Анастасија, култниот Македонски етно бенд!

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
А деновиве мислев да отварам фолдерите од ПС и да направам една тема. Ама добро е штом имало. Јака екипа се Горан Трајковски, Златко Ориѓански и Зоран Спасовски, момците создадоа нешто вонвременско нешто што ќе живее уште долго.

Страшилишта се, екипа на место. После Pass over, ова е мојата омилена песна и Nine Iron Doors
 
Napraviv edna prerabotka na baza na edna pesna od Anastasija.Pesnata se vika In a London Cab.

Super ispadna.
 
.....мислам дека Златко беше еден од иницијаторите за враќање и обнова на византиското црковно пеење....денес се повеќе свештени лица во Македонија ....пеењето по Мокрањац го заменуваат со византиско црковно пеење

Анастасија е одличен пример како може да се направи амалгам од старото и новото ....од модерното и исконското....и да се добие совршенство

Вистинска штета е што поголемиот број Македонци знаат повеќе за некој си Лончаревиќ, Четковиќ, Матиќ и останата багра отколку за Анастасија

не научивме да си го цениме своето :(
 
А Милчо Манчевски наводно бил незадоволен од албумот направен за „Пред Дождот“, хаха. А без музиката нивна, ќе беше само еден просечен филм.
Затоа во пред дождот има нешто и од Кирил Џајковски, кој подоцна се приклучил како последица од претходното.
 
Сакате верувајте, сакајте не, но сестра ми е крстена по името на овој бенд. Тој период кога се роди таа Пред дождот веќе беше баш ептен популарен, а мене ме прашаа моите за совет или идеја како да се вика сестричката. Јас како од пушка - Анастасија. Зошто, како и поради што го предложив тоа име - не знам. Тогаш немаше и Интернет толку како сега, па да сум бил упатен во нивната работа. И сам бев дете - 8 години.

За ова го контактирав и Ориѓански пред некое време, рече дека му е голема чест :)
 
И како е сеа крстена според бендот, коа ни сам не си знаел зошто си го предложил името. Мош е по некоја Анастасија, касиерка од Суботица, со тртка на лева плешка. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв