Анализа на крв - толкување резултати

Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Здраво, дали може некој да пише подетална анализа дали е се во ред? Пред 5-6 месеца глукозата ми беше 6.3 и покачено железо имав, во Април давав крв, сега денеска правев контрола пак. Освен MCHC над горна граница, другото дали е во ред?
B2843ABE-AB7A-4DCC-8B97-A4FDA0D8EB0C.jpeg 46740EA8-7040-48CC-86F0-AC38FEE263C2.jpeg
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
Здраво, дали може некој да пише подетална анализа дали е се во ред? Пред 5-6 месеца глукозата ми беше 6.3 и покачено железо имав, во Април давав крв, сега денеска правев контрола пак. Освен MCHC над горна граница, другото дали е во ред?
Прегледај го приврзокот 300894Прегледај го приврзокот 300895
, се е во ред. Уживај!

Едитирано од модератор.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Lactate Dehydrogenase Isoenzymes LDI, (или со друго име LDH)

Лактат дехидрогеназа (LDI, LDH,LD)
е ензим вклучен во производството на енергија во речиси сите клетки на телото, а највисоките нивоа се наоѓаат во клетките на срцето, црниот дроб, мускулите, бубрезите, белите дробови и во крвните клетки, дури и бактериите произведуваат лактат дехидрогеназа (LDI, LDH,LD), одредувањето кој изоензим е покачен во крвта може да даде индиции за тоа каде се јавува оштетување на ткивото во телото или кои органи може да бидат засегнати.

Лактат дехидрогеназата е позната како цитоплазматски ензим што се наоѓа во сите клетки, но кога клетките се изложени на токсични ефекти, нивниот интегритет на плазматската мембрана е прекинат и LDH ензимот „протекува“ од клетките во крвотокот, па проценката на штетата се врши со мерење на LDH ензимската активност.

ice_screenshot_20211106-195331.jpeg

... со овој лабораториски тест во крвта се врши мерење на пет изоензими (кои предизвикуваат хемиски реакции на местата каде се лоцирани во различни концентрации LDH-1 се наоѓа најмногу во црвените крвни зрнца и срцевиот мускул,LDH-3 е концентриран во белите дробови, иако се наоѓа и во други ткива, но кога имаме присуство во крвта на LDH (LDI) на заболено или оштетено ткиво (на јетра, срце), дали има нарушување на крвта (анемија).

покрај овој тест LDH (LDI) мора да се направат и другите ензимски тестови:
на јатрата
- Алкална фосфатаза
- Аланин аминотрансфераза (ALT)
- Аспартат аминотрансфераза, (AST)
- Гама-глутамил транспептидаза (GGT)
на срце и скелетните мускули
- Креатин фосфокиназа или CPK
- Тропонин
- Миоглобин

... инаку резултатите од тестот LDH (LDI) може да варира во зависност од возраста, пол, коморбидитет, но покачени вредности можеби не значат дека имаме проблем, додека не се најдат покачени резултати од други ензими.

Нормалните резултати за изоензимите за возрасни:
LDH-1: 17% до 27% (срце,еритроцити)
LDH-2: 27% до 37% (леукоцити)
LDH-3: 18% до 25% (бели дробови)
LDH-4: 3% до 8% (панкреас, бубрези, плацента)
LDH-5: 0% до 5% (јетра, скелетни мускули)

Нормалните стапки се:
LDH-1 помалку од LDH-2 (обратно имаме срцево заболување, денес се применува лабораториско испитување на тропонин при инфаркт на миокард, но и вредноста на LDH-1 во 24-72ч на срцев удар се покачува максимално, да после две недели се врати во нормални вредности)
LDH-5 помалку од LDH-4

...кога LDH-1 е поголем од LDH-2, тоа не насочува на постоење на анемија, бидејќи нормално LDH-2 да е повисок од LDH-1.

...кога LDH-5 е поголем од LDH-4, тоа може да значи дека постои оштетување на јетрата или заболување на јетрата (ова вклучува цироза и хепатитис), но ако имате две болести кои предизвикале зголемување на повеќе од еден LDH изоензим, едната болест може да ја скрие другата.

-важно како лаборантот ја зема кврта од вена, која не смее да биде контаминирана со „скршени црвени крвни зрнца“, состојба наречена хемолиза, затоа што LDH ќе биде покачен токму поради тоа,

- важно да му се каже на пациентот дента пред да даде крв за анализа да не вежба или да има тешка физичка работа, затоа тоа ќе биде една од причините за покачени LDH-1, LDH-2 и LDH-5.

- важно да се каже на пациентот да не конзумира алкохол, мрсна храна, да не пие аспирин, други лекови, што може да биде причина за покачен LDH, додека примена на суплементи кои содржат Витамин Ц можат да го намалат нивото на LDH.
- дијабетичарите имаат покачен LDH исто и кај пациентите заболени од COVID-19 овој параметар е повишен, па се применува за следење на нивна клиничка слика, (лимфопенија, намален број на тромбоцити, покачени Д-Димери и протромбинско време како резултат на активирана коагулација,ниски концентрации на хемоглобин, покачен LDH, неутрофилија (зголемен број на неутрофили), ниска концентрација на серумскиот албумин, па често има потреба од давање на готов лек „хуман албумин“

* секојдневна примена на Витамин Ц делува на намалување на LDH.
 
Последно уредено:

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.057
Поени од реакции
12.543
До сега не сум имал проблем.Можно ли е да е Covid? Направив брз тест кој излезе Негативен.
Незнам брате,не сум доктор.
Овие покачени Алт и Аст ензими знам дека укажуваат на болен црн дроб.
За повеќе инфо не чекај форум-екими,отиди на лекар.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
До сега не сум имал проблем.Можно ли е да е Covid? Направив брз тест кој излезе Негативен.
... превисоки јетрени трансаминази, мора да идеш на лекар, сигурно не е некоја лабораториска техничка грешка, па само тие два АСТ и АЛТ параметри да ги направиш повторно инаку и некоја бактериска инфекција имаш со ЦРП 24,2!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
... превисоки јетрени трансаминази, мора да идеш на лекар, сигурно не е некоја лабораториска техничка грешка, па само тие два АСТ и АЛТ параметри да ги направиш повторно инаку и некоја бактериска инфекција имаш со ЦРП 24,2!
CRP не мора да значи дека има бактеријална инфекција.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
- дијабетичарите имаат покачен LDH исто и кај пациентите заболени од COVID-19 овој параметар е повишен, па се применува за следење на нивна клиничка слика, (лимфопенија, намален број на тромбоцити, покачени Д-Димери и протромбинско време како резултат на активирана коагулација,ниски концентрации на хемоглобин, покачен LDH, неутрофилија (зголемен број на неутрофили), ниска концентрација на серумскиот албумин, па често има потреба од давање на готов лек „хуман албумин“

* секојдневна примена на Витамин Ц делува на намалување на LDH.
Класична грешка е да даваш албумин кај пациент без притоа да го корегираш со начинот на исхрана на пациентот. Индикациите за давање на човечки албумин се доста строги и дури и на интензивна нега се даваат во краен случај кај одредени пациенти.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Класична грешка е да даваш албумин кај пациент без притоа да го корегираш со начинот на исхрана на пациентот. Индикациите за давање на човечки албумин се доста строги и дури и на интензивна нега се даваат во краен случај кај одредени пациенти.
...пишувам за лежечки пациенти болни од К19, кај ќе корегираш кај нив исхрана, но и претераното давање на физиолошки интравенозно поради давање терапија некогаш и 3 х на ден, нормално дека при толкав внесен волумен на течност ќе бидат ниски албумините, ама полесно им е да дадат хуман албумин немање унифициран протокол, кој како ќе му дојде, а тоа што секој може да го купи надвор, а строго болнички лек поарно да не пишувам,
CRP не мора да значи дека има бактеријална инфекција.
Не мора, но најчесто значи,
да имаше болки или гадење со такви високи јетрени трансаминази сигурно ќе беше некое тровање од храна, а можно и необјаснета појава на хипертрансаминасемија од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори :toe:
,,Evidence has shown an association of Helicobacter pylori infection with liver dysfunction and damage. We investigated if H. pylori eradication affects liver enzymes in patients referring with unexplained hypertransaminasemia...,,
 
Давањето на исхрана преку вена или подобро комбинацијата од давање на ентерална и венска задоволување на нутрицистичките потреби и билансот на течности на лежечки болен пациент било тоа дали е на интензивна нега или обично одделение е нешто најосновно!

Така давањето на албуним не е оправдано!

Дека има дисфункција на црн дроб од овие параметри не се гледа.

Оштетување да! Причината како хеликобактер не е толку веројатна уште помалку, при нормални леукоцити, нормален процент на гранулоцити, дека станува збор за бактеријална инфекција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom