Барам информации за лечење од рак на бели дробови

M

Muranyi

Гостин
Мој ептен близок другар -- инаку страсен пушач -- беше дијагностициран со рак на плуќа пред некој ден, и со назнака дека е “неоперабилен’’. Претпоставувам тоа значи метастази на ракот надвор од плуќните крила во други делови на телото.

Барам било каква информација за условите за лечење од рак на плуќа во Македонија.

Кои се најискусните лекари, дали има софистицирани апарати за детекција/скенови и следење на прогресот на ракот (онколошки и радиолошки), дали има цитостатици и дали се со потребниот квалитет (ако не, каде можат да се набават и како?), како и каде се дава радијација, се користат ли алтернативни методи, колку трае и колку чини целиот третман, која е стапката на смртност, итн.

Речено ми е дека ракот на плуќа усмртува поголем број луѓе од сите видови рак земени заедно, а стапката на преживување од кимо-радијација третман е 10-15%.

Однапред благодарам - и дури сум спремен да платам (по договор) за било каква додатна информација надвор од генералните кои ги барам погоре и/или било каква помош во иднина вкл. и експериментални и алтернативни методи на лекување.

Ако е иноперабилен случај,што значи дека ракот на белите дробови е метастазиран низ целиот организам,единствено што може да се стори во тој случај е да се прејде на хемотерапија и зрачење,кои можат за некое време да го пролонгираат животот.Колкав временски период ќе биде тоа,никој не може да ти каже ниту да ти гарантира било што.Сепак,прашање е дали сето тоа е вредно кога на другата страна на вагата ќе се стават последиците од хемотерапијата и зрачењето.
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
902
Поени од реакции
123
Мој ептен близок другар -- инаку страсен пушач -- беше дијагностициран со рак на плуќа пред некој ден, и со назнака дека е “неоперабилен’’. Претпоставувам тоа значи метастази на ракот надвор од плуќните крила во други делови на телото.

Барам било каква информација за условите за лечење од рак на плуќа во Македонија.

Кои се најискусните лекари, дали има софистицирани апарати за детекција/скенови и следење на прогресот на ракот (онколошки и радиолошки), дали има цитостатици и дали се со потребниот квалитет (ако не, каде можат да се набават и како?), како и каде се дава радијација, се користат ли алтернативни методи, колку трае и колку чини целиот третман, која е стапката на смртност, итн.

Речено ми е дека ракот на плуќа усмртува поголем број луѓе од сите видови рак земени заедно, а стапката на преживување од кимо-радијација третман е 10-15%.

Однапред благодарам - и дури сум спремен да платам (по договор) за било каква додатна информација надвор од генералните кои ги барам погоре и/или било каква помош во иднина вкл. и експериментални и алтернативни методи на лекување.

Neka proba vo Albanija ednaska , nemu se znae !
Koga mozat evropejcite da si odat u AL , togas moze da se zeme deka se zboruva za eden poseriozen lek ..Toj istiot lek e od KUBA sto e lecen Fidel Kastro , a osven vo KUBA ednistveno se prodava i vo Albanija, na nekolkumina pomagalo , ne nekoj ne ..Toj lek e eden vid otrov od Skorpion zatoa , za sekoj slucaj zimaj gi linkovite :, Angliski : http://www.havanatimes.org/?p=43261&cpage=1#comment-33974
http://www.classicalmedicinejournal.com/the-classical-medicine-journal/tag/vidatox

Albanski , bez prevod : http://www.koha.net/index.php/?page=1,14,57674

I na albanski forum imas razni linkovi i info kade se kupuva lekot i nee skap : http://www.forumishqiptar.com/threads/135956-IIlaçi-për-kancerin-shitet-ekskluzivisht-në-Kubë-dhe-Shqipëri
 
M

Muranyi

Гостин
Дали некој има слушнато,за наводно некое планинско место на Косово,ама ич не ми текнува како се вика,средено-скоцкано во секој поглед каде многумина болни по престој од најмалку 21 ден биле излечени од прилично сериозни болести?Колку што знам,Тито имал таму викендица во време комунизма?Ај ако некој знае,нека пише како се вика?
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Маслото од канабис што го прави Рик Симпсон го произведуват и фармацевски компании под името Sativex.Одобрен во Велика Британија,Германија,Шведска,Италија,Канада,Нов Зеланд.
Пишува дека се користи како лек против склероза и за болки од рак.Сепак јас мислам дека помага за исчистување на организмот од “лошите“ клетки.Имам доста читано за ова и досега немам сретнатно негативен коментар,дури и еден биохемичар кој завршил на Харвард се има излечено со маслово и зборува за тоа,има на јутуб....
Значи ако имате некој во овие држави,пробајте некако да стигнате до лекот,се зима само со рецепт...околу 600 евра е,мало шишенце спреј...конзумацијата незнам точно како е,но мислам оти 2-3 пати денвно се прска во уста,ако дознаам повеќе инфорамции ќе пишам.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Дали можеш да ми пратиш некаков контакт од докторот или информации да видам како се вика чајот може да се порача преку интернет и на кој типови на рак делува. Или пак како може да се набави чајот.
Друже моментално не можам да се сетам на името, знам само дека беше Србин човеков(чинам доктор во пензија кој си работи дома) има амбуланта во Косово, во Приштина. Тој го правел од различни тревки и кога ќе појдиш кај него ти кажува отворено, кои се шансите за успех, обично не греши, во нашиов случај 50/50 беше. Не ми е згодно да ги прашувам вујко ми и да му чепкам по раните.....искрено. Знам само дека бојот откако го добијаа, го побараа човекот, а тој ги праша од кај го нашле бројот, некако потајно се чува сета работа.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Што не се изначитав по страниве.
Едно знам, блиска семејна пријателка, која моментално има скоро 80 години, е прав херој кога станува збор за болести.
2 пати е оперирана од карцином на матка, 3 пат сосема и ги извадија репродуктивните органи, со тоа и запре болеста. Нема 1 града, ради карцином на града. Полуслепа е, и после 3 операции, ама не се откажува. На листа за чекање за пресадување на нешто е.

Едно треба да сфатите. Начинот на гледање на нештата, не е пресуден, ама е едно од најважните работи. Трчањето по трефкари и билкари, не покажува колку вие се трудите, туку колку сте очајни.
Наместо да го лажете болниот со трефки, дозволете на медицината колку може да си ја врши работата, а вие удостојте го болниот со убави моменти.
Сигурно подобро ќе се чувствува на свеж воздух, отколку на бајачка.
Имаш право дека треба волја и позитивни мисли, но види како ,,ракот шета низ нејзиното тело и упорна е, јас мислам оти се докажено оти од матка и дојка се вади карциномот но на друго тешко и нема надеж.

Сепак таа сама си знае
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Имаш право дека треба волја и позитивни мисли, но види како ,,ракот шета низ нејзиното тело и упорна е, јас мислам оти се докажено оти од матка и дојка се вади карциномот но на друго тешко и нема надеж.

Сепак таа сама си знае
Реалноста е дека сите еден ден ќе умреме. Нема надеж, тоа е, имаме рок на траење.
Наш е изборот дали ќе живееме со полни гради или ќе очајуваме.
Најголем отров за организмот е психичкиот стрес. А на болен - од што и да е, нема потреба да му се дотура сол на раната.
Кога еден човек ќе влезе во терминална фаза, нема назад, тоа го знаат и докторите, и сите, а надежта не умира, што е сосема нормално.
Меѓутоа, наместо да го мкнам по бајачки, тој човек ќе го мкнам по убави места.

Тоа е барем мое сфаќање.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256

Да не даде бог некој да дојде во ситуација негов близок или пак самиот тој да е болен од оваа гнасна болест. Верувај дека не е сеедно во тие моменти и дека секој би се растрчал и би сторил се за да најде лек. Секој проживеан ден плус е бесценет, бидејќи еднаш ни е даден.
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 02:31 ---
Ми треба инфо од луѓе кои се бават со превод на стручен англиски и руски од сферата на медицината. Доколку некој знае пратете ми во пп.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Реалноста е дека сите еден ден ќе умреме. Нема надеж, тоа е, имаме рок на траење.
Наш е изборот дали ќе живееме со полни гради или ќе очајуваме.
Најголем отров за организмот е психичкиот стрес. А на болен - од што и да е, нема потреба да му се дотура сол на раната.
Кога еден човек ќе влезе во терминална фаза, нема назад, тоа го знаат и докторите, и сите, а надежта не умира, што е сосема нормално.
Меѓутоа, наместо да го мкнам по бајачки, тој човек ќе го мкнам по убави места.

Тоа е барем мое сфаќање.
Се согласувам со тебе
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дали имате некој подетални информации за овој лек. Дали досега го имате некој порачано и користено или пак да познавате некој кој го користел. Дали има ефект или е само реклама и на кој начин го имате набавено (дали преку интернет или со дирекно одење во албанија?). Слушам секакви гласини за порачување преку интернет, дали знаете од каде може да се набави за најсигурно?
http://www.fakulteti.mk/news/11-07-11/kuba_pochna_so_izvoz_na_lekot_protiv_rak.aspx
http://www.havanatimes.org/?p=43261
http://www.pharmamatrix.net/en/contacts.html
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
вака нешто здраво да ти кажам за овој вид на болест ,е јака волја како што кажавме, сок од морков и цвекло дневно по кило ипол,и козјо млеко и сирење. познавам личност што се има излечено на овој начин.

инаку и терапиите од докторот нормално.

поздрав
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
вака нешто здраво да ти кажам за овој вид на болест ,е јака волја како што кажавме, сок од морков и цвекло дневно по кило ипол,и козјо млеко и сирење. познавам личност што се има излечено на овој начин.

инаку и терапиите од докторот нормално.

поздрав
Моментално е на диетата од Johana Budwig. Со младо сирење + ленено масло + ленено семе + мед. Му правиме сок од цвекло, морков, спанаќ, брокула, јаболка, портокали, мандарини. Дневно му давам по 7 парчиња (најдов инфо дека толку смеело максимум) коски од кајсии. Гел од алое вера, ACE+селен витамини, омега3. Сода бикарбона (2пати во денот по 1 лажица, а по еден час од пиење на содата цеден сок од лимон). Пие строго минерална вода, сретнав информација дека така се зголемува алкалноста во организмот. Сеуште немаме почнато друга лекарска терапија, треба да се изврши понатамошно испитување до кој степен е болеста, бидејќи пред еден ден стигнаа резултати од бронхоскопијата.
 
Засега е одлично тоа што му го давате ,ке ви кажат докторите кој стадиум е . битни се контролите кои треба да се прават после операцијата.
Ви посакувам се најубаво, успешно да се заврши се. Здравјето пред се
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Вака сега не сум ниту лекар ниту пак мојата сфера е во близина со медицината. Ме фати маката во последниве 2 месеци прочитав многу за лекувањето на рак. Секој ден се вртам само во круг со секоја нова реченица која сум ја прочитал. Размислував на нов начин на лекување (по мое) сакам мислења на луѓе кои се бават со медицина.
Се работи околу зрачењето. Колку што прочитав се одвива така што се зрачи делот кој е зафатен со туморот, но во меѓувреме колку што сум прочитал не само што ги уништува малидните клетки ги уништува и здравите. Ја слабее крвта и го слабее организмот. Не сретнав на интернет дека некој пробал досега на тој начин, но што мислите за „прочистување на крвта“ односно менување на крвта во телото (со вадење на крв од заболениот, а внес од друго тело), на пример доколку мојата крв е иста крвна група со групата на татко ми, што би било ако од неговото тело се извади крв, а од мене се земе максимумот кој е дозволен и да му биде него внесена моја крв. Како здрава индивидуа кај мене крвта си е во ред (дали со промена на крвта во неговото тело би се променило нешто), ова да се работи после секое зрачење и со користење на здрава исхрана дали можеби би се променило нешто. ДАЛИ ОВА Е НЕКАДЕ УПОТРЕБЕНО, ДАЛИ ИМАТЕ НЕКАКВА ИНФО. Не сум многу запознаен сеуште со зрачењето и хемотерапијата, не ги познавам медицинските термини за ова што го напишав но дали го има некаде ова и дали има успех?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Тој тип на терапија ги уништува сите клетки кои брзо се делат (клетките на крвта, косата, ноктите). Имунолошкиот систем е многу повеќе од обична трансфузија. Нема цел да се менува крвта, кога со трансфузија болниот би добил само еритроцити, а она што му е потребно за заштита од инфекции се леукоцити кои со трансфузија не се даваат бидејќи би предизвикале бурна имунолошка реакција кај болниот. Со зрачењето и хемотерапијата се супримира (потиснува) работата на коскената срцевина (степенот до кој се супримира зависи од интензитетот на терапијата) со што пациентот е многу подложен на инфекции. Препорака за пациентите кои поминуваат хемо и зрачна терапија е да бидат исклучително внимателни во однос на инфекции. Освен избегнувањето на познати извори на инфекции (настинати луѓе, луѓе кои се заразени од инфективна болест и мали деца - дури и кога не покажуваат знаци на инфекција), се препорачува и да се избегнува конзумирање на сирова храна бидејќи термички необработената храна содржи многу бактерии и може да предизвика голема инфекција и проблеми.
Доколку на татко ти му се намали хемоглобинот или бројот на тромбоцити, тогаш може да се интервенира со трансфузија на еритроцити или тромбоцити.
Од зрачењето може да се појави сувост на устата, така што препорачливо е да се одржува добра хигиена на устата со паста за заби за чувствителни непца (сензодин, елмекс или некоја слична) и средство за гаргара без алкохол бидејќи алкохолот дополнително ја исушува устата.
Доколку има човекот мачнини од хемото и зрачната терапија нека побара од докторите да му дадат Зофран (стандарден лек против мачнина, но, за жал, докторите го штедат бидејќи е скап). Ако не му даваат или го немаат, го има во Бугарија во форма на таблетки и чини околу 15 евра кутија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom