- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Додека црногорските граничари сето тоа го гледале
Албанците насилно ја поместиле границата со Црна Гора!
"Многу е чудно како Албанците успеаја во својата намера и тоа со помош на нашата гранична полиција, која ги гледаше сите градежни работи и згора на тоа даваше невкусни коментари..." - велат мештаните
Пред очите на црногорската гранична патрола, Албанците ја поместија државната граница меѓу двете земји во реонот на Гусиже и општината Плав, навлегувајќи во Црна Гора за цел километар во должина и околу 50 метри во широчина, пишуваат "Новости". Станува збор за пограничната река Грнчар, чие течение е граница меѓу двата соседа, но Албанците самоволно донеле механизација и почнале да подигнуваат насип, кроејќи ја границата по свој ќеф!
Тие истото го пробале и пред дваесетина дена, но благодарение на решителноста на локалното население, Албанците морале да се повлечат, бидејќи за малку ќе дошло до меѓудржавен инцидент. Затоа, сите биле шокирани кога деновиве повоторно ја виделе нивната механизација како непречено работи!
"За само неколку часови работа, тие го свртеле течението на реката кон нашето село. Освен што направија тежок граничен инцидент, тие директно ги загрозија наште куќи и имоти" - вели локалниот жител Расим Балиќ кој е лут на власта затоа што не прави ништо за да го спречи безаконието на границата.
"Многу е чудно како Албанците успеаја во својата намера и тоа со помош на нашата гранична полиција која ги гледаше сите градежни работи и згора на тоа даваше невкусни коментари. Се знае каква е процедурата за извршување градежни работи на границата - мора да заседава мешовитата гранична комисија" - вели мештанинот Лаличиќ.
Уште почудно е што досега ниту власта се огласила, ниту пак некој од граничарите-сеирџии е барем опоменат, а да не зборуваме за протесната нота упатена од Подгорица до Тирана.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F758153C720205479223CC7A084B2AD9
Албанците насилно ја поместиле границата со Црна Гора!
"Многу е чудно како Албанците успеаја во својата намера и тоа со помош на нашата гранична полиција, која ги гледаше сите градежни работи и згора на тоа даваше невкусни коментари..." - велат мештаните
![](http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8093D290B51AD24F9895F9F1AA772FC3.jpg)