Ахмети не ја отфрла подадената рака од Црвенковски

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ахмети не ја отфрла подадената рака од Црвенковски


Али Ахмети

Ахмети не ја отфрла повторно подадената рака од добро познатиот партнер. За заеднички интереси за Македонија и Црвенковски му е посакувана варијанта.

По ултиматумите дека ДУИ на Груевски му дава рок, да го реши прашањето за името, инаку ќе мораат да размислуваат за други алтернативи и за напуштање на владиниот двор, Ахмети во интервју за Алсат, со многу поголема умереност.

„ДУИ не е партија која прави акробации, ние се однесуваме одговорно. Да не го земам како пример господинот Тачи со неговите изјави кога беше во Владата со господин Груевски. Ние влеговме во владата за да ги реализираме нашите цели. Влеговме во владата за да ја реализираме националната и граѓанска програма. Влеговме во владата за да ги реализираме целите кои се во полза на Албанците, но се во полза и за Македонците и ние не правиме детски игри“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети на Селмани му порачува како партија ќе губи, бидејќи власта дехидрира. Но не кажува дали и него како и Тачи, Груевски го троши и му го урива рејтингот.

Селмани многумина го токмат за во влада, а тој јавно упорно демантира.

„Јас никогаш не сум претендирал, ниту претендираме ние да го заземеме местото на господинот Али Ахмети, или на ДУИ. Тие не знам од која причина се исплашени“, вели Имер Селмани, претседател на НД.

Кој со кого и кој против кого, сите варијанти се отворени во ѓелната за власт, а официјално за доброто на Македонија.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109959
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
А каде е изјавата посочена во насловот??? А1 манипуланти...
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
куршуми ќе летаат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom