има такви што се излечиле само за десетина дена со газија,со бадеми.. не се сложувам со тебе за овој песимизам зошто не е вистинит,едноставно човек треба да бара,да верува,секој има судбина и ''рецка'' на живеење.. која е гаранцијата за тебе дека ти како ЗДРАВ И БЕЗ РАК ќе до дочекаш ова утро жив ?
Многу големи пари се перат и се заработуваат на маката на луѓето друже, веројатноста за преживување со помош на газија и такви чуда е многу мала. Тоа ти е какона пример да скокаат од 5ти спрат од зграда, јбг од 100души ќе се трефни 2ца барем да преживеат при падот, така ти е и со ова на 1000 души 5 мина или некоја таква бројка се ништо. Татко ми боледуваше од планоцелуларен карцином на белите дробови, му го открија некаде помеѓу 2ра и 3та фаза, имаше инзворедна физичка спремност, но живееше само 4 месеци откако му го открија. Пробавме речиси се освен хемотерапија, пробавме сода бикарбона, сите можни антиоксиданси, газија, б17 витамин, алое вера, други некои трефки се беше залудно. Диети специјални, човекот не касна никакви шеќери 2 месеци скоро али се беше за џабе.
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 22:46 ---
за жал од еден нормален здрав и прав дечко и никакви индикации за болест од пред 4 месеци дознав дека имам тумор на левата хемисвера на мозокот, пробував многу алтернативни нешта но секој ден е се полошо, на повторната магнетна направена 3 месеци после првата немаше подобрување, пробувам и со Варумин ( цената му е 3400 денари за една недела) и се надевам. Доколку некој има нешто паметно да предложи тука сум сеуште...
Другарче едно од мене совет НИКОГАШ не се откажувај и не губи желба, несмееш да се разочараш, сметај дека сега ти е потребно да си најмотивиран и да имаш најголема желба за живот како поради себе така и поради тие што се покрај тебе. Слушај ги лекарите што ќе ти кажуваат, не слушај само од еден лекар мислење туку земај документите што ги имаш, снимки и се и од клиника на клиника, ако си добар со финансии праќај ги по странски клиники, имаш добра клиника во австрија, германија, канада за овие заболувања. Ако нешто доволно силно го сакаш и ќе го добиеш, тоа во случајов твој е здравје и живот, биди силен и не се откажувај, издржи ја борбата колку и да е тешка, возможно е, биди ти еден од оние кои победиле.
Варумин ти е само губење на пари, тој преварантот од Ново Село јас го седнав на маса и му дадов понуда да му набројам пари колку што ќе побара само да го дигне татко ми на нозе и да го излекува, НО да се потпише на нотар, батката несака ни да да слушне за потпишување и нафаќање, а од друга страна 1 саат ми продаваше муда за бубрези и ме маткаше со филозофии и понуда за лек од преку 800 евра од сите комбинации месечно. Бегај подалеку од таквите, на онкологија докторите се прават на будали за се што ќе ги прашаш, од една страна викаат за еден куп лекови кои ги нема кај нас, ако му речеш дека си нашол канал да ги прошверцаш дека прв пат слушаат, а ако ги фатиш на финта од околу ќе видиш дека знае детално се за тој лек дури и цената на црниот пазар.