Пред се добредојде назад во светот на акваристиката .

првен голема критика до петшопот што ти продал караси за во 30л аквариум.
Второ стакларите не се стаклари туку Коридораси и се чистачи за песок а не анциструси кои чистат и стакло.
Проблемот што се доле е од стрес, предпоставувам водата диркет од чешма ја стави без да одстои мин 5ч за да излезе хлорот, потоа во аквариумот нема никакви полезни бактерии кои ги штитат рибите од разни болести , а тоа се добива со циклирање на аквариумот мин 30 дена.
Украси не би ти препорачал, без разлика што велат во петшоп дека се нетоксични и неотровни за рибите сепак ја мењаат вредноста на водата и со тек на време пуштаат боја. истото се однесува и за шарените камчиња, најдобро за песок е да ставиш кварцен.
Најдобро е да ги вратиш рибите кои ги имаш, да го исциклираш аквариумот барем 1 месец, па да го активираш пополека со додавање на 1 до 2 риби ( анциструс бидејќи се најиздржливи). Доколку не ја знаеш процедурате за циклирање пиши ми ПМ ќе ти објаснам подетално.
а и втор проблем е што карасот бара аквариум мин 100л големина за да живее нормално, но сепак знаат да се навикнат на помала литража но им се скратува животниот век. Исто така бараат поладна вода за разлика од коридорасот, најдобро пред да се одлучиш за некоја риба да прочиташ на интернет кои услови ги бара ( литража на аквариум, температура, вредност на вода) потоа кои риби можат да живеат со нив и која е нивната исхрана.
Исто така да напоменам дека карасот сака поладна вода за разлика од другите риби.
За треви, доколку решиш да останеш со карасите , ретко која трева ќе преживее бидејќи ги јадат.
Моја препорака за почетнички риби се Гупи, Моли , Ксифо , Платици т.е сите живородки.
Друго што да ти пишам незнам..