БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА
Библијата е напишана исто така, и од причина за да ги запази луѓето од служење на лажни богови. Секаде, кајшто луѓето ја отфрлаат Библијата како основа за животот, потпаѓаат под силата на темнината.
Пред владењето на царот Јосија (639-609 пред Христос), свештениците во храмот престанале да читаат од Писмата, па затоа народот паднал во голем грев. Тие ги обожувале сонцето, месечината, ѕвездите... Во втората книга за царевите, 22. глава, забележано е дека и самите свештеници го заборавиле Писмото. Еден ден, била пронајдена книгата на Законот, па му ја прочитале на царот. Кога Јосија ги слушнал зборовите на оваа Книга, ја искинал својата облека. Увидел дека неговиот народ се наоѓа во ужасна темнина, па затоа заповедал да се очисти и храмот и народот.
„Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хвлкији на другите свештеници и на вратарите,да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во долината Кидрон и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадења по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска " (2 Цар. 23:4-5).
Секогаш кога луѓето ќе почнат да им се клањаат на разни божества, како феном?н се појавува и неморалот. Така, во многу храмови постоеле таканаречени „храмски проститутки", а сразмерно на тоа цутело и гатањето.
Можеби сега подобро ќе разбереш зошто Бог во Стариот Завет заповедал да се уништат некои народи кои им се клањале на лажни богови. За жал, и Божјиот народ ги презел лошите навики и обичаи од безбожните народи.
Царот Јосија наредил да се истребат сите гатачи и оние кои комуницираат со духовите на умрените. Исто така, ги отстранил и предметите на обожување кои биле подигнати во Ерусалим и во околината. Ниеден цар не бил толку решителен како Јосија. Се што правел, се раководел според упатствата дадени во Мојсеевите книги.
Дали ситуацијата денес се разликува многу од тогаш? Зарем нема и денес многу свештеници кои не се доволно запознаети со Божјиот Закон? О, кога и денес би се појавиле некои како Јосија, кои би го обновиле христијанството и би се бореле за напредокот на Евангелието и за уништување на духовната темнина со помош на Божјата сила! И денес ги има оние кои што се клањаат на сонцето, на месечината и на ѕвездите. Луѓето не можат да живеат без хороскоп, и од недела до недела купуваат весници во кои има хороскопи, за да дознаат што ќе им донесе иднината. Таквите луѓе Бог ќе ги истреби, ако не се покајат и ако не ја напуштат таа практика. Кој ја отфрла Библијата, тој постанува плен на темнината, која го апсорбира.
Дали веќе си ја прифатил Библијата како патоказ во твојот живот? Бог не ги создал ѕвездите за да им се клањаме. Наместо Hero да го прашаме што ќе ни донесе иднината, ние ги прашуваме ѕвездите и гатачите.
Цицерон, кој умрел во 43. година пред Христос, прашал: „Дали е можно додека гледаме во небото и ги набљудуваме небесните тела, да не дојдеме до заклучок дека Бог постои? Зарем не сме принудени да признаеме дека постои некое совршено мудро суштество, совршена личност која владее со се, дека постои Бог кој што е насекаде присутен и кој управува со својата сила? Кој се сомнева во овие работи, тој го порекнува и постоењето на сонцето кое не грее. Времето ќе ги уништи сите лажни теории, а истовремено ќе ја потврди онаа во која е втемелена природата".
Професорот А. Толук пред еден век и половина напишал: „Ако сите проповедници во светот замолкнат, и ако ниеден нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест".
Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост.
Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? " (Пс. 8:3-4).
Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои - пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!"(Откр. 22:8-9).
Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец.
Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему.
Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Јапанците се околу 90% шинтоисти и(ли) будисти. Тие се напредна нација, имаат здрава популација, големи приходи. Иако биле бомбардирани па дури и од страна на христијанскиот бог со атомски бомби, нивните богови се покажале како силни и моќни. Со молитви кон нивните богови Јапонија се издигна во современа и напредна нација.

Кај христијанството најлошо стојат православните народи. Руси, Бугари, Срби, Македонци, Грци... живеат полошо и нивнио господ често им праќа диктатори, немаштија војни меѓусебни судири. Кај католиците и протестантите е нешо подобро. И тие имаа тоталиризми и војни али нивниот бог подобро ги опоравува од кризи.
 
Г

Господ

Гостин
да библијата се стреми да не навлече да веруваме само во тој еден бог ама како што рече let3 баш тој бог се покажал како најтапа.крстоносни војни без врска иако нели исус рекол да се почитуваат другите религии демек тоа биле повеќе патишта кон иста цел али на рисјаниве тоа не им бидувало пошто ако идеш по друг пат нема да им плаќаш нив патарина така да удри на муслиманиве и будистите
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Посебно љубам ситуации кога атеист се повикува на пост од друг атеист, и на крајот имаме „дупло голо„, ккао што би рекол Б.Ц.-атеистот бара друг атеист за да го потврди својот атеизам. Е добро де, толку ли е тешко да се биде атеист!?
 
Г

Господ

Гостин
Да и?Забрането е двајца да делат мислење?Едноставно се согласив со тоа што го кажа тој.Јас колку толку го создадов мојот пост со свои зборови и во него ги потврдив зборовите на let3 а не копирав 10000000000 страни од библијата како
што прават голем број членови и после очекуваат некој да ги чита
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Посебно љубам ситуации кога атеист се повикува на пост од друг атеист, и на крајот имаме „дупло голо„, ккао што би рекол Б.Ц.-атеистот бара друг атеист за да го потврди својот атеизам. Е добро де, толку ли е тешко да се биде атеист!?
А ти не промаши ни еден пост напишан од атеист да искоментираш. Толку ли многу тоа те мачи толку ли треба да се убедиш самиот себе си дека не сме во право?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Посебно љубам ситуации кога атеист се повикува на пост од друг атеист, и на крајот имаме „дупло голо„, ккао што би рекол Б.Ц.-атеистот бара друг атеист за да го потврди својот атеизам. Е добро де, толку ли е тешко да се биде атеист!?
Наместо да се заљубуваш во ситуации редно е да кажеш што има невистинито во постот на Лет3......голи факти ти изнесе човекот....за милосрдноста на твојот бог...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да и?Забрането е двајца да делат мислење?Едноставно се согласив со тоа што го кажа тој.Јас колку толку го создадов мојот пост со свои зборови и во него ги потврдив зборовите на let3 а не копирав 10000000000 страни од библијата како
што прават голем број членови и после очекуваат некој да ги чита
А ти не промаши ни еден пост напишан од атеист да искоментираш. Толку ли многу тоа те мачи толку ли треба да се убедиш самиот себе си дека не сме во право?

Е вала, јако е тоа мислење, во стилот „...да, и јас се согласувам со мојот истомисленик-атеист...„, разбираш...

И во што е согласноста? Колку пати треба да се преповтори еден атеистички став, кој секогаш останува атестички?
 
Г

Господ

Гостин
А што секој ден искачаат нови факти кои го потврдуваат постоењето на дедо боже?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Јапанците се околу 90% шинтоисти и(ли) будисти. Тие се напредна нација, имаат здрава популација, големи приходи. Иако биле бомбардирани па дури и од страна на христијанскиот бог со атомски бомби, нивните богови се покажале како силни и моќни. Со молитви кон нивните богови Јапонија се издигна во современа и напредна нација.

Кај христијанството најлошо стојат православните народи. Руси, Бугари, Срби, Македонци, Грци... живеат полошо и нивнио господ често им праќа диктатори, немаштија војни меѓусебни судири. Кај католиците и протестантите е нешо подобро. И тие имаа тоталиризми и војни али нивниот бог подобро ги опоравува од кризи.
Христијанството е религија каде се ценат постот и скромноста, а не изобилието и земното богатство. Како беше она: "Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во Царството Небеско". Значи овде немаме ама баш никаков антихристијански доказ и наведување. :icon_lol:
 
Г

Господ

Гостин
А што ќе ти фали ако имаш денар повеќе за фрлање:smir:
демек лошо е да си богат:helou:
мене баш и нема да ми падне лошо ако мајка ми нема да мора да плаќа 300 кредити и да има да ми дае поише кеш за џепарац и баш и не ми се чека на богатсвото горе на небото кое и не ми е осигурано
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
А што ќе ти фали ако имаш денар повеќе за фрлање:smir:
демек лошо е да си богат:helou:
мене баш и нема да ми падне лошо ако мајка ми нема да мора да плаќа 300 кредити и да има да ми дае поише кеш за џепарац и баш и не ми се чека на богатсвото горе на небото кое и не ми е осигурано
Не размислуваш христијански. И јас често имам голем мерак на пари и злато, ама тоа едноставно не е христијански, јасно е кажано и јасно се знае дека од тоа паѓа лошо а не добро како што ние грешно мислиме.:helou:
Ретките вистински христијани го поминуваат својот живот во пост и молитва.
 
Г

Господ

Гостин
Е стварно не можам да разберам што има лошо во тоа да можеш да потрошиш повеќе пари на јадење облека ентериер електроника ова она
христијанствово ми е некако многу аскетско:toe:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Христијанството е религија каде се ценат постот и скромноста, а не изобилието и земното богатство. Како беше она: "Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во Царството Небеско". Значи овде немаме ама баш никаков антихристијански доказ и наведување. :icon_lol:
Не вели библијата дека НЕМА да влези богат. Вели дека тешко ќе влези. Инаку Исус вели дека секој кој ќе поверува во него директ драјв оди во рај.
Значи и богати и сиромаи и црни и жолти и крастави и сакати и панкери и рокери и ВМРО-овци и од ДУИ (не од СДСМ тие одат во пеколот)..... само треба да речиш “Јас верувам во Исус“
Ете Константин. Тој си беше паган цел живот, ниту постеше, ниту се молеше, му се клањаше на идоли принесуваше жртви, трупаше злато дијаманти и рубини и на крај на неколку минути пред да умри си рече “Ја верувам во Исуса“ и ете го сега најголемиот лик во христијанството.
Поголем и поважен од Исуса (така велат рисјаните)
Значи финта во христјанството да темпираш време и да пазиш да си поверваш пред да уммриш А ти си младо дете можеш рает да си се зезаш и зафркаваш со пари алкохол дрога и секс, па после ќе си се покаеш ќе фрлиш некое евро на сликата со икона в црква, ќе запалиш свеќа и ќе однесеш масло в манастир и оп... досијето ти се бриши.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Аскетски е ами како. За силна религија (и држава), треба глуп и страден народ. За со малку, да можеш да излажеш многу луѓе. Како ќе се посветат луѓево на религија, ако секој има работа, има пари и се може да си дозволи. Треба да е мачен и страден, за да има потреба да се моли за нешто што му е потребно. И докажано е дека најоскудните луѓе се оние религиски најпосветените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom