гликоза за нормална граница пишува до 6,1 , кај мене денеска пишување 7.6, пред 2 месеца исто имав проверка на крв во граници на нормала беше.Матичната ми кажа дека не е сериозно, сакам да прашам дали има ризик од дијабетес? Во сабота треба уште едншка да отидам за проверка на крв. Дали може да е покачено од тоа што јадев вечерта во 12-1 часот, а сабајле во 10 ми зедоа крв.
... мој совет е да си купиш тест ленти за гликемија ( шеќер во крвта) и тоа ќе се бара кои се најефтини, а со тие тестови се добива соодветен апарат за мерење на шеќерот во крвта - гратис (а не да се гледа „ефтин“ апарат, а тест лентите скапи)!
... толку е едноставно мерењето на шеќерот во крвта што секое домаќинство би требало да го има дома, затоа што самото одење по лаборатории и вакви одлагања е само дополнителен стрес што и те како допринесува за полош резултат!
...најефтини барем до сега се
ОВИЕ тест ленти!
околу резултатите:
све што е под 6.1 ммол/л би рекле дека е нормално, меѓу 6,1 и 7 ммол/л се смета како нарушена толеранција (предијабет), а над 7 ммол/л за дијабет, најмалку треба 8 часа да се биде гладен, па да се мери шеќерот во крвта!....зарем во 10 ч се мери шеќер?
НО, во текот на денот може да се има повисок шеќер во крв за разлика од наутро кога може да биде нормален, затоа не само наутро туку и преку ден се мери т.е. секогаш после јадење едно 2-3 ч мора шеќерот во крвта да дојде во нормала доколу после јадењето во текот на денот после 2-3 ч вредноста е под 7.8 ммол /л тогаш велиме дека е нормален (зборуваме во било кое време во текот на денот после јадење, не е исто како наутро на гладно) , доколку вредноста во текот на денот е меѓу 7.8 и 11 ммол/л велиме дека имаме нарушување, а за дијабет ќе размислуваме кога вредноста е над 11.1 мол/л мерено во било кое време во текот на денот!
... не би било лошо и ОГТТ (орално_глико_толерантен_тест) да се направи ако веќе идеш во лабораторијата, да се направи со орален гликозен раствор еден „шок“ на панкреасот да се види како тоа лачи инсулин и сето тоа да се мери шеќерот во венска крв!