Апел за помош: Седумгодишно дете дишe на цевче, потребни се 1.500 евра за нормално детство

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Малиот Дејан откако бил удрен од автомобил минал пет дена во кома. Откако се разбудил добил стеноза на дишните патишта. Приватната клиника Ре-Медика им дала шанса на родителите дека тој може повторно нормално да дишe, но зафатот чини 100 илјади денари.​


Братска и заштитничка прегратка, добива 7-годишиниот Дејан. Но, тоа не е доволно за да има безгрижно детство, бидејќи ова детенце, 4 години воздухот го вдишува преку цевки, последица од сообраќајна несреќа. Иако братчето Драган е само три години постаро од него, се грижи за него и кога Дејан е на училиште, или со другарчињата, знае сам да му ги чисти канелите, внимава некој да не го удри. Свесен за ризикот по неговиот живот, испраќа молба до хуманите, да помогнат, да се соберат 100 илјади денари, пари потребни за ласерско лекување во приватната клиника Ре-Медика.

- Ги молам хуманите да помогнат брат ми пак да е здрав, оти е многу ризично, вели Драган Белогазоски, брат на Дејан.

Солзи и очај кај родителите на Дејан. Болно раскажуваат за кобниот ден кога Дејан бил удрен од автомобил на улица пред неговиот дом. Бил во кома 5 дена, по што добил стеноза на дишните патишта и од тогаш секој ден на нивниот син зависи од врвците и канелите вградени во неговото грло. Сега, приватната клиника им дала шанса нивниот син повторно да дише нормално и тие не сакаат да ја изгубат, но за нив, кои живеат во социјален стан со само 100 евра месечно, тие пари се недостижни.

- Бевме и во државна, но го нема апаратот мораше да се обратиме во приватна клиника и докторот се нафати да направи повторно интервенција и за тоа ни требаат 100 илјади денари, а ние живееме со 6 илјади. Ќе ги помолам сите хумани луѓе да помогнат на ова дете, оти без воздух не се живее. Да си оди на училиште, детето е добро со паметот и си оди во редовно училиште и ги молам сите хумани луѓе да помогнат за да има детето нормално детство, вели Гоце Белогазоски, татко на Дејан.

- Поради него ја напуштив работата. Си игра со другарчињата го избегнуваат го закачат, секогаш мора со него некој да има, за да не го убие, да не му се скине врвцата, нешто да не го повредат, оти е ризично, за некого се малку пари за нас се многу, вели мајката Сузана Белогазоска.

Надежта во хуманоста кај луѓето кај нив е голема. Нé испратија со голема верба дека нивниот син повторно со радост ќе го вдишува животот.

Даниела Такева


Сите хумани луѓе може да му помогнат на 7-годишниот Дејан со уплаќање на жиро сметката:

Бр. на сметка 300057075904187
Комерцијална банка

Телефон за контакт со семејството: 071 909 831​


објавено на датум: 31.05.2011, 14:46

извор: Канал 5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom