Библија - инспирација, провокација, манипулација...

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Честопати наидувам на жестоки расправии, полемики, одбрани или напади во врска со интерпретацијата на делови од Книгата. Во такви ситуации најчесто останувам со впечаток дека кон содржината се пристапува буквално, така се цитира, така се плука...
Јас лично ја доживувам како философска книга (ова особено важи за Новиот завет), втемелена на личен опит, анализа и визија, но спакувана во вид на приказни, и ме воодушевува кога ја препознавам во мотивите на некои уметнички дела, но почесто ме згрозува кога од страна на една изопачена институција на човечкото его и вампирската жед за власт се користи како рампа за креативноста и индивидуалноста!
Што мислат другите на оваа тема?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Хеј, каква добра тема. :back:

Според мене, библијата е едно прекрасно дело за воспитување на децата ширум светот. Тоа го велам, бидејќи пред извесен период налетав на еден интересен податок, во врска со некоја од источните религии. Покрај едно населено место, потои ооогромен храм кој е исцртан по ѕидовите, и служи како училиште за животот. Секој спрат е нова лекција и требаат буквално години и години додека се стигне до врвот, по кој веќе си возрасен човек. Библијата треба токму за тоа да служи, тоа е буквар на животот.

Велат библијата ја пишувале луѓе преку кои говорел Бог. Кому му е грижа ако ме прашате мене... важно е дека фантастично е напишана, толку едноставно за секој да може да ја разбере, а сепак со толку голема поента. Таа има вредност во себе, и уметничка и животна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom