Библијата го ПРИЗНАВА Мухамед за ПРОРОК

Статус
Затворена за нови мислења.
A

ateist

Гостин
Библијата го ПРИЗНАВА Мухамед за ПРОРОК

Со цел стекнување на некаква предност се оди до степен на целосно негирање на другата страна . Се поставува прашањето дали Мухамед бил пророк .

Но за таа работа Библијата веќе напишала ДЕФИНИЦИЈА :

Дефиниција за Пророк :

Еремија: 28:9 Но за пророкот што пророкува МИР ( БЕЗКОНФЛИКТНОСТ) можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”

Римјаните: 10:15 И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”

Значи тоа е дефиницијата .!

Библијата само еден пророк прорекла ( пророк кој бил предмет на претскажување од други пророци) а тоа е пророкот Емануил ( кој се нарекол Исус – Христос ).

Исаија: 7:14 Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!
Матеј: 1:23 ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел,

Дела Ап.: 3:22 Зашто Мојсеј рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк - како мене, слушајте Го Него во сè што ќе ви рече!
7:37 Тоа е Мојсеј, кој им рече на Израелевите синови: „Бог ќе ви издигне, меѓу вашите браќа, пророк како мене Него послушајте Го.”

Марко: 6:4 А Исус им рече: „Пророк не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.”

Лука: 4:24 Тогаш им рече: „ Вистина ви велам, дека ниеден пророк не е примен во својата родина.

Значи самиот пророк Емануил (Исус –Христос) ја Исполнил дефиницијата па го искористил правото и се нарекол (сам себе ) Син Божји = Син на Богот на Мирот =безконфликтноста

Матеј: 5:9 Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат НАРЕЧЕНИ синови Божји
Римјаните: 9:26 и така ќе се случи дека на местото, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ,” таму ќе бидат НАРЕЧЕНИ синови на живиот Бог.”
Лука: 10:6 И ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на неа; а ако ли не, ќе се врати при вас.

Значи и другите имале право да се НАРЕЧАТ божји синови = синови на богот на мирот

МУХАМЕД НЕЕ ПРЕТСКАЖАН ВО БИБЛИЈАТА
НО ТОА НЕЕ НИТУ БИТНО ОТИ БИБЛИЈАТА ДАЛА ДЕФИНИЦИЈА КОЈА МОРА СЕКОЈ ПРОРОК ДА ЈА ИСПОЛНИ

Дали Мухамед ги исполнил критериумите кој се зададени во дефиницијата ?

1) ПРОРОКУВАЛ ПРОПОВЕДАЛ МИР !

Сура 2. Ел-Бекара Џуз 2

208. О верници, нека ТРАЕН МИР биде меѓу вас.

ИСПОЛНЕТ УСЛОВ ! ИМ ПРОПОВЕДАЛ МИР=БЕЗКОНФЛИКТНОСТ
.
.

2) ПРОРОШТВО СЕ ИСПОЛНИЛО


Сура 30. Ер-Рум Џуз 21
2. Византијците се победени,
3. во земјата соседна: по поразот нивни ќе победат
4. за неколку години. Наред-бата е - Аллахова и пред и по.На Денот тој ќе ќ се радуваат верниците
5. на помошта Аллахова. Онпомага кому сака. Он е Силен иСомилосен!
6. Ветувањето е - Аллахово. ААллах не го изневерува вету-вањето Свое. Но, мнозинствотона луѓето не знаат!


3 ) ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОДМАЗДАТА .......... НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕСМЕЕ ДА СЕ УНИШТУВА МАЛТРЕТИРА

Пословици: 25:21 Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода,
Римјаните: 12:20 Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го!
2 ЦАРЕВИ Глава 6
21 Кога ги виде царот на Израел, му рече на Елисеј: „Дали треба да бидат погубени, татко мој?”
22 А тој одговори: „Немој да ги убиваш. Зар ќе ги убиеш оние што не ги зароби со својот лак и меч? Дај им леб и вода, за да јадат и да пијат, и нека се вратат при својот господар.”
23 Царот им даде голема гозба. Откако јадеа и пиеја, ги пушти. И се вратија при својот господар. И така арамејските грабачи веќе не навлегуваа на израелска почва.

Мухамед и овој услов го исполнил .не ги уништувал непријателите ниту им се одмаздувал .
ЗА РАЗЛИКА ОД :
Според досегашните историските сознанија, Самоил (956 г) починал неколку месеци по битката на Беласица, на 26 јули 1014 година, во која Македонската војска била поразена од Византискиот цар Василиј II.

Во битката биле ослепени 14,000 Македонски војници на Самоил од Византијците

Дела Ап.:
13:1 Во Антиохиската црква имаше пророци и учители: Варнава, и Симеон наречен Нигер, па Луциј Киринеец, Манаин, кој беше воспитан заедно со четворовласникот Ирод, и Савле.
15:32 Јуда пак и Сила, кои и самите беа пророци, ги тешеа и ги утврдуваа браќата со многу зборови.
1 Коринтјани: 12:28 И Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци

ЈАСНО ДЕКА БИБЛИЈАТА НЕ ВЕЛИ ДЕКА ЕМАНУИЛ-ИСУС БИЛ ПОСЛЕДНИОТ ПРОРОК ТУКУ ИМАЛО И ПОСЛЕ НЕГО

ЗНАЧИ : СПОРЕД БИБЛИЈАТА

1) МУХАМЕД НЕ Е СПОРЕН

2) КУРАНОТ НЕЕ СПОРЕН

3) ИСЛАМОТ Е СПОРЕН ОТИ НЕМА ВРСКА СО КУРАНОТ .
.
 
S

smart ass

Гостин
Дефиниција за Пророк :

Еремија: 28:9 Но за пророкот што пророкува МИР ( БЕЗКОНФЛИКТНОСТ) можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”
eепа не оди...има посебен закон...мухамед проповедал други заповеди,ритуали...
 
A

ateist

Гостин
eепа не оди...има посебен закон...мухамед проповедал други заповеди,ритуали...
Остај ти Исламот кој исто како и православие католицизам протестантизам е обична човечка ИЗМИСЛИЦА = драпешник .

НЕМА РАЗЛИКА МЕЃУ КУРАН И БИБЛИЈА .
ПОЕНТАТА Е ИСТА !

ЕВЕ :

1) ОД КУРАНОТ

Сура 78. Ен-Небе« ЏузЗО
21. Џехеннемот (пеколот ), навистина, е во заседа.

22. за УГНЕТУИВАЧИТЕ место навраќање,
23. и во Џехеннемот за навекќе останат,
24. и не ќе вкусат ништо ладно,ни напивка некаква,
25. освен жешка вода, смрдли-ва,
26. како награда соодветна!
27. Оние, навистина, не се надеваа на Сметката,
28. и ги сметаа за лажни,лажејќи, ајетите Наши,

Сура 42. Еш-Шуара Џуз25

42. А за оние кои прават зулум на луѓето и кои, бесправно, по земјата УГНЕТУВААТ ... праксата таква, навистина, ќе им донесе казна болна.

2) ОД БИБЛИЈАТА

Исаија: 14:12 Како падна од небото Деницо (Бивш Светлоносецу – Ѓаволу-Сатано ), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, УГНЕТУВАЧУ на народите?

Еремија: 21:12 Давидов доме! Господ зборува вака: „Судете праведно секое утро, избавете ги угнетуваните од рацете на УНЕТУВАЧОТ , или Мојот гнев ќе пламне како оган, ќе се распали неугасливо заради вашите зли дела.

Исаија: 16:4 Остави ги протераните да престојуваат при Тебе, Моаве, биди им закрила пред разурнувачот. Кога ќе докрајчи измачувачот, кога ќе го снема опустувачот, кога ќе исчезне угнетувачот од земјата,

Исаија: 19:20 Тоа ќе биде знак на Господа над Воинствата и сведоштво во Египетската Земја. Кога ќе Го повикаат Господа ПРОТИВ УГНЕТУВАЧИТЕ, Тој ќе им испрати СПАСИТЕЛ и ВОДАЧ за да ги избави.

Матеј: 23:10 А вие не наречувајте се водачи - зашто е Еден вашиот ВОДАЧ - Христос, а вие сите сте браќа. ---- рекол Исус Христос

Матеј: 20:25 А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги УГНЕТУВААТ.
Јаков: 2:6 А вие го презревте сиромавиот! Не се ли богатите тие, кои ве УГНЕТУВААТ и ве влечат по судилиштата?

Евангелие по Лука 16 :

15 И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”

19 ”А беше еден богат човек, кој се облекуваше во црвено сукно и во ленено платно и се веселеше сјајно секој ден.
20 А еден сиромав, по име Лазар,
22 И сиромавиот умре,
23 умре и богатиот и го погребаа. А во ПЕКОЛОТ (Џехеннемот ), во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило,
24 и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’
25 Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш.
26 Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’
.
.
.
.
..
НЕМА РАЛИКА МЕЃУ КУРАНОТ И БИБЛИЈАТА !

А разликите меѓу Ислам Православ Католик Потестант ....не се битни ....секогаш некој може да си измисли свој правила безброј нови правила како му чини ...драпешници за да си даде на значение (што го нема и неможе да го има ) а не за нешто друго .
 
Г

Господ

Гостин
Амм пророк е човек кој под дејствие на магичните печурки на брат му изиграва гајтан за комуникација меѓу рајата и невидливиот човек.
Значи зависи од тоа каков е тој бог(и печурките)овој не мора да бае и проповеда мир нели :smir:
Еве на пример пророкот на Марс не би пороповедал мир нели

пс А јас мислев дека се што пишува во библијата се бабини деветини:toe:
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Си го видел ти Мухамед дека проповедува? Или веруваш во него како атеист? ;)

Куранот е направен многу подоцна од библијата и е тешка копија.
Треба да проповедаш мир преку Бог а не преку некој замислен пријател(Алах)
 
Г

Господ

Гостин
Па и христијанството има зедено еден куп ствари од постарите религии па никому ништо.
Инаку верувам во Мухамед исто колу што верувам во Терминатор и Бетмен.
A Алах не ли е истиот Бог на кој му се молат христијаните?
И еве да речеме пророкот на Марс дали ќе проповеда војна или мир?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Која е таа Библија, во која што се спомнува Мухамед?

Новиот Завет е пишуван 20тина години по воскресението на Исус. Околу 40тите години, а најстариот примерок датира од 138 година.

Мухамед е роден 570 година.

Од Стариот завет, најстари примероци преведени, датираат од 200 до 400тата година...

Мухамед е роден 570 година.

Какви глупости трескате?

Не ме интересираат парафразирањата од делата апостолски. Ме интересира претензиозноста на ateist како отварач на оваа тема, со неговото дека самото Свето писмо го признава Мухамед за пророк.

Притоа, а гледам заборавил, дека Библијата и нејзините проповедници, не ги гонат „неверниците“.
 
Г

Господ

Гостин
Претпоставувам дека ateist сака да каже дека Библијата поставила стандарди за пророк,и Мухамед ги исполнил.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Претпоставувам дека ateist сака да каже дека Библијата поставила стандарди за пророк,и Мухамед ги исполнил.
И тука доаѓа на израз инфериорноста на исламот, при утврдување на вреднувањето на Мухамед, ја земаат за репер Библијата.

Глупа тема. Глуп концепт.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
И тука доаѓа на израз инфериорноста на исламот, при утврдување на вреднувањето на Мухамед, ја земаат за репер Библијата.

Глупа тема. Глуп концепт.
Ko prvo, Islamot za vrednuvanje na Muhamed ne ja zima za reper Biblijata.
Ko vtoro, i da ja zima, ne e nikakva inferiornost toa, Islamot na mosne ekspliciten nacin ja priznava Biblijata kako nejzin del. :toe:
 
Г

Господ

Гостин
Од утре и Хари Потер ќе биде пророк а седумте тома ќе станат составен дел на Коранот:toe:
Коранот како најнова од модерниве религии многу нормално дека ќе признае(ископира) се што им одговара од постарите па да може на ваков
начин после да бара поддршка од нив,демек абе тоа ние исти Бог славиме ама различно сите го викаме.Ние Јехова,вие Алах други Трајче и така натаму.
Ама коа ќе им ги спомнеш политеистичките религии тие не чинат.:toe:
Сум рекол 100 пати пак ќе речам Света Книга се толкува на кој како му текне исто ко глупостите што ги пишувал Нострадамус и што ги тресела Ванѓа.
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Глупости живи,како може библијата да го признава не сфаќам,кога тој е роден подоцна.Абе ајде бегај таму,канта.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Глупости живи,како може библијата да го признава не сфаќам,кога тој е роден подоцна.Абе ајде бегај таму,канта.
Ako veruvas vo svetosta na Biblijata, mozes i vo toa da veruvas. Ako zborovite vo Biblijata se Bozji zborovi, Bog znae se, i sto se desilo i sto ke se desi vo idnina. :toe:
 
Г

Господ

Гостин
Глупости живи,како може библијата да го признава не сфаќам,кога тој е роден подоцна.Абе ајде бегај таму,канта.
Читни го првиот пост ќе ти стане јасно дека Мухамед не е спомнат во Билбијата туку дека таа дала дефиниција за тоа какви стандарди треба да исполнува едне пророк.
Мухамед ги исполнил тие и затоа Библијата се согласува дека е сведок.
Тоа ти е исто ко да бараш од закон за педофилија да ти ги наброи сите педофили што постојат дај читајте малку.

МУХАМЕД НЕЕ ПРЕТСКАЖАН ВО БИБЛИЈАТА
НО ТОА НЕЕ НИТУ БИТНО ОТИ БИБЛИЈАТА ДАЛА ДЕФИНИЦИЈА КОЈА МОРА СЕКОЈ ПРОРОК ДА ЈА ИСПОЛНИ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom