Барам податоци за тортури врз Македонците во Бугариjа

Член од
15 февруари 2007
Мислења
114
Поени од реакции
0
Би сакал да ми дадете конкретни податоци за тортурите врз етничките Македонци во Бугариjа од страна на бугарските државни институции. Овде, па општо и во македонската jавност, многу се зборува за тоа, али на нет практички нема многу материали. Еве пример за немање на такви сведоштва - саjтот на Телевизиjа А1:


1. Прославата на гробот на Jане Сандански во 2006:

Одбележување на 91 година од смртта наСандански

23.04.2006

Не сакаме повеќе бугарски ќотек. Нехумани се вашите пресии и затворски казни со кои не измачувавте со децении. Само поради тоа што сме Македонци, секој трет тврдокорен од Пиринскиот дел, ја почувствува суровоста на еклатантното кршење на човековите права од страна на бугарската држава.
Ова беше дел од пораката што ја упатија дел од присутните на Рожденскиот манастир, местото кадешто пред 91 година е убиен и погребан Јане Сандански. На неговиот гроб се поклонија неколку стотици Македонци од Пирин, Егеј и повеќе градови од РМ, претставници на Сојузот на здруженија на децата бегалци.
Иако беше најавено, на официјалниот датум од смртта на Сандански не пристигна македонскиот амбасадор.
„Да запалиме свеќи и за македонските жртви на бугарскиот државен тероризам“, вели Јордан Костадинов, претседател на ОМО-Илинден.
Под силно обезбедување на неуниформирани полицајци кои беа во улога на набљудувачи, за прв пат во изминатите 16 години, овој 4 часовен настан помина без нарушување на безбедноста.
Сепак, меѓу присутните Македонци се чувствуваше страв од судир помеѓу ОМО-Илинден и ОМО-Илинден Пирин кои пред само една седмица од истиот простор ги избркаа луѓето кои сакаа да се поклонат пред моштите на Сандански.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61752

2. Прославата на гробот на Jане Сандански во 2005:

Чествувања по повод 90 години од убиството на Сандански

23.04.2005

По неколку години заедничко чествување по повод 90 години од убиството на Јане Сандански, годинава одделни прослави на двете најголеми македонски организации во Бугарија.
Денешниот собир во Роженскиот манастир е во организација на ОМО Илинден, додека за утре е најавен собир во организација на ОМО Пирин.
Пред гостите дојдени од Вардарска и Егејска Македонија, како и од Мала Преспа, денеска говореле претседателот на ОМО Илинден, Јордан Константинов, и членот на Управниот одбор, Димитар Парасков, а панихида за Јане Сандански одржал архимандритот Никодин Царкњас.
Собирот минал без инциденти, но со засилено присуство на бугарските служби за безбедност. Познавачи на состојбите меѓу Македонците во Бугарија за А1 коментираат дека всушност се работи за вештачка поделба и конфликт на персонално ниво меѓу Македонците во Бугарија.
Поделбата на радикални и умерени Македонци во Бугарија, која се пласира од одредени политички центри, нема реална основа откако ОМО Илинден прекина со своите барања, кои во бугарската јавност беа нарекувани радикални и екстремни, велат изворите на А1.
Одделната прослава на Македонците во Бугарија и конфликтот што постои меѓу нив е дополнително помогнат и од нерешителноста на македонското МНР и внатре владините игри, поради кои Македонија веќе неколку месеци нема свој амбасадор во Софија, откако Љубиша Георгиевски се врати во Македонија.
Пиринскиот цар Јане Сандански е убиен на 22 април 1915 година во месноста Пирински блата на Пирин планина.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=45721
Втор ден од чествувањето на 90-годишнината од смртта на Сандански

24.04.2005


Јане Сандански

90-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Јане Сандански денеска во Роженскиот манастир во Бугарија се прослави со голем народен собир.
Со панихида, која се одржа на неговиот гроб, во присуство на македонска делегација, му беше оддадена почит на македонскиот револуционер, кој се бореше за обединување на Македонците и остварување на нивните права.
Сепак, Македонците и на неговиот гроб останаа поделени. Денеска прославата ја предводеше ОМО Илинден Пирин, а вчера ОМО Илинден, со тоа што денешната атмосфера беше зачинета со провокациите на ВМРО СМД, партија на Красимир Каракачанов. Тие со бугарски знамиња се обидоа да и дадат друга боја на прославата.
Сепак, и ОМО Илинден, и ОМО Илинден Пирин ги искажаа уште еднаш своите цели.
За Иван Гаргавелов, претседателот на ОМО Илинден Пирин, целта и интересите на двете организации се исти - обединување на Македонците.
Двете организации за правата на Македонците се борат околу 15 години. Бугарската власт ги намали притисоците, но сепак и двете организации не можат легално да се регистрираат.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=45744

3. Прославата на гробот на Jане Сандански во 2004 - на саjтот на А1 нема информациjа.

4. Прославата на гробот на Jане Сандански во 2003:

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански

20.04.2003

Во Рожденскиот манастир на Пирин Планина денеска е одбележана 88-годишнината од убиството на легендарниот македонски револуционер Јане Сандански.
Како што јави Македонското радио, првпат сите организации на Македонците во Бугарија заеднички организираа чествување посветено на „пиринскиот цар Јане“.
Неколку илјади Македонци од Македонија, Грција, Албанија, како и од дијаспората, денешниот празник Цветници го поминаа во Рожденскиот манастир, оддавајќи му почит на Сандански.
Со палење свеќи, богата културно-уметничка програма и пригодни обраќања на претставници на македонските асоцијации е одбележана 88-годишнината од смртта на Јане.
Димитар Иванов во името на сите присутни повика на поголема соработка меѓу Македонците каде и да живеат, додека претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров се заложи за заедничка иднина и судбина на Македонците во обединета Европа.
Стогодишнината од Илинден, беше порачано од пред гробот на Јане Сандански, македонскиот народ ќе ја одбележува секаде каде што живее и работи во светот.
Претставници на македонската амбасада во Софија положија букети цвеќиња и венци на гробот и на споменикот на Јане во градот Сандански.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=19230

5. Прославата на гробот на Jане Сандански во 2002 и порано - А1 нема информациjа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom