Аронија(садници) - екстра понуда

Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Се продаваат садници од аронија, повеќето се двегодишни и тригодишни. Први ја воведовме арноијата во нашата земја што значи ќе имате здрава, чиста и плодна аронија. Садниците се неверојатни, овојпат по екстра поволна цена, побрзајте. Има останао и сируп, информации за договор- 075 / 687 - 601.
a7d12c8b7f50eecf5526cf4c277dc6ea.jpg aronijaaasadn.jpg asdsada.png sadnikikikikik.jpg Untitled.png
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.359
Поени од реакции
29.830
Пиши и цена, кога веќе си напишал и се друго.
Патем, колкугодишни растенија се арониите?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И мене ме интересира која е цената?:)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.698
Поени од реакции
35.093
Се продаваат садници од аронија, повеќето се двегодишни и тригодишни. Први ја воведовме арноијата во нашата земја што значи ќе имате здрава, чиста и плодна аронија. Садниците се неверојатни, овојпат по екстра поволна цена, побрзајте. Има останао и сируп, информации за договор- 075 / 687 - 601.
Прегледај го приврзокот 118058 Прегледај го приврзокот 118059 Прегледај го приврзокот 118060 Прегледај го приврзокот 118061 Прегледај го приврзокот 118062
Другар би те замолил кога ќе имаш некоја минутка повеќе да напишеш нешто повеќе околу одгледувањето на аронијата. Сум читкал по странски сајтови, али ме интересира од искуство од човек кој ја одгледува тука.
-На која надморска висина е потребно да ја насадам, дали успева на секаква почва (обично нивите кои планирам да ги посадам се кумсалки, некои има и црвеница на одредени делови, али воглавно се ок земја, на ниви до нив имам посадено костени и ореви и добро се држат досега);
-колку пати бара да се наводнува годишно;
-дали е потребно поткројување;
-орање помеѓу садниците напролет
- прскање од пламеница или било што друго;
- како ја берите;
и на крај најбитниот дел пласманот?
Би те замолил за одговори на овие прашања од искуство, а ако имаш нешто плус литература нема да биде на одмет. Ти благодарам.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Јас насадив две, ги купив од земјоделска аптека за 150ден комад, се прифатија супер. Не знаев дали треба покрај ограда на мрежа или било каде, па ги насадив слободно да растат(како дрво) без да се потпираат на мрежа. Понатака сакам и гоџи да земам, во дворот имам и малина, рибизла и капина и 18 родни дрвца, сакам да имам од се по нешто, убаво си е.
 
C

cige

Гостин
Имаме во дворот малини, па сакаме да прошириме и на нива. немора да е малина, нека биде и аронија и или било што друго. Ме интересира околу пласманот некој да ме посоветува. Има ли во Македонија откупни центри? Или некој доаѓа ли на повик од соседството? Колку треба минимална количина да имаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom