Анализа на крв - толкување резултати

Член од
14 август 2012
Мислења
1.707
Поени од реакции
738
гликоза за нормална граница пишува до 6,1 , кај мене денеска пишување 7.6, пред 2 месеца исто имав проверка на крв во граници на нормала беше.Матичната ми кажа дека не е сериозно, сакам да прашам дали има ризик од дијабетес? Во сабота треба уште едншка да отидам за проверка на крв. Дали може да е покачено од тоа што јадев вечерта во 12-1 часот, а сабајле во 10 ми зедоа крв.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Дали може да е покачено од тоа што јадев вечерта во 12-1 часот, а сабајле во 10 ми зедоа крв.
Да, може. Секој метаболизам е различен, зависи што храна си јадел... генерално од 8-12 саати треба да поминат за направиш тест.
Така да во петок не јади после 8 часот :)
сакам да прашам дали има ризик од дијабетес?
Ризик секогаш има ама не би требало во случајов.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
гликоза за нормална граница пишува до 6,1 , кај мене денеска пишување 7.6, пред 2 месеца исто имав проверка на крв во граници на нормала беше.Матичната ми кажа дека не е сериозно, сакам да прашам дали има ризик од дијабетес? Во сабота треба уште едншка да отидам за проверка на крв. Дали може да е покачено од тоа што јадев вечерта во 12-1 часот, а сабајле во 10 ми зедоа крв.
... мој совет е да си купиш тест ленти за гликемија ( шеќер во крвта) и тоа ќе се бара кои се најефтини, а со тие тестови се добива соодветен апарат за мерење на шеќерот во крвта - гратис (а не да се гледа „ефтин“ апарат, а тест лентите скапи)!



... толку е едноставно мерењето на шеќерот во крвта што секое домаќинство би требало да го има дома, затоа што самото одење по лаборатории и вакви одлагања е само дополнителен стрес што и те како допринесува за полош резултат!
...најефтини барем до сега се ОВИЕ тест ленти!

околу резултатите:
све што е под 6.1 ммол/л би рекле дека е нормално, меѓу 6,1 и 7 ммол/л се смета како нарушена толеранција (предијабет), а над 7 ммол/л за дијабет, најмалку треба 8 часа да се биде гладен, па да се мери шеќерот во крвта!....зарем во 10 ч се мери шеќер?

НО, во текот на денот може да се има повисок шеќер во крв за разлика од наутро кога може да биде нормален, затоа не само наутро туку и преку ден се мери т.е. секогаш после јадење едно 2-3 ч мора шеќерот во крвта да дојде во нормала доколу после јадењето во текот на денот после 2-3 ч вредноста е под 7.8 ммол /л тогаш велиме дека е нормален (зборуваме во било кое време во текот на денот после јадење, не е исто како наутро на гладно) , доколку вредноста во текот на денот е меѓу 7.8 и 11 ммол/л велиме дека имаме нарушување, а за дијабет ќе размислуваме кога вредноста е над 11.1 мол/л мерено во било кое време во текот на денот!
... не би било лошо и ОГТТ (орално_глико_толерантен_тест) да се направи ако веќе идеш во лабораторијата, да се направи со орален гликозен раствор еден „шок“ на панкреасот да се види како тоа лачи инсулин и сето тоа да се мери шеќерот во венска крв!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
... кога веќе ги даваш резултатите не е лошо накратко да се каже зошто се прават лабораториски анализи дали имаме некој здравствен проблем или некој симптом (или тоа е онака редовна контрола) и дали се работи за машка особа и горе доле возраста, затоа што некои анализи ете на пример твојата вредност на еритроцити 4,88 е на висока граница од реф.вред за женска особа, ама за машка е на долна граница во реф.вред.
- Реф. вред. за жени: од 3,86 - 5,08 x10 12/l
- Реф. вред. за мажи: од 4,34 - 5,72 х10 12/l



примерот кај липидниот статус триглицериди >1,7 mmol/l е реф. вредност, твојот резултат е 0,4 mmol/l што е во нормала според изнесеното од лабораторијата, но ако се земе фактот дека долна и горна граница на нормалните вредности на триглицериди (од-до) за возраст од 10 год - 39 год. е 0.61mmol / l , а ти имаш 0,4 mmol/l тогаш би рекле дека или си неухранет (слаб) или исхраната не ти е мрсна или можеби некој хипертиреоидизам знак, инаку триглицеридите замисли ги како енергија за телото, а ти не ја имаш некако!

MCHC (cell hemoglobin concentration) 310 - 350 g/l , кај тебе малкуцка покачено 361g/l што може да биде резултат од недостиг на Вит Б група, конзумирање на алкохол или пушење, знаци на хипертиреоза или едноставно си бил многу дефидриран во моментот кога си давал крв и тоа е нормална вредност!
значи, ништо посебно во лаб.анализи - во граница на нормалата!:)
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Не постои резултати каде се ке е идеално.Подобро од овие резултати здравје .Поставив само да чујам 2ро мислење.Позз супер се нема малку ова малку она . 20190620_162900.jpg 20190620_162916.jpg 20190620_162929.jpg
 
Член од
18 февруари 2019
Мислења
23
Поени од реакции
48
Zdravo
Pravev krvna slika
Ketoni ++
Seker 7
Dali e nekoj problem , dali e nesto losho ,se soocil li nekoj so ovoj problem?
 
Член од
10 ноември 2014
Мислења
28
Поени од реакции
0
Здраво. Правев крвна слика и ми покажа покачено PLT ( Тромбоцити ), Нормално до 390, мене 416..
Секогаш ми биле до кај 340/350, ама сега малце покачени.. Како да се смалат? И на што треба да пазам..
 

Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
Здраво. Правев крвна слика и ми покажа покачено PLT ( Тромбоцити ), Нормално до 390, мене 416..
Секогаш ми биле до кај 340/350, ама сега малце покачени.. Како да се смалат? И на што треба да пазам..
... направи повторно лабораториска анализа на тромбоцитите, па после ќе видиме што треба! ...доколку имаш некоја инфекција или си во состојба после неа, почекај уште некој ден да се стабилизраш, тромбоцитите знаат во таква состојба малку да се покачат!
 
Член од
10 ноември 2014
Мислења
28
Поени од реакции
0
... направи повторно лабораториска анализа на тромбоцитите, па после ќе видиме што треба! ...доколку имаш некоја инфекција или си во состојба после неа, почекај уште некој ден да се стабилизраш, тромбоцитите знаат во таква состојба малку да се покачат!
Имам расипан заб, ако е можно од тоа...
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
30
Поени од реакции
8
Дали може некој да ми ја прочита крвната слика? Се работи за 3 месечно бебе. Од оддел Доенче и метаболизам ми рекоа дека е добро освен што е слабокрвна. Ама педијатарот кога ја виде рече не е добро. Ме преплаши. 20190809_175834.jpg 20190809_175810.jpg
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Дали може некој да ми ја прочита крвната слика? Се работи за 3 месечно бебе. Од оддел Доенче и метаболизам ми рекоа дека е добро освен што е слабокрвна. Ама педијатарот кога ја виде рече не е добро. Ме преплаши.Прегледај го приврзокот 215225Прегледај го приврзокот 215227
И што предложи педијатарот кога ја виде крвната слика или само ти рече дека не е добра?
Боже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom