Актери/ки со најголеми флуктуации во кариерата

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пред неколку недели магазинот Complex кој инаку редовно прави листи од областа на филмот и телевизијата, направи интересна листа на квалитетни актери кои главно прават лоши филмови, ја имаше и на порталот Кајгана. Ова чисто како вовед во темава, за да имате некои имиња во предвид.

Значи кои актери/ки според вас прават најголеми флуктуации во кариерата, од типот еден добар филм два лоши или обратно, така што не можете да им го одредите критериумот според кој ги бираат улогите.

Овде можеме да дискутираме за неколку работи меѓу кои можете да се изјасните, за најдобрата и спротивно на тоа најлошата улога на еден актер. Потоа, кој сметате дека залудно си го троши талентот на погрешни филмови, а може да понуди многу повеќе.

Еве баш добар пример од листата на магазинот е Мики Рурк. Страва од актер во 80-тите за потоа со неколку лоши одлуки да направи сите да заборават на него. Но, и не е само тој. И Едвард Нортон после сјајна кариера, направи неколку лоши одлуки (Stone е најдобар пример за тоа).

И последно прашање кој актер/ка сметате дека нема направено утка кога станува збор за улогите т.е не сте забележале пад во неговата т.е нејзината кариера?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кевин Костнер - не ми е баш омилен глумец, но факт е дека своевремено, пред да го сними Водениот свет, важеше за голема ѕвезда, со неколку големи хитови кои беа со сосем солиден квалитет.
Еди Марфи - се подзагуби последнава деценија, а не е дека баш никаде не глумеше.
Рој Еткинсон - од Црна Змија до Мистер Бин до врвот, па вртоглаво надолу. Џони Инглиш?
Деми Мур - Непристоен предлог, Дух, за по некое време да заигра во Стриптиз.

Ги има многу.... :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.362
Темава има малце misleading title.
Читам "Актерки со најголеми" и тамам се спремам да постирам слики од Скарлет гледам дека се правело муабет за флуктуации. (n) (n)(n)
--- надополнето: 22 декември 2012 во 22:44 ---
ма да и Скарлет може да се стави во темава :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Темава има малце misleading title.
Читам "Актерки со најголеми" и тамам се спремам да постирам слики од Скарлет гледам дека се правело муабет за флуктуации. (n) (n)(n)
--- надополнето: 22 декември 2012 во 22:44 ---
ма да и Скарлет може да се стави во темава :)
Арно шо не си се залетал актери со најголеми да ставаш ...
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
De niro
Pacino
Morgan Freeman
Samuel L
itn itn...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Џон Траволта би го додал на листата

Со Брилијантин и Саботна Треска прерасна во голем холивудски миленик, по неколку филмови фијаско комплетно го снема од холивудската сцена, па покасно Тарантино со Палп Фикшн како Феникс го издигна одново во актерските води.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
De niro
Pacino
Morgan Freeman
Samuel L
itn itn...
Чекај ти сериозен си со првиве двајца???
Посебно со Пачино, па човекот дали 1-2 лоши филмови има снимено во цела кариера.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Чекај ти сериозен си со првиве двајца???
Посебно со Пачино, па човекот дали 1-2 лоши филмови има снимено во цела кариера.
De niro e propadnat skroz
Pacino go dozivea vrvot u na adam sendler filmot
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
De niro e propadnat skroz
Pacino go dozivea vrvot u na adam sendler filmot
Не зезај, Ал Пачино има 70 и кусур години, еден или два просечни/подпросечни филмови не го прават актер со флуктации. Баш Де Ниро, Пачино и останати old school актери имале совршено стандардна кариера полна со миљон хитови и пред се квалитетни и култни филмови какви веќе не се прават.

Очигледно грешно го сфаќаш концептот на флуктација...
Грев е за Ал Пачино да го пишеш тоа.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Не зезај, Ал Пачино има 70 и кусур години, еден или два просечни/подпросечни филмови не го прават актер со флуктации. Баш Де Ниро, Пачино и останати old school актери имале совршено стандардна кариера полна со миљон хитови и пред се квалитетни и култни филмови какви веќе не се прават.

Очигледно грешно го сфаќаш концептот на флуктација...
Грев е за Ал Пачино да го пишеш тоа.
imale na pocetokot...posle zgasnaa...svaka im cast za toa so go napravile i dvajcata na pocetokot neam zborovi...ali sea da ne se lazeme posebno za de niro koj mu bese posleden dobar film??
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
De niro e propadnat skroz
Pacino go dozivea vrvot u na adam sendler filmot
Епа Jack and Jill само не го прави Ал Пачино актер којшто незнае да бира улоги. The Devil`s Advocate, Godfather, Heat, Scarface, Carlito`s Way, Donnie Brasco, Any Given Sunday, The Merchant of Venice, Insomnia му се фантастични филмови. И тоа овие се само они кои набрзина ми текнаа. Епа сега кога има 70 години и 40 години кариера нормално е да има 2-3 лоши филмови, неможе секој да биде amazing.
За Де Ниро ме мрзи да се распишам и за него, ама кога некој ми го дира Ал Пачино неможам да му преќутам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Стив Мартин - последнава деценија немам чуено за негов филм кој заслужува внимание. Порано важеше за добар сатиричар и имаше неколку сосем солидни филмови.
Винона Рајдер - преубава, талентирана жена + клептоман. Штета што се изгуби.
Кристијан Слејтер - уште една ѕвезда чија кариера е речиси мртва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom