Албанија го користи правото на вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО

Член од
27 октомври 2014
Мислења
141
Поени од реакции
147
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави денес дека албанците што го нападна Куманово не биле терористи и дека Албанија му става вето на Македонија за влез во НАТО заради не почитување на охридскиот договор!
А терористите на facebook пишувале дека за нив не постои таков договор. За нив постоело само Илирида. Дали за повеќето албанци соживот значи тие да владеат?
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
На ова вето, владата требит да им воведит визи на албанските граѓани за влез во Македонија. Арно ама владата пошто ни е таква каква шо е, ова вето ќе го прикажит ко вина на другите и ќе и аплаудира цела Македонија.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.927
Поени од реакции
11.739
Ако потпише гвујо со Вусите, отиде јабана цел муслимански свет на балканов. Нив тоа ги плаши сега, па затоа го свртеа гзето накај левичарите. Ништо не е случајно. Ама сепак мислам дека ќе се шитнеме така јако, што за 5-10 години ова све ќе биде овде сменето од корен. Ова не е народ овде, ова се продадени души. Позз од Лапонија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.490
Поени од реакции
84.971
Eве ја изјаватa на Рама:

„За жал, во Куманово, зборовите тероризам и Албанец беа сплотени во обид оваа етничка група да се именува како терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од вклучувањето на поимот терорист во справувањето со настаните. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го забележаа невините жители на Куманово. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор“, рекол Рама.


Штом поставувачот на темата вели дека има некоја изјава на Рама, кај што терористите ги нарекува борци за демократија, гарант е така, не викам не. Али ова не е таа изјава.
Ваљда ќе ни ја цитира некој изјавата кај што ги нарекува борци за демократија. Ја не можев да ја најдам.


Инаку никој не ни очекува друго од Албанија или Косово.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Na Balkan nema muslimanska drzava. Ima samo muslimani. Albanija e katolicka. Nivnoto zname nosi hristijanski simbol orel so dve glavi ;)
 
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
Се нервирам, прст им даваш рака ти земаат. Само македонците се лоши, сите се цвеќиња за мирисање. Ако не си ги решеме сами проблемите особено со инато на Заев кон Грујо (оти он го мразил ич не ме е гајле п.с. не сум политички определен) странците ќе не ракинат како Југославија! МАКЕДОНЦИ ДАЈТЕ БЕ МАЛКУ АКЛ, НЕ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.465
Поени од реакции
5.881
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави денес дека албанците што го нападна Куманово не биле терористи и дека Албанија му става вето на Македонија за влез во НАТО заради не почитување на охридскиот договор!
А терористите на facebook пишувале дека за нив не постои таков договор. За нив постоело само Илирида. Дали за повеќето албанци соживот значи тие да владеат?
Не пренесуваш како што треба, никаде не рече дека тие се бореле за демократија.

За жал, во Куманово, зборовите тероризам и Албанец беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманов. Се што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор - рече Рама.
http://plusinfo.mk/vest/26553/rama-najavi-veto-za-makedonija-(video)
Охридскиот договор не е почитуван, целта на Охридскиот договор не беше само вработување на албанци (а за жал ни тоа не е почитувано, денес имаш 18,5% застапеност на албанците).
Договорот требаше да се имплементира до 2004та година, потсетете ме која година сме денес?

Дека имаше намера да се прати порака дека Македонија се бори против тероризмот, се гледа по тоа што повторно рекоа дека овие од групата се бореле и во Блискиот исток и имале за цел да убијат 8000 цивили, што е лага голема исто како со тие од Монструм кога рекоа дека се бореле во Авганистан против западот.
Исто како што се лажеше дека убиените пакистанци кај Раштански лозја биле терористи кои имале за цел напад врз странските амбасади.
Исто како што се лажеше дека албанците од Сопот поставиле мина за да убијат НАТО војници. (замисли)

Во Косовските медиуми информираат или дезинформираат дека Македонските служби поставиле контакт со некој од групата.
Се појавила информација дека најмалку двајца се луѓе на македонските служби.
Се појави информација наводно некој од приведени рекол дека во моментот кога се предале имало 2 убиени од групата, некои биле повредени, од кај сега 10 убиени. (или 14 како што велеа, кај им се 4)
8 месеци ги следеле (или 20), и повторно успешно влегоа среде град.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.490
Поени од реакции
84.971
МАКЕДОНЦИ ДАЈТЕ БЕ МАЛКУ АКЛ, НЕ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС!
За жал, овој твој сосема валиден повик го немаше на ум нашиот премиер, кога ги амнестираше воените злосторници од грчка плажа.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Еди Рама отворено збореше за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА.
Од друга страна, големите сојузници Русија и Кина навлегуваат на Балканот, а посебно Македонија, Грција, Србија и Унгарија им се од најголем интерес поради тоа што треба да бидеме транзит на 70% од рускиот гас за Европа и транзит на кинеска стока преку најавените кинески железници, автопати и канал Солун-Вардар-Морава-Дунав. Кина веќе го зеде најголемото грчко пристаниште Пиреја, а се градат во Македонија автопати со кинески кредити.

