Бегање од проблеми - решение или самозалажување?

M

M del Mar

Гостин
"да оставиш се и буквално да не се замараш со ништо"
- колку и да целиш кон тоа да не се замараш и да оставиш се, да не превземеш акција, нешто што те мачи(некој посериозен проблем, не нешто банално, апсурдно), нешто што ти претставува проблем ќе биде присутно во твоите мисли постојано и ќе те измачува додека не го отстраниш.
Со бегањето од проблемите не постигнуваме ништо, само го оставаме истиот на листата за чекање за решавање, па кога тогаш ќе мораме да се соочиме со истиот, а тоа најчесто е во непогоден момент.
А возможно е и нештото, од еден (нерешен) проблем да се јават други проблеми.

"Едноставно факт е дека живееме во реалност која е убава"
-Не би рекла!Реалноста е сурова и немилосрдна, да не се залажуваме, ние само си ја филуваме и приспособуваме онака како на нас ни одговара, па затоа понекогаш се ни изгледа прекрасно, убаво и "совршено", но зад тоа се крие вистинската реалност како што кажав.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
"Едноставно факт е дека живееме во реалност која е убава"
-Не би рекла!Реалноста е сурова и немилосрдна, да не се залажуваме, ние само си ја филуваме и приспособуваме онака како на нас ни одговара, па затоа понекогаш се ни изгледа прекрасно, убаво и "совршено", но зад тоа се крие вистинската реалност како што кажав.

Не се замарам многу со тоа каква е реалноста СЕГА,таа е таква каква што е и сум задоволен и благодарен,повеќе се сосредоточувам на тоа каква сакам да ми биде мојата реалност УТРЕ.Па мислам дека не е интересно ако се е идеално и совршено,ако се ни е на дофат и можеме да уживаме во се што ќе посакаме во кое било време,затоа тука сме за да ја насочиме на подобро..:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom