Здраво другари/другарки
Еве ме и мене нов во овој клуб на 19 години веќе 3 месеца се борам со анксиозноста (поточно страв од смрт),се започна со страшна болка во задниот дел на главата и помислив дека имам мозочен удар и за прв пат искусив паничен напад тресење на раци,ладни раци,тахикардија,болка во гради во грб,снемување на воздух,свирење на уши,заматување на видот и од тогаш си зацртав во главата дека ја сум сериозно болен и дека нема спас за мене, мерење на пулс(веќе навика ми стана) на притисок итн.5 пати во брзата помош ЕКГ,целосна проверка на крв,снимање на глава,штитна жлезда проверка и ехо,ехо на абдомен,ехо на срце и ред други работи ми беше страв да станам од креветот до другата соба изгубив другари се затворив во една соба ми беше страв од се да пешачам,да вежбам(иако цел живот спортувам),да излевам да се забавувам(леле готов сум срцев удар,ке се онесвестам и оп паничен напад) ослабев 14 кг не можев да јадам коските на лицето ми се познаваат како да немав месо на мене се влечкав по болници заробен под влијание на црните мисли не можев да спијам со денови страшни болки во абдоменот иако докторите ме убедуваа дека нема ништо не можев да се помирам и неможев да престанам да мислам на смрта и ете стасав на психијатар помина се добро ми препиша хелекс 0.25 и пароксетин не го зедов пароксетинот заради неговите дејства почнав да користам хелекс само пред спиење првите денови спиев ногу цврсто тенк не ме будеше се будев со енергија али сепак црните мисли ме спречуваа да функционирам правилно ми се разви толку голем сензор за чуство што чуствував како крвта ми оди по вените на секое мало деталче биење на срцето на главата крцкање стегање и така една недела беше се подобро и подобро и отидов да играм фудбал заборавив на се кога завршив добив паничен напад неможев да си дојдам при себе пола саат ајде пак до брзата помош ЕКГ ми кажаа дека имам аритмии на срцето ми бапнаа инекција и дома заспав другиот ден ме остави девојката заради ова бев во шок цела недела ни хелекс ни ништо не ми помагаше и тогаш отидов на кардиолог ги погледна прво ЕКГ-то и ми кажа дека сум немал аритмии ни ништо(погрешиле во брзата помош) направивме пак ЕКГ притисок ехо испадна се океј продолжив со хелексот се додека не се освестив дека тоа е на краток план дека се е до мојата глава до СТРАВОТ и прекинав со секаква хемија.Зедов чаеви за смирувањ, б комплекс(неуробион),магнезиум директ,цинк,ацерола Ц,лук,кромид,праз и се живо и диво на природна база итн кога имав паничен напад знаев како да се смирам почнав со правилно дишење и без паника и станаа ретки почнав да функционирам нормално исполнет со енергија единствен проблем ми беше да заспиам се тресев внатрешно ми свиреа ушите и ми одеше нешто по главата крцкање внатрешно(ми се враќаа мислите мозочен удар и одма паничен напад пред спиење) со голема волја некако успеав да спијам пред 2 дена почнав тежински тренинг се тресев целиот страв али си реков ке завршам со тренингот и ете заврши и тоа сабајлево се чуствував како нов човек и еве со насмевка го пишувам ова проблемот е во главата намалите ги границите на големо очекувања мислите на позитивни работи нешто со што ке се занимавате ке ви се одвлечи вниманието Life is a бич, слободно ме контактирајте ПП тука сум да помогнам и тражам помош како да го намалам свирењето(зуење) на уши пошто го имам цело време и крцкање во главата пред спиење ме вади од такт чат пат проследено со паничен напад иако на томографијата не покажа ништо фала многу поздрав.