- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.162
- Поени од реакции
- 1.324
Ќе има парламентарни заедно со локалните за да се тргне фокусот од локалните избори и работата на досегашните градоначалници или поточно неработата и целите избори да се претворат во борба за власт. Локалните избори ќе гледаат да бидат ставени комплетно во заден план, ниту дебати ќе има ништо нема да има, може да излезат само генијалците Мицко и Венко на една "долго најавувана дебата" и два саати програма "Ама не ти", "кај се парите".
Општините најверојатно веќе си ги поделиле ДПНЕ и СДС на средбата што ја имаа, и сега е целта само глатко да си помине целиот процес на гласање.
Сè е во ред, но работата е што само на ДУИ ѝ одговараат предвремени парламентарни избори. Можам да тврдам дека дури ни на Мицкоски не му одговараат предвремени избори, иако тврди дека е подготвен. Јас гарантирам дека Мицкоски пак ќе победи, тука нема спор, но со намалување од 2 или 3 пратеници. Од друга страна, ДУИ ќе добие дополнителни 4 или 5 пратеници плус од албанскиот политички блок.
Ако тоа се случи, ДУИ по секоја цена ќе влезе во новата влада бидејќи ќе има силна поддршка од целата меѓународна заедница. Ако ДУИ повторно влезе во влада, Мицкоски нема да може толку лесно да се договара со нив како што тоа го прави со ВЛЕН, шанси за лесна соработка практично нема.
Затоа, единствено на ДУИ ѝ одговараат предвремени избори, што објаснува зошто токму тие се најгласни во барањето за нивно одржување.