Апел за помош на Кети Тоулоуми Величковска

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47

Почитувани,
Се обраќаме до Вас, со молба да и помогнеме во процесот на лекување на Кети Тоулоуми Величковска во странство. Имено, таа е со дијагноза на зголемен тумор на мозок, кој според стручното мислење на неврохирурзите треба итно да се оперира, во спротивно ризикот би бил фатален, имајќи го во предвид растот на туморот и веќе пројавените невролошки нарушувања (поради притискањето на виталните центри во мозокот).
Во последните пет години се направени четири интервенции во странство исклучиво на трошок на пациентот, но семејството повеќе не е во можност финансиски да ја поткрепи и оваа петта по ред оперативна интервенција.
Од таа причина се обраќаме до сите хумани луѓе да излезете во пресрет. Веруваме дека со Вашата хумана цел, ќе ја земете во предвид и оваа молба.
Заради сериозноста и итноста на ситуацијата, Ве молиме во рамките на Вашите можности да донирате средства на жиро сметка: 320500020903384 од Централна кооперативна банка А.Д. – Скопје
или од странство на:

Keti Touloimi
IBAN Code: MK07210501645721158
NLB Tutunska banka A.D. Skopje
Vodnjanska No. 1
Macedonia
SWIFT: TUTNMK22
Благодарение на T-Mobile, VIP и ONE отворени се следниве телефонски броеви за донации:

070/143-106 (од мрежа на T-Mobile)
077/143-314 (од мрежа на VIP)
075/143-650 (од мрежа на ONE)
Со едно јавување од соодветната мрежа се донираат по 100 денари за операција на Кети, кои веруваме за секој поединец не се многу, но за Кети ќе значат живот.
Однапред Ви благодариме за разбирањето и укажаната помош!



Со почит до сите вас,
од име на семејство Величковски
Контакт телефон: 076/445050
Сите луѓе не можат да бидат богати и значајни, но секој може да биде добар и хуман !

-------------

споделено од Донации
раширете го апелот секаде каде што можете и кажете им на сите


 

Kajgana Shop

На врв Bottom