
Epa redno bese..sega uste Vojvodina, Kosova i taka i taka im otide i ke si ostanat Belgradski pasaluk kako sto i od sekogas bile. Cestito na crnogorcite!
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
i crna gora se otkaci od kandzite na belgrad, sepak cestito
 

Kajgana Shop

На врв Bottom