Иредентистите кои се` уште сонуваат за Голема Албанија се во голема паника од стравот од доаѓањето на Русија и Кина на Балканот, па затоа може да се сомневаме дека се прават очајнички обиди да се дестабилизира Македонија и да се направи некое сценарио кое ќе води кон создавање Голема Албанија.

Ако дојде Русија и Кина во Македонија, тоа ќе значи крај на сонот за голема Албанија. Затоа и е оваа ујдурма против Грујо. Во 2001 г. не лажеа дека ЉуБчо и Тачи ќе ја делеле Македонија, а испадна дека војната била исценирана заради наметнатиот Рамковен договор и територијалната поделба на РМ која води кон федерализација и албанизација.

Но, Грујо некако ми делува многу сигурен, ко да има ветер во грбот, па се прашувам да не ужива случајно голема поддршка од Кина и Русија?
 
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
За жал, овој твој сосема валиден повик го немаше на ум нашиот премиер, кога ги амнестираше воените злосторници од грчка плажа.
Не знам кој што е направил, ниту па сакам да судам, ама знам дека Македонија има потреба од нови разумни лидери со бел образ т.е. нови партии
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
За жал, овој твој сосема валиден повик го немаше на ум нашиот премиер, кога ги амнестираше воените злосторници од грчка плажа.
Законот за Амнестија беше донесе 2002 г. ако не се лажам. Кој беше премиер тогаш?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.465
Поени од реакции
5.881
Нема шанси да се ослободат тие луѓе, во оваа држава и невини луѓе не се ослободуваат како што е Сопот. (Бучковски јавно, Јанкуловска преку телефон рекле дека тие се невини).

И барањата што ги читам на косовските медиуми, не се за ослободување, туку бараат телата на убиените да се вратат на Косово, протестираат на односот на косовските институции спрема нивните граѓани кои се измачуваат во Македонија.

Велат дека Али Ахмети ги издал.

http://botasot.info/lajme/406732/mirsad-ndrecaj-donte-ta-shpalle-republiken-e-ilirides-foto/
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.490
Поени од реакции
84.971
Еди Рама отворено збореше за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА.
Од друга страна, големите сојузници Русија и Кина навлегуваат на Балканот, а посебно Македонија, Грција, Србија и Унгарија им се од најголем интерес поради тоа што треба да бидеме транзит на 70% од рускиот гас за Европа и транзит на кинеска стока преку најавените кинески железници, автопати и канал Солун-Вардар-Морава-Дунав. Кина веќе го зеде најголемото грчко пристаниште Пиреја, а се градат во Македонија автопати со кинески кредити.

Иредентистите кои се` уште сонуваат за Голема Албанија се во голема паника од стравот од доаѓањето на Русија и Кина на Балканот, па затоа може да се сомневаме дека се прават очајнички обиди да се дестабилизира Македонија и да се направи некое сценарио кое ќе води кон создавање Голема Албанија.

Ако дојде Русија и Кина во Македонија, тоа ќе значи крај на сонот за голема Албанија. Затоа и е оваа ујдурма против Грујо. Во 2001 г. не лажеа дека ЉуБчо и Тачи ќе ја делеле Македонија, а испадна дека војната била исценирана заради наметнатиот Рамковен договор и територијалната поделба на РМ која води кон федерализација и албанизација.

Но, Грујо некако ми делува многу сигурен, ко да има ветер во грбот, па се прашувам да не ужива случајно голема поддршка од Кина и Русија?
Така е брате! Затоа треба да му простиме за сѐ на Грујо! Особено за амнестијата на воените злосторници кои во името на Голема Албанија вршеа воени злосторства врз неалбанци немуслимани.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.490
Поени од реакции
84.971
Законот за Амнестија беше донесе 2002 г. ако не се лажам. Кој беше премиер тогаш?
Да, тоа е тој закон во кој убаво си пишува дека амнестијата не важи за воените злосторници. Но, и да не пишува (а пишува), според кој светски или духовен закон може да се амнестираат онакви злодела, па уште врз сопствениот народ?
Ах, ми текна, тоа е според законот на фотељи и тендери, кој го спроведуваат судијки кои излегуваат од шлицот на Мијалков, со кеси од Сфаровски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom