Проблемот мислам а и истово во емисијата специјална шѕо ја имаа Алфа го кажа Камиказа од музичкатагрупа Меморија е тоа што многу помалку се снимаат филмови и серии во текот на една година па актерите немаат многу прилагодување и подобрување во серии и филмови.Концерт е воа или серија? Шо е со музикава? Ми ги отекоа мадињава бистра водооооооо..... секоја сцена излепена со глупа музика, ушите ме болат.
Никакво дејствие, никаква подлога нафрлени сцени испозалепени една врз друга без никаква конотација.
Сите до еден да седнат да изгледаат една епизода од модерна серија да видат барем како се гради серија.
Со ништо не ме привлече ниеден лик да знам нешто повеќе и да ме заинтригира што прави чоеков кој е чоеков, никој не ми остави никаков впечаток.
Нормално капак на се тоа што Сашко Коцев им го зборуваше на стенд ап пред точно 20 години уште не го научиле...
Доста бе со тоа литературниот македонски говор по сериите, по вештачкото креирано движење и вештачки однос. 0 хемија помеѓу сите актери.
Севкупно земено пак разочарување од македонските филмаџии. Мило ми е, и го поштувам тоа што одвоиле пари и време да направат нешто наше, ама дечки нажалост далеку сте и од просечен квалитет.
Мое мислење повеќе актерите го имаат она специфично театарско глумење. Ни треба да повеќе филмови и серии снимање за да почнат актерите особено помладата генерација да не се само на левел театарски глумење.