Акните - повеќе од тинејџерски проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
фала многу, колку си сигурен дека нема да се влоши состојбата ако го чистам целото или дека нема да ми се појават нови чуда? имаш искуство со лосионот или некој твој близок?


Ова ти е лосион за чистење на лицето, се нанесува на памук и се поминува целото лице со истиот. Го имаш во вид на гел и во вид на лосион. Овој лосион исто така кој го чисти лицето од секакви бактерии, и незнам ти што друго кој би му штетеле на твоето лице.
 
а нешто за ФЛЕКИ и други остатоци од мозолки??? ми го препорачаа clearskin professional но може некое мислење плус
 
а нешто за ФЛЕКИ и други остатоци од мозолки??? ми го препорачаа clearskin professional но може некое мислење плус


Крема која содржи tretinoin - киселинска форма на витаминот А. Во нашите аптеки ја има Airol со 0,05 проценти tretinoin.
Предизвикува длабок пилинг на кожата, отстранува маснотии и е погодна за овој период од годината кога не е топло, бидејќи во контакт со сонце може да предизвика дополнителни флеки. Кремата има жолтеникава боја, и е препорачливо да се нанесува навечер во тенок слој.

Третманот со овошни киселини (70 проценти) исто така помага за губење на флеките, а можеш да го користиш и во форма на крем. Сатва на алкалоид имаат таков со овошни киселини, глицерин и масло од авокадо кои помагаат за создавање на нови клетки.
Или пак 50 постотна трихлороцентна киселина (далеку поефикасна од претходната) која е препорачлива за проблеми со акни и флеки.

Можеш да купиш и обезмастувач т.е пена за лице (Нео Страта или на Афродита со подостапна цена), кои ќе ги користиш во комбинација со кремата и некој антибиотик за подобри резултати.
 
А ја има ли пробано некој козметиката од ЛЕА?


Не само од колекцијата Леа, генерално сум задоволна од производите на Фитофарм.
Инаку во зависност од тоа дали си во пубертет, или се работи за хормонски дисбаланс, проблеми со полицистични јајници и слично, оттука ќе знаеш како да ги третираш истите.
Во почетната фаза акните секогаш се третираат со антибиотик. Значи тоа може да биде Клиндамицин или Хлорамфеникол.
Гелот Леа содржи клиндамицин и најчесто успешно ги третира акните. Меѓутоа нема да можеш постојано да го користиш бидејќи кожата се презаситува и понатаму не би ти било делотворно.
Истовремено ќе користиш обезмастувач, за да ги отстрани маснотиите, особено на т-зоната. Нео Страта е квалитетна медицинска козметика, и секогаш ќе внимаваш пената да не ја оставиш подолго време (мислејќи дека е поделотворно) одошто пишува на амбалажата. Значи го миеш лицето, ставаш пена да отстои отприлика 2-3 минути и го одмиваш. Практикувај и редовно користење на маска- пилинг, производите на Гарние се на база на салицилна киселина, па пилингот 3 во 1 можеш да го користиш 2 пати неделно. Исто така можеш да користиш и медицински сапуни на база на сулфур, Докторс имаат такви.
Ќе внимаваш и на исхраната да не консумираш производи кои дополнително ќе ти ја влошат состојбата на кожата.
Аирол кремата го лупи површинскиот слој на кожата. Значи без разлика дали ќе се решиш да го правиш тоа на дерматолог, на пример хемиски, тца пилинг или во форма на крема, многу е важно да се прави редовен пилинг на лицето.
Исто така можеш да си го купиш гелот на Авен - Cleanance, кој отстранува нечистотии и вишок на себум.
Dermopurifyer на Еуцерин е ефикасна медицинска козметика за проблематична, акнеична кожа.
Бета каротенот е моќен антиоксиданс кој исто така има бенефит за кожата и е добар при третирање на акни.
 
Еве веќе 4та недела како пијам таблети Сумамед ( азитромицин) т.е сум на половина оод третманот ( 9 недели) но не гледам некој резултат на лицето, има некој искуство со овој антибиотик? и дали постои некоја специјална диета кога трае терапијата
позз
 
Дали некој од тука внесувал орално антибиотик Клиндамицин, и колку треба да се испие, колку ампули дневно ? И дали има ефекти ?
 
Еве веќе 4та недела како пијам таблети Сумамед ( азитромицин) т.е сум на половина оод третманот ( 9 недели) но не гледам некој резултат на лицето, има некој искуство со овој антибиотик? и дали постои некоја специјална диета кога трае терапијата
позз
Зошто го пиеш Сумамедот? :confused:
Јас имам чуено дека тој лек се користи за долекување на бронхитис, бронхопневмонија.... :)
 
Пубертетлии, а да пробате вие со ова:
getImageThumbnail.axd


220 денари отприлика е, во Зегин.
 
Само одминувањето на годините помага и ништо друго...сето останато е скоро незабележлива промена и повеќе делува психички одколку физички :D
 
ќе ми даде ли некој совет за овие акни имам 16 год и имам премногу акни на грбот и на лицето,сум бил и на доктор ми даде некој масти ама ништо не помогнаа,а вака ако не ги излечам со време, може да ми се напраат дупки по лицето
 
ќе ми даде ли некој совет за овие акни имам 16 год и имам премногу акни на грбот и на лицето,сум бил и на доктор ми даде некој масти ама ништо не помогнаа,а вака ако не ги излечам со време, може да ми се напраат дупки по лицето


Прочитај го мислењето на babsyy погоре, и почни да пиеш многу вода, пиј барем 2 шишиња, и избегнувај млеко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom