За дел да, али голем дел се едноставно интересни групи кои си ги продаваат гласовите. Да кажеме ако сте од рурално место и оформите партија во 2-3 села која има 300-500-800 гласови. Или пак група пензионери кои можат да обединат некој 400-500 гласа. И ДПНЕ и СДС одма ќе ви понудат да влезете во колација во замена за некое советничко место, неколку вработувања, нешто кеш. Може и некој фунционер на ЈП да добиете ако е местото 50-50 и секој глас е важен.
Огромен дел од овие партии се баш такви. Имаат по 50-100-200-300 гласови најчесто од 10-20 фамилии кои сите се вработиле преку партијата и тоа е тоа. Имињата им се комплетно ирелеватни зошто е невозможно да имаат каква било идеологија. Чим влезеш во орото со СДС и ДПНЕ нема излегување, или барем до сега никој нема излезено. Вака на прв поглед може не изгледа многу али во пракса е. ЛДП, ДОМ, ДС, Социјалистика партија, ГРОМ, итн.. сите тие си в
варираат од по неколку стотици до неколку илјади гласови. Вака оделно се бедни али ако ги прибереш во коалиција сите одеднаш добиваш 10-15-20 000 гласови екстра наспрема другиот. А загубата овдека е плус и двојна зошто не само што ти добиваш туку и он губи.
Работничка партија, Интегра, Единствена Македонија, Глас ти се уште некој 5-10 000 гласови. И така капка по капка се полни чаша. Најчесто овие партии одат сами на избори само за да покажат колку гласови тежат за да имаат со колку да се ценкаат со СДС и ДПНЕ. На пример Левица ако одеше со ДПНЕ на овие избори со 40 000 гласови ќе можеше да им бара неколку градоначалници и во иднина неколку министри. Нешто што овие со по 500-1000 гласа може да сонуваат.
Етничките се направени само за додадно да се расцепка националното ткиво на Македонија зошто и на СДС и на ДПНЕ им е забрането да тераат про-македонска политика.