Ако би можеле да бирате, каде и со кого би сакале да сте сега?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Имам две желби:

1) Лондон, сама да седам во некој мал кафиќ и да гледам како врне и да пијам кафе.

2) На планина, во некоја викендичка, сосема сама, неколку дена, без компјутер, телефон и телевизор и да излезам во двор и да вриштам колку што ме држи гласот за да исфрлам негативна енергија, очајно ми доаѓа да вриштам.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Би сакала да сум на плажа, оптегната со едно добро освежително коктелче , да си гледам во моренцето пред мене и да уживам........ми скисна од зимава и променливово време.....
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Montego bay - Јамајка ... со реге музика , јас на плажа си го глеам морето ...... нема поубаво ...

 
Б

Бат Елохим

Гостин
На планина некоја, може и во Мк, еве на Бистра на пример. Без луѓе, интернет, телевизија и сл.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Во Бостон, во некоја библиотека читајќи книга и пиејќи чај, после да се прошетам на ладно време..
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
1.Егзотично бескрајна песочна плажа, сонце да пука, ама јас да сум под сенка да имам ладен пијалак до мене, да ги слушам брановите и птиците
2.САД многу места, од пустините во Невада и Големиот Кањон па се до големите шуми.
3.Алмере, Холандија, со една личност.
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
На плажа, со другари, жива музика, алкохол, оган и некоја шо ќе ми прави друштво :D
 
O

Orion.

Гостин


Тука, сам.
Ми треба само музика.
После 25 дена можат да ме земат само да гледат да не ме заборават па да бидам ко Том Хенкс во Cast Away:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom