Арапска пролет, израелска зима

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.622
Поени од реакции
26.134
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4291484224&id=13&setIzdanie=23162

Израел е многу скептичен кога станува збор за уште една арапска пролет. Државата има тенденција да ги поддржува реакционерните режими, бидејќи се предвидливи и лесни за соработка. Израел им е заколнат душман на прогресот и на демократијата во регионот, бидејќи сака да го задржи монополот на важните политички вредности





Евреите и нивната држава, Израел, отсекогаш биле проколониски ориентирани и се потпираат на „големите сили“ (Британија, Франција, потоа и САД) за да ги решат проблемите на Блискиот Исток во корист на Израел. Но ваквата стандардна политика повеќе нема да може да се употребува.


Сега се појавува консензус во Европа - вклучувајќи ја и Британија - дека мировниот план на Блискиот Исток би бил само бескорисна вежба без да се покажат антиизраелски заби. Препознавањето на зародишот на палестинската држава во септември 2011 година е само почеток. Можно е да следуваат економски санкции. Со Обама во Белата куќа - претседателот што според Израелците е непријателски настроен - и влегувањето на арапскиот свет во подемократски води, Европејците се чувствуваат слободно. Стремежот за израелско-палестинското помирување можеби ќе биде лепилото што ќе ги спои поделените евроатлантски структури.

Но иако САД постојано им наметнуваат спогодба на Израелците, духот на санкциите против еврејската држава повторно се појави во палатите на Стариот континент. Се смета дека комитетот на Европскиот парламент упорно работи на разни сценарија за да ескалираат мерките против Израел и неговите лидери. Европската комисија можеби ги подготвува своите предлози.

Не се сите Американци обаманизирани. Ставовите на конзервативните Американци се сумирани од Дејвид Прајс-Џонс, уредникот на „Нешнал ривју“: „Израелците и Палестинците меѓу себе се соочуваат во однос на новата идеолошка поделба за дилемата, која личи на Германија во Студената војна... Израел мора да ја дели територијата со Палестинците, од кои голем дел се докажани исламистички терористи и кои се поистоветуваат со целта на Бин Ладен, како и тој со нивната. Спогодбата во Осло за Блискиот Исток е она што новата источна политика беше за Германија и Централна Европа. Предлозите за физичка поделба на двата народа злокобно потсетуваат на Берлинскиот ѕид“.

Сепак, настрана од таквите чувства, муслиманите, веќе долго време, се заколнати сојузници на САД во нивната улога на расцутена азиска сила, што во голем дел го истиснува поранешниот Советски Сојуз. Така, заканата од воен, па дури и нуклеарен, ислам нема да го зацврсти долгогодишното вкрстување на американските и на израелските интереси. Притоа, додека плановите на карактеристичните режими на неколку арапски земји стануваат сѐ пореални, Израел ја губи долгогодишната титула на „единствената демократија на Блискиот Исток“.

Гореспоменатата закана од оружен фундаментализам може да создаде нова геополитичка формација на САД и умерените исламски земји, кои еднакво ќе бидат загрозени од пакосната исламска религиозност. Подоцна, може да се им придружат и Русија, Кина и Индија - сите дестабилизирани од растечките и жестоки исламски малцинства. Израел ќе биде жртва на новиот светски поредок.
Судбината е кобна, иако затскриена од маглата од војната и од, како што откри „Гардијан“ во април 2003 година, американската зависност од израелското разузнавање, напредно вооружување и искуство во урбаната војна за време на конфликтот во Ирак. Мировниот план што го објави претседателот Џорџ Буш како ситна отстапка на политичкиот сојузник Тони Блер и оспорен од крајно десничарската влада на Ариел Шарон повика на создавање на палестинска држава до 2005 година. Иако сѐ уште се прават привремени промени, исходот останува неизбежен - нѐ очекува палестинската држава, пикната во арапскиот свет, кој е многу помалку подложен на израелските економски привлечности (за што сведочи прекинот на резервите на египетската нафта во Израел под водство на новото воено „преодно“ диктаторство).

Израел има преживеано и посведочено за многу потреси на арапските улици. Во 1953 година, младиот и реформистички панарабизам на Насер го збриша арапскиот свет. Мубарак беше долготрајниот плод на оптимистичките немири. Револуционерните партии Баас во Сирија и Ирак ни ги донесоа Садам Хусеин и фаталната династија на Асад. Израел е многу скептичен кога станува збор за уште една арапска пролет. Државата има тенденција да ги поддржува реакционерните режими, бидејќи се предвидливи и лесни за соработка. Израел им е заколнат душман на прогресот и на демократијата во регионот, бидејќи сака да го задржи монополот на важните политички вредности.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.541
Поени од реакции
11.623
Зарем треба нешто поасално да се очекува од Сем Вакнин ?

Вистината е дека таканаречената Арапска пролет во реалност е Арапска зима, а не само Израелска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократија.

Ако за Вакнин демократското општествено уредување е уредување во кое:

- се убиваат немуслимани и се палат немуслимански храмови;
- се дозволува египетски војници да си ги пикаат рацете во меѓуножјето на египетски девојки за да проверат дали сеуште се девици или не, бидејќи се осмелиле сами да излезат надвор на јавно место;
- се предлагаат закони од страна на туниски муфти за присилна стерилизација на еврејските жени и на сите останати жени немуслиманки во Тунис;
- на христијаните и на останатите немуслимани во Сирија им се дава да бираат помеѓу преминување кон ислам или плаќање данок на религија бидејќи не се муслимани, или трета опција - да бидат обезглавени поради својата религија;

тогаш Вакнин треба да си ги собере парталите и да се пресели во најблискиот санаториум, со надеж дека можеби ќе му помогнат лекарите да оздрави и да стане здрав и разумен човек, а не про-фашистички и про-нацистички агитатор.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.622
Поени од реакции
26.134
Според мене ова е нарачана колумна, контрадикторна сама по себе. Најверојатно нарачатели се републиканците.

Но од оваа колумна може да се намириса правецот на делување на следниот мандатор на САД. Затоа и ја ставив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom