- Член од
- 10 јануари 2013
- Мислења
- 20
- Поени од реакции
- 9
Причини за настанување
Се смета дека причините за настанување на аналните фисури стојат во механичките трауми кои настануваат при запек (опстипација) или при инструментални прегледи, со секундарно воспалување на ѕидот на аналниот канал.
Клиничка слика
Аналните фисури главно се локализирани на задниот ѕид, во средната линија на аналниот канал. Должината на фисурите е околу 1-2 см, а широчината 2-5 мм. Доминантни симптоми се болка, спазам (грч) на аналниот сфинктер и крварење од аналниот канал.
Кај акутните фисури болката настапува ненадејно за време на дефекацијата, за кратко време престанува, а потоа се зголемува до следната дефекација. Пруритус (јадеж) и секреција од аналниот канал се често присутни симптоми. Крварењето често е минимално, се појавува на почетокот на дефекацијата. Со развој на инфекцијата може да настане перианален абсцес (шуплина исполнета со гној). Хроничната фисура само исклучителни случаи може да доведе до стеснување на аналниот канал (анални стенози).
Дијагноза
Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, објективниот преглед. По смирување на болките, треба да се направи комплетен ендоскопски преглед на дебелото црево (колоноскопија).
Терапија
Лекувањето на аналните фисури се состои во примена на лекови и соодветни диети кои имаат за цел омекнување на столицата. Потребно е редовно празнење на цревата и локална примена на анестетични и кортикостероидни масти. Кај хроничните фисури резистентни на медикаментозна терапија и во случаи на компликации се спроведува хируршко лекување.
Секакви искуства би биле добредојдени.