Бер Грилс доби отказ од Discovery

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Едвард Мајкл Грилс, познат како Бер (анг. мечка) Грилс, човекот кој си ја пиеше својата урина, преживуваше жед, глад, болка, а стана најпознат по неговата емисија на Discovery, „Man vs. Wild“, доби отказ од оваа телевизиската куќа.
ber-grils-dobi-otkaz-od-discovery-77583.jpg

Грилс е најпознат во јавноста по јадењето инсекти и „преработување“ на неговата урина во течност за пиење во емисијата која ја води од 2006-та и во која покажува како да се преживее во најзафрлените делови на Земјата, користејќи само материјали што се наоѓаат во дивината, во шоуто за преживување „Man Vs. Wild“.

Како причини поради кои Грилс доби отказ после шест снимени сезони на „Man vs. Wild“ се наведуваат несогласувањата со Discovery, кои од него барале да учествува во уште два нивни проекти. Поради неможноста да најдат заеднички компромис, Discovery се откажа од сите моментални продукции со него, што значи дека Грилс сега навистина ќе треба да се потпре на своите вештини за преживување.

„Целта на Грилс е секогаш да прави ’силни’ емисии за своите бројни обожаватели низ целиот свет, а врз себе презеде многу големи ризици за Discovery да има толку наградуван програм во текот на сите сезони“, вели гласноговорникот на Грилс, Хедер Круг за People.
Таа исто така соопшти дека Грилс ја обожава својата емисија и ќе настојува да најде начин за да презентира слични содржини пред целиот свет

http://kajgana.com/ber-grils-dobi-otkaz-od-discovery

Нели во последно време добро му одеше со Worst Case Scenario ? Човекот уште што не напраи за Discovery... инаку дали ова значи дека повеќе нема да ги емитуваат неговите емисии ?
 
Ее мадафака, само ради овој гледав Дискавери. Да се надеваме дека друга тв куќа ќе ги откупи правата.
 
Сега МТВ може да му излезе во пресрет.
 
Bear-Grylls-Eats-Actual-Food_o_96816.jpg

Ради ова добил отказ!

Ќе ме лаже тој мене, преживувал..како да не :P
 
Discovery се откажа од сите моментални продукции со него, што значи дека Грилс сега навистина ќе треба да се потпре на своите вештини за преживување.
Јаден човеков, нема леб да јаде.
 
Тој шо му дал отказ си ја запечатил судбината.
BTW од кај вади пари Дискавери???
 
Факт е дека емисијата му беше топ. Оваа слика со јадењево нема да ми го смени мислењето за него што сака нека јаде. Инаку Дискавери очигледно не се гледале штом викате дека само тоа вреди. Ви го препорачувам Dual Survival со Коди и Дејв, има многу добри емисии што вредат да се гледаат.
 
и man womаn wild :)
 
Мислам дека фотошоп беше сликата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom