- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 0
И сега коj е виновен за тоа дека администрациjата на самата Република Македониjа не е спремна да прими парите, кои ги нуди Европската униjа? Униjата како цело или некои неjзини членови и "македонски непријатели" како Бугариjа? Па се шират теории за иден македонски апокалипсис, за поделба, за уништување, се разбира, провоцирани однадвор...Garfield напиша:Европските фондови за помош се исто така една од бриселските грижи. Благодарение на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) успешно се спроведуваат акциите од програмата КАРДС, која на крајот на 2006 и' отстапи место на новата ИПА-програма. Но, Македонија во меѓувреме не успеа да изгради капацитет за користење на новата програма.
- Во однос на административниот капацитет за користење на новата програма е направено многу малку - велат во Брисел и се прашуваат како Македонија ќе може да ја користи новата програма кога кон крајот на 2008 ЕАР ќе престане да работи и сета активност на ова поле ќе и ја препушти на земјата.
Оваа критика не е нова. Таа се однесуваше и на претходната влада, која не направи ништо или направи многу малку за градење на потребниот административен капацитет и за креирање платежна агенција, која треба да го преземе менаџирањето на европската парична помош. Новата влада не покажува посериозна динамика на ова поле.
