Битолскиот манастир?

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
....во деведесетите гледав документарец за еден мастир во Битолско....ја завршија камбанеријата но крст не беа ставиле...на сон на еден од селаните му дошол светецот (покровиел на црквата) и му кажал да подготви крст и да го стави, зошто без него манастирот не бил цел....

по неколку дена човеков направил еден помал крст и лесно го намонтирале на камбанеријата....но ден потоа повторно се појавил истиот светеци го укорил како крстот е премал и несоодветен за манстирот...овој пат му дал прецизни мерки и облик за како да изгледа крстот......

поминале неколку недели крстот конечно бил готов но имало проблем..бил преголем за да се постави...манастирот предалеку и предлабоко во планината за да се викне кран........


селаниве се обракаат кај унпрофорциве во тоа време и бараат хеликоптер на помош по што овие нели се согласуваат ама само на ден.....доага хеликоптерот го прикачуваат крстот и таман кога ке се доближи до камбанеријата почнува да дува еден силен ветар ..ама од никаде...го ниша крстот ги ниша унпрофорциве...многу филмски...ова се снимено на мтв.....

не успеваат да го монтираат, го повлекуваат хеликоптерот, со напомена дека се е пробано но невозможно е повторно доагање поради средства безбедност и ангажман....

и еве го интересното

по некоку дена командирот на единицата кој беше некаде од Данска ли не знам..од север...илијадници километри од тука...друга вера друга нација друга култура....го сонува истиот тој светец кој му кажува дека денот на поставувањето бил погрешен(не ми текнува зошто) и дека крстот мора да се монтира на тој и тој ден.....

командиров будење и палење хеликоптерот и цела екипа со него, правец битолско, мотажа на крстот за 5 минути........


ох..се изнапишував..ако има некој поточни информации за манастирот нека ми пише...10 години ми тежи прикаскава....ептен ми се оди а не знам ни кај е ни што е ..а ако можам и документарецот да го најдам ке биде супер.... __________________

на форум политика

И господ е на наша страна, изусти Цркањас, навреден и изреволтиран пред неправдата која не него туку нам ни беше направена....децата се смеа пцуеаи колнеа...и наместо укор од своите учители добија сила да бидат погласни посвирепи..по нелуге....


моменти потоа силен ветер го искорна насилум поставеното грчко знаме на единствената Македонска црква во Егејот....

информацијата ја потврди канал 5
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
НАСТАНОТ НЕ БЕШЕ ВО БИТОЛСКО, ТУКУ ВО ПРИЛЕПСКО!
Поточно во селото Стровја црква Св.Илија. Бев присутен на лице место. А случката после ветерот, е точна. Дојде специјален хеликоптер на нато од Данска и се сврши работата.
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Хм...интересно...и кај е тој манастир поточно...како се вика???
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Елена ако не ти е мрза поглед нагоре мољам :smir:
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Ауу да,леле....очите ми го скокнаја постот некако...не знам зошто.:) Фала шо ме упати.:)
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
НАСТАНОТ НЕ БЕШЕ ВО БИТОЛСКО, ТУКУ ВО ПРИЛЕПСКО!
Поточно во селото Стровја црква Св.Илија. Бев присутен на лице место. А случката после ветерот, е точна. Дојде специјален хеликоптер на нато од Данска и се сврши работата.
NE BILO DO VETROT DO SPECIJALNIOT HELIHOPTER BILO
 

Kajgana Shop

На врв Bottom