Анти-НАТО протест вo Скопје?

S

Sagan

Гостин
!!!ВАЖНО: Среда 02 април „Марш на Молкот“ пред Владата!!!

Мировната иницијатива „Против НАТО! Против Македонија во НАТО!“, во саботата одржа протест на скопскиот плоштад, а за в среда најави протест пред Владата за да се спротивстави на зачленувањето на Македонија во алијансата. Целта на протестите, според организаторот, е да покаже дека во Македонија нема консензус за зачленувањето во НАТО.Организаторите сметаат дека голем дел од 90-процентната поддршка за зачленувањето во НАТО се должи на „еднострано и неточно информирање околу карактерот и мандатот на НАТО“. Според нив, алијансата е надживеана творба на Студената војна, која треба да биде распуштена, а членството во неа нема да ја подобри безбедносната состојба на Македонија.

На вести кажаа дека и Македонскиот Светски Конгрес за во среда во 19 закажал протест пред влада... поправете ме и ако името на протестот не е такво.../:toe:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
eve ti popravka:

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
МАРШ НА МОЛКОТ ЗА ПОМЕН НА ЖРТВИТЕ ОД ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА 2 АПРИЛ
2 април 2008 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес ги предупредува собранието, претседателот и Владата на Македонија дека нивниот мандат за името на државата е определен од референдумот за самостојна и суверена држава Македонија без додавки и придавки од 8 септември 1991 година кој во согласност со ленот 73 став 4 од Уставот на Македонија е задолжителен, и дека независно од одлуката во Букурешт, а во случај на покана за НАТО, во согласност со членот 120 од Уставот на Македонија претходно мора да се одржи референдум за пристапување на државата Македонија во НАТО.

Во услови кога нема договор од двете страни за разликата за името, евентуалното гласање во Собранието за кој и да е предлог на медијаторот Метју Нимиц, ја вовлекува земјата во уставна криза, затоа што е во спротивност со задолжителниот референдум од 8 септември 1991 гоидина.

Со цел одбрана на името Македонија и осуда на грчкиот геноцид врз Македонскиот народ кој кулминира со барањето за промена на името на Македонија на самиот на НАТО во Букурешт под уцена со грчко вето за влез во НАТО, Светскиот Македонски Конгрес организира “Марш на молкот” без пароли и говори на 2 април среда, со собирно место пред Владата на Македонија во 19 часот. Маршот ќе се движи по улиците “Даме Груев”, “Димитрија Чуповски” и “11 Октомври” а ќе заврши пред Собранието на Македонија најдоцна до 21.00 часот каде што учесниците на Маршот ќе ги остават запалените свеќи во знак на помен на жртвите на грчкиот геноцид и апартхејд врз македонскиот народ.

Светскиот Македонски Конгрес повикува на масово и достоинствено присуство на Маршот на молкот. Пожелно е секој да понесе свеќа со себе.

Светскиот Македонски Конгрес се оградува од можни инциденти на поединци и групи надвор од предвидената маршута на движење на Маршот.

Светскиот Македонски Конгрес ќе предаде Меморандум за грчкиот геноцид врз македонскиот народ и Декларација за одбрана на името Македонија во архивите на Собранието, Претседателот и Владата на Македонија.

Доколку Атина стави вето за прием на Македонија во НАТО, или Македонија не добие покана за членство во НАТО во Букурешт поради името на државата, Светскиот Македонски Конгрес од Владата бара веднаш и безусловно да ги прекине разговорите за државното име и со писмена нота да го извести генералниот серкетар на Обединетите Нации дека државата Македонија го продолжува своето членство во Обединетите Нации под единственото историско име Македонија, со можна употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД. Уставната референца “Република” е јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција, односно Егејскиот дел на Македонија, која Атина за првпат во својата историја ја окупира на 31 октомври 1912 година, откога спроведува систематски геноцид и апартхејд врз македонскиот народ до денес, - се вели во денешното соопштение на Службата за информирање на Светскиот Македонски Конгрес.
03.04.2008 извор: СМК
 

Kajgana Shop

На врв Bottom