Едвард Мајкл Грилс, познат како Бер (анг. мечка) Грилс, човекот кој си ја пиеше својата урина, преживуваше жед, глад, болка, а стана најпознат по неговата емисија на Discovery, „Man vs. Wild“, доби отказ од оваа телевизиската куќа.
Грилс е најпознат во јавноста по јадењето инсекти и „преработување“ на неговата урина во течност за пиење во емисијата која ја води од 2006-та и во која покажува како да се преживее во најзафрлените делови на Земјата, користејќи само материјали што се наоѓаат во дивината, во шоуто за преживување „Man Vs. Wild“.
Како причини поради кои Грилс доби отказ после шест снимени сезони на „Man vs. Wild“ се наведуваат несогласувањата со Discovery, кои од него барале да учествува во уште два нивни проекти. Поради неможноста да најдат заеднички компромис, Discovery се откажа од сите моментални продукции со него, што значи дека Грилс сега навистина ќе треба да се потпре на своите вештини за преживување.
„Целта на Грилс е секогаш да прави ’силни’ емисии за своите бројни обожаватели низ целиот свет, а врз себе презеде многу големи ризици за Discovery да има толку наградуван програм во текот на сите сезони“, вели гласноговорникот на Грилс, Хедер Круг за People.
Таа исто така соопшти дека Грилс ја обожава својата емисија и ќе настојува да најде начин за да презентира слични содржини пред целиот свет
http://kajgana.com/ber-grils-dobi-otkaz-od-discovery
Нели во последно време добро му одеше со Worst Case Scenario ? Човекот уште што не напраи за Discovery... инаку дали ова значи дека повеќе нема да ги емитуваат неговите емисии ?