GhostLeader
ONE OVER ALL
- Член од
- 20 април 2010
- Мислења
- 2.473
- Поени од реакции
- 643
Епа баш тоа јас сакам да го кажам,истиве примери што ги кажа ти си скокањево од зграда,и другото,тоа е и функцијата надежта во борбата со ракот,дека човек треба да верува дека он е еден од тие 5 од 1000.. никој не знае од што и кога му е пишано да умре,истото и ние го правевме со татко ми,не го дадовме на хемотерапија,од 2 недели живот колку што му беа дадени живеше 5 месеци,секако со најразлични чуда,екстракт од марихуана,газија,црно семе,сода со јаворов сируп,многу блендирани сокови од лимон,цвекло,јаболка,морков,посебно и заедно.. умре но ми беше единствено драго што никогаш не ја изгубивме надежта,се боревме храбро и непоколебливо иако потрошивме пари и пари,и затоа викам... ние луѓето не сме тие што може да го сменат пишаното и судбината,имаме само мал дел на мешање во неа,симболичен и мал.. и затоа никој не треба да се плаши од смртта... храброста е она што останува а не победата или поразот без разлика дали се тие спортски или вакви трагични и драматични..Многу големи пари се перат и се заработуваат на маката на луѓето друже, веројатноста за преживување со помош на газија и такви чуда е многу мала. Тоа ти е какона пример да скокаат од 5ти спрат од зграда, јбг од 100души ќе се трефни 2ца барем да преживеат при падот, така ти е и со ова на 1000 души 5 мина или некоја таква бројка се ништо. Татко ми боледуваше од планоцелуларен карцином на белите дробови, му го открија некаде помеѓу 2ра и 3та фаза, имаше инзворедна физичка спремност, но живееше само 4 месеци откако му го открија. Пробавме речиси се освен хемотерапија, пробавме сода бикарбона, сите можни антиоксиданси, газија, б17 витамин, алое вера, други некои трефки се беше залудно. Диети специјални, човекот не касна никакви шеќери 2 месеци скоро али се беше за џабе.
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 22:49 ---
БРАВО! ЕТЕ ОВА ГО КАЖУВАМ ЦЕЛО ВРЕМЕ !!!Еден колега мој од факултет боледуваше од тумор на мозок, организиравме акција за собирање на финансиски средства за да го оперираат во Љубљана, Словенија, преку телекомуникациските оператори, преку банките, преку социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер и преку било кои можни средства за да собереме доволно финансиски средства за да го оперираат во Словенија.
Собравме доволно финансиски средства, замина човекот во Словенија, го оперираа, операцијата заврши успешно, 4 недели подоцна човекот се врати назад во Македонија, жив и здрав, каков што е и до денешен ден.
Не знам во кој стадиум или фаза, како се нарекува тоа, му го открија туморот, но знам дека се спаси и дека денес е жив и здрав.
Надежта последна умира, а тие кои велат дека треба да се помирите со смртта која доаѓа, очигледно никогаш не се соочиле со нејзе на истиот начин на кој вие се соочувате сега, па затоа ви велат дека најдоброто нешто што можете да го направите е да се откажете.
НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ, ДОДЕКА ИМА ЖИВОТ, ИМА И НАДЕЖ !!!