- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БИЛЈАНА СИМОНОВСКА ЕДИНСТВЕНА ПОЖАРНИКАРКА ВО МАКЕДОНИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Плачам после пожарот[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Единствената жена пожарникар во Македонија, скопјанката Билјана Симоновска, веќе три години се бори со пламените јазици на огнените стихии. Заедно со 236-те колеги мажи, таа е дел од тимот на Противпожарната бригада за заштита. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Единствената жена пожарникар во Македонија, скопјанката Билјана Симоновска, веќе три години се бори со пламените јазици на огнените стихии. Заедно со 236-те колеги мажи, таа е дел од тимот на Противпожарната бригада за заштита.
Со жолт шлем со маска на глава и огноотпорна униформа, Билјана се спрема за акција, кога во скопската бригада ќе се огласи алармот за помош, во случај на пожар. Низ огнот, вели Билјана, ја води една цел, а тоа е да спаси човечки живот, да заштити нечиј покрив над главата.
"Да се биде жена пожарникар, не значи да се изгуби женственоста, напротив, оваа професија ги прави жените поемотивни и осетливи, а не крути. Единствено што може да стекнеш во оваа работа е самодоверба и хуманост", - низ насмевка ни рече пожарникарката.
Билјана не ја одминуваат ни редовните пожарникарски вежби. Таа се качува по противпожарни скали, се спушта со јаже, ги држи топовите со млазови вода и за секојдневните вежби ќе каже дека ги прави онолку добро, колку и нејзините колеги.
Билјана вели дека во животот отсекогаш ја воделе емоциите и плаче на
поголемите пожари во главниот град, посебно кај што има жртви и кај што се
слуша плач на мајка или дете. Сепак, вели дека е бестрашна кога ќе засвират
сирените. Тогаш е спремна да го ризикува и својот живот за да спаси туѓ.
- Камионите и црвените цистерни се подготвуваат, сирената писнува, а срцето чука, но сила и предизвик да се спаси човечки живот те тераат да издржиш во тие моменти - објаснува храбрата Билјана.
Семејството и блиските пријатели на Билјана, на почетокот биле против нејзината одлука во животот да стане пожарникар, но со тек на времето кога виделе колку работата ја прави Билјана среќна, ја прифатиле нејзината професија и денес како што вели таа тие се задоволни од нејзината работа.
"Многу си ја сакам професијата и ме исполнуваат работните обврски кои ми претстојат во текот на еден работен ден. Секоја работа има своја тежина, но ако се работи од љубов, тогаш е лесно", додава Билјана. Таа е свесна за ризикот во нејзината професија, но нагласува дека присебноста е многу важна и таа те чува од стравот.
- Не знаеш кого ќе најдеш во опожарениот објект. Треба да си силен и спремен да влезеш внатре, да ја извлечеш жртвата и да ја однесеш на сигурно. Има некоја сила што ме води во моментот кога треба да се спаси опожарен објект или човечки живот.
Билјана вели дека иако е единствена во пожарната единица, колегите немале никакви предрасуди спрема неа и ја прифатиле многу брзо. Тие нагалено си ја викаат Биље и секогаш се тука покрај неа да и помогнат и да ја охрабрат во поголемите работни зафати што таа ги прави.
"Тие се прекрасни момци, џентлмени. Нема да сокријам дека понекогаш имам и привилегии во единицата. Ако се работи за голем пожар, тогаш ме држат настрана од огнот, се грижат за мене дури и премногу. Тогаш стојам настрана и им помагам, подавам црево, а ако има потреба, интервенирам до службите за засилување", вели Билјана.
И колегите се задоволни од работењето на нивната Биље. Се уверивме и за добриот однос што го имаат кон неа. И тие ни потврдија дека Биље е емотивна и после секој случај на пожар, плаче. Командантот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски вели дека во оваа професија не треба да се прави разлика меѓу мажи и жени, а според него, Билјана е најдобар доказ за тоа. Менковски се надева дека во идните конкурси за пожарникари ќе се пријават повеќе жени. Неостварена желба на пожарникарката Билјана е да биде командир на чета во бригадата. Таа се надева дека еден ден ќе и се исполни желбата.
[/FONT]