Арапите се обединија против Израел

Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Па зошто србите се повлекоа од Косово без копнена интервенција? Ај ќе те молам оваа работа појаснија некако.
Па ти кажав погоре, зашто и имаа судири со НАТО единиците и Американските зелени беретки(имам книга за нив, за операциите низ целиот свет меѓу кои и Косово), кој им зададоа некој вид удар и загуби на српската војска.

Еве една занимлива случка меѓу српските и НАТО војниците, значи за време на помирувањето и последното повлекување на српската армија од Косово.

Доаѓаат НАТО војнициве кај српските војници, значи сите натовци со невидена дисциплина, војничка, да видат до каде е повлекувањето на армијата. Доаѓаат и ги гледаат србите сите распашана команда, кој се соблекол гол, кој ги кренал нозете на столот, се зафркавале меѓу себе итн. И овие војнициве се чудат, и им се смеат, како тоа толку брзо не сме ги победиле кога сите се како распуштеници. И еден од официрите на НАТО му вика на српскиот официр што е ова бе војска ли е со, гледај ги немаат никаква војничка дисциплина. Србинов му се врти и му вика кој бе нема дисциплина сеа ќе видиш. И во истиот момент викнал мирно, и сите во истиот момент се распоредиле во еден ред. Кога виделе што се дешава устите им паднале до земја од чудење и повеќе не се осмелиле да ги прашаат.

Друже, најголем воен кадар имаа Србите во Југславија и сите овие работи кои ти ги набројат се школа на ЈНА во смисол на нивната дисциплина, припрема, тактика и прецизно стрелање по војската.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Српска воиска назат не знае. Кргом и пак напред
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Јас не сум запознат со тоа но кој е победник во војната се гледа резултатот така?
Ако целта на Нато била србите да се повлечат од Косово а целта на србите да останат во Косово тогаш кој победи?
 
Па нормално НАТО е, не можеш да се тепаш, сепак се светска воена сила, а што е за нив Србија. Да не беше НАТО и САД да ги бомбардираат и влезат со тенкови со најмодерна технологија, да си ги пресметаа Албанците и Србите реално силите, тогаш ќе видевме кој ќе победеше, а кој ќе изгубеше.

ПС Ова е последен пат што пишувам за НАТО и Србија и не одговарам на репликите со врска со истите зошто не е темата НАТО и СРБИЈА туки темата е обединувањето на АРАПИТЕ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Друже, најголем воен кадар имаа Србите во Југславија и сите овие работи кои ти ги набројат се школа на ЈНА во смисол на нивната дисциплина, припрема, тактика и прецизно стрелање по војската.
Треба да се споредат сите армии во светот и да се види кој има најголем воен кадар бидејќи јас не сум запознат со тоа тогаш можеби е така како што велиш ти а можеби не.

Пак ќе ти речам се се гледа по резултатот во војната. Србите во почетокот на распадот на Југославија имаа голем воен успех бидејќи цело ЈНА премина кај нив а потоа оружјето од ЈНА беше ставено на располагање на србите во хрватска и потоа во босна за да се заштителе. И поради тоа зазедоа големи хрватски и босански територии. Но подоцна и покрај тоа во хрватска ги изгубија сите територии а во босна пред крајот на војната контролирале 46% а на почетокот над 70%. Пред крајот на војната е сопрена муслиманската офанзива со која беа заземени големи територии а бања лука била на дофат.

Сепак според мене војнички гледано србите остварија некаква победа во босна бидејќи исцртаа граници низ пола босна иако тоа го направија со невидени масакри врз недолжното население, со цела опрема од јна а потоа од голораки борци изгубија околу 26% од нивната територија. Да не се измешаше ЈНА кој ќе беше резултатот.

Си мислам дали да ти коментирам или не на постот, зошто се плашам да ти коментирам на темата поради забегување од поставената, па да заработиме и двајцата бан. Кога ќе се отвори тема за оваа горе, постави ми го истото прашање да ти го одговорам.:smir:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
А Арапиве не беа отсекогаш (од 1948) против Израел?
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Праведен, ако не е тајна може да те прашам што си по националност ?
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Праведен, ако не е тајна може да те прашам што си по националност ?
Божји роб!!! вистинолубив!!! праведен!!! непристрасен!!!

а ако не е тајна зошто те интересира?

Не се секирај, не сум национално определен, национализмот за мене е болест на човештвото како шуга, рак или краста.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Не се секирај, не сум национално определен, национализмот за мене е болест на човештвото како шуга, рак или краста.
За мене религијата е болест на човештвото.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Божји роб!!! вистинолубив!!! праведен!!! непристрасен!!!

а ако не е тајна зошто те интересира?

Не се секирај, не сум национално определен, национализмот за мене е болест на човештвото како шуга, рак или краста.
Сите сме чеда божји, но не сите припаѓаме на иста националност и религија. Оттука, некои се сметаат за избрани, други за робови или непристрасни, а колку се непристрасни е во најмала рака спорно. Видиш, мене веќе ми е познат одговорот, поентата на реторичките прашања е дека нема потреба од одговор, тој е толку очигледен што беспредметно да се изразува со зборови, а самата суштина на прашањето секако ми беше да го изразам моето мислење дека твоите тези се производ на токму тој верско-национален однос.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
За жал.
Нема напредок се додека религијата има големо влијание во животот.
Време е религите да престанат да постојат и луѓето да застанат го барат Господ од книги и преданија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom