- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.478
- Поени од реакции
- 5.932
Малцинствата во Албанија во наредните четири години ќе бидат правилно застапени во институциите на власта, изјави Албанскиот премиер Сали Бериша.
Бериша синоќа претставувајќи ја изборната програма на партијата пред стартот на официјалната изборна кампања за парламентарните избори закажани за 28 јуни , додаде дека владата во наредниот период посебно внимание ќе посвети на малцинствата во земјата, јави дописникот на Макфакс.
Во коалицијата што ја предвиди Демократската партија на Сали Бериша е и партијата на Македонците во Албанија - „Македонската алијанса за европски интеграции“.
Документот што го потпишаа македонската и Демократската партија предвидува правилна застапеност на македонското малцинство во институциите на власта во Албанија.
Бериша во програмата како главни точки ги посочи влегувањето на Албанија во ЕУ во 2013 година како и вработување на над 160 илјади лица.
Лидерот на демократите изрази целосен оптимизам за победа на престојните избори во земјата, за кои рече дека се од големо значење за продолжување на успесите на Албанија, како за економскиот раст, така и за интеграцијата во структурите на Унијата.
Приемот во НАТО на Албанија е само доказ дека во минатите четири години Демократите успешно ја водеа земјата , рече Бериша.
Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